bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
До сите останатите!
Јас досега не видов , ниту чув, ниту некаде прочитав дека НЕКОЈ муслиман го оправдува грозоморното убиство кај железарското езеро, сите јасно кажаа дека се спремни самите да им пресудат на убијците. Револтот е изразен против МВР и владата воопшто кои аџамиски се расплинаа со изјавите дека ја завршиле работата со убијците кога уапсија 20 муслимани и по кратка постапка ги прогласија за радикални исламисти без да се дочека истражните органи и судот да си ја завршат својата работа, при тоа обележувајќи ги со име и презиме повеќето од уапсените кои после 48 часа беа пуштени како потполно невини.
И дадовте доста "убави" квалификации и епитети за нас муслиманите. Нејсе, тоа бил и ќе остане вашиот препознатлив стил.
Но јас ќе ви кажам дека животот продолжува СО НАС во оваа земја, и незнам колку и да не ви се допаѓаме ние сме реалност која опстојувала и ќе опстојува на овие простори засекогаш.
Како прво, тие што се пуштени не се ослободени, туку добија право да се бранат од слобода, што значи под сомнение се, ќе има судење, но додека трае судењето и се` до судската пресуда ќе бидат на слобода, зошто осомничени се за полесни кривични дела и истражниот судија и обивинителството мислеле дека нема опасност да го повторат делото или да ја напуштат државата (веројатно се работи за постари луѓе и жени). МВР никого не ослободило.
Како второ, мислам дека апсолутно никој овдека не е против муслиманите, туку револтот иде против радикалните исламисти и радикалниот ислам, за кое радикално реализирање со тероризам во демократските општества се добива доживотна казна затвор или пак смртна казна во САД.
И Османлиите мислеа дека ќе опстојат во Македонија засекогаш, ама не опстоија.
Едно сериозно прашање до тебе и сите муслимани на овој формум: зошто вербално протестите се за декларативната невиност на осомничените за масакрот од Смиковци, меѓутоа ниту една парола немаше за осомничените, а сите пароли беа радикално-исламистички, со извикување “смрт за каурите“ и марширање со знамето на албанија и знамиња на џихадот?!