мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 18.884
- Поени од реакции
- 23.283
така ми се видеако си ТИ Дедо Мраз или некојси волшебник- ПЕКИ- ќе ти ги набројам желбите, ама вака......
и каде пишува неколку дена???- неколкунеделна обука пишува
било како било, муабетот ми беше дека војската не е само да научиш да пукаш. ајде ке научиш и после што ??
ке изиграваш осамен ратник, рамбо, командос.
ако одиме само строго војнички пукањето е најосновната работа и наглупата што може да се научи. и човек со ниска интелигенција ке научи да ја стави рамката и да го порамни нишанот, да го повлечи орозот и да испука еден рафал.
покрај тоа таму се учи дисциплина, сепак е војска а не ловџиска група, се учи војување во формација, тактика, следење синџир на команда и уште еден куп работи.
ако војникот не е обучен да се понаша вака, тогаш има недисциплина , самоволие, дезертирање, паника а сето тоа води кон губење на човечки животи како цивилни така и воени. тогаш таа не е војска туку неорганизирана толпа која има оружје и не е под ничија команда.
ове дена имаше незнам баш на која тв дали на дискавери или на некоја слична како ги обучуваат американските војници пред да ги пратат на терен во авганистат и ирак. и да видиш чудо едно колку грешки правеа професионалните војници и како симулирано гинеа од најобична мина или заседа. нормално непријателот беа инструктори кои се каде каде поискусни и веќе го имаа тоа поминато. како од онака глупа ситуација ке го средеа цел вод со обична мина и неколку добро поставени заседи. а овие со најмодерно оружје и опрема. како муви гинеја отпрвин.