bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 814
Како прво, тие што се пуштени не се ослободени, туку добија право да се бранат од слобода, што значи под сомнение се, ќе има судење, но додека трае судењето и се` до судската пресуда ќе бидат на слобода, зошто осомничени се за полесни кривични дела и истражниот судија и обивинителството мислеле дека нема опасност да го повторат делото или да ја напуштат државата (веројатно се работи за постари луѓе и жени). МВР никого не ослободило.До сите останатите!
Јас досега не видов , ниту чув, ниту некаде прочитав дека НЕКОЈ муслиман го оправдува грозоморното убиство кај железарското езеро, сите јасно кажаа дека се спремни самите да им пресудат на убијците. Револтот е изразен против МВР и владата воопшто кои аџамиски се расплинаа со изјавите дека ја завршиле работата со убијците кога уапсија 20 муслимани и по кратка постапка ги прогласија за радикални исламисти без да се дочека истражните органи и судот да си ја завршат својата работа, при тоа обележувајќи ги со име и презиме повеќето од уапсените кои после 48 часа беа пуштени како потполно невини.
И дадовте доста "убави" квалификации и епитети за нас муслиманите. Нејсе, тоа бил и ќе остане вашиот препознатлив стил.
Но јас ќе ви кажам дека животот продолжува СО НАС во оваа земја, и незнам колку и да не ви се допаѓаме ние сме реалност која опстојувала и ќе опстојува на овие простори засекогаш.
Како второ, мислам дека апсолутно никој овдека не е против муслиманите, туку револтот иде против радикалните исламисти и радикалниот ислам, за кое радикално реализирање со тероризам во демократските општества се добива доживотна казна затвор или пак смртна казна во САД.
И Османлиите мислеа дека ќе опстојат во Македонија засекогаш, ама не опстоија.
Едно сериозно прашање до тебе и сите муслимани на овој формум: зошто вербално протестите се за декларативната невиност на осомничените за масакрот од Смиковци, меѓутоа ниту една парола немаше за осомничените, а сите пароли беа радикално-исламистички, со извикување “смрт за каурите“ и марширање со знамето на албанија и знамиња на џихадот?!