Matlab

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.640
Поени од реакции
27.598
Дали знаете има ли вопшто некоја фирма тука у Македонија да работи со Matlab?

И какви искуства имате?
 
јас работев во МАТЛАБ , матлаб е најдобриот програм за примена на математички методи во инжењерството .Иначе имам завршено на технолошки и работев анализа на податоци , функции на расподелба , тојест фитување на функции на расподелба и можна веројатност .Сеа моментално го користам чисто за приватни бизнис потреби , бидејки е ненормално ефикасен .

Инаку МАТЛАБ има едно посебно својство за разлика од другите програмски јазици , тој не е базиран на егзекутивни програми ( иако има ЈАВА и НЕТ подршка ) , туку е гола скрипта . Неопходен е за анализа на податоци во сите видови на инжењерства и технологии .

Е сеа овака . МАТЛАБ е лабораториски програм , односно тоа ти е чист влез и излез на варијабли со можност на симулации на процеси . За него нетреба којзнае какво познавање на програмирање , но ите како треба познавање на математика . Ако добро стоиш со математика , и некое ситно познавање на било кој програмски јазик од поновиве , C# , JAVA , ке имаш моќна алатка за решавање на било кој проблем . Едноставно МАТЛАБ е наголемиот џебен калкулатор на земјинава топка .

Во секој случај доколку си инжењерски орјентиран ке ти биде од голема корист , а ако си програмерски орјентиран нема да имаш голема корист од него .
Маана му е што е базиран на матрици , почетно е правен за ИТ индустрија , но со тек на време стана инжењерски програм од најтешка категорија .
 
На машински го работиме, претежно за симулации изработување во Simulink
 
Јас имам почнато програмче Speech recognition, го завршив делот со препознавање на гласови, сега морам да го извежбам па да видиме дали ми е ефикасен. Иначе го искомпајлирав и ми е самостојно егзекутивен.

Исто така повремено работам на Computer Vision со Матлаб, поточно препознавање на претходно даден објект во слика. Меѓутоа ова ми е бајаги на почетно ниво.

Е сеа овака . МАТЛАБ е лабораториски програм , односно тоа ти е чист влез и излез на варијабли со можност на симулации на процеси . За него нетреба којзнае какво познавање на програмирање , но ите како треба познавање на математика . Ако добро стоиш со математика , и некое ситно познавање на било кој програмски јазик од поновиве , C# , JAVA , ке имаш моќна алатка за решавање на било кој проблем . Едноставно МАТЛАБ е наголемиот џебен калкулатор на земјинава топка .

Во секој случај доколку си инжењерски орјентиран ке ти биде од голема корист , а ако си програмерски орјентиран нема да имаш голема корист од него .
Маана му е што е базиран на матрици , почетно е правен за ИТ индустрија , но со тек на време стана инжењерски програм од најтешка категорија .
Мислам дека и програмирањето е на некој начин инженерство, така да мислам дека наоѓа најголема примена во областа на Вештачка интелегенција во ИТ индустријата.

Е сега ме интересира, зошто го сметаш за маана фактот што е базиран на матрици, по мене матриците баш даваат бајаги комоција на пример кога се работи за слики.

Исто така сакав да почнам да направам некој базичен програм од областа на artificial neural network, бидејќи има и бибилиотека ANN, но искрено, треба да седнам на читнам малце повеќе за ова, а ме мрзи :)

Дали познавате некоја фирма да работи со Матлаб, баш би сакал да работам со Матлаб.
--- надополнето: 13 мај 2012 во 22:20 ---
На машински го работиме, претежно за симулации изработување во Simulink
Какви симулации? Кои библиотеки ги користите?
 
Какви симулации? Кои библиотеки ги користите?
На механички системи, со SimMechanics најмногу работиме... ништо сложено, почетнички работи да речам. Последно што правевме е симулација на тричлен манипулатор.
 
Најблиската компанија е GAMAX и е од Унгарија ... http://matlab.gamax.hu/english . На времето матлаб лиценцата сакаа да ја земат на технолошки , требаше да се плати некои 50000 евра ... Инаку приватна фирма која би работела со Матлаб сеуште нема , иако на фирми како Алкалоид , Адинг , ЕСМ или слични што имаат развојни сектори им е неопходен .

Како и да е ова ти е добра шанса да формираш фирма што ке се занимава со матлаб ...
 
^ Count me in. Го користевме на електро, дипломската ми содржеше симулации во Симулинк. Топ си е МАТЛАБ (y) ама државава ни е далеку од истражувачко-научни институции, за жал...
 
Најблиската компанија е GAMAX и е од Унгарија ... http://matlab.gamax.hu/english . На времето матлаб лиценцата сакаа да ја земат на технолошки , требаше да се плати некои 50000 евра ... Инаку приватна фирма која би работела со Матлаб сеуште нема , иако на фирми како Алкалоид , Адинг , ЕСМ или слични што имаат развојни сектори им е неопходен .

Како и да е ова ти е добра шанса да формираш фирма што ке се занимава со матлаб ...
Хаха, 50000 евра за лиценца и мислиш дека ќе ми се исплатат парите во Македонија?
 
50000 евра е дневна заработка у рафинерија ОКТА ... Технолошки ги обучува нивните инжењери . ИТ сектор осим телекомуникациониве компании , не заработува ни 1 процент од тоа што тие го заработуваат . Како за пример ... Најголема компанија во Македонија веќе неколку годинин по ред е рафинеријата Окта, која во изминатата 2010 година оствари рекордно високи приходи од 31,5 милијарди денари или половина милиајрда евра, што е раст од речиси 25%. Растечките цени на нафтата на светските берзи и овозможија на Окта да ги зголеми приходите од продажба и да ја задржи лидерската позиција.
--- надополнето: 17 мај 2012 во 23:24 ---
Размисли убаво зашто у МАТЛАБ се тие симулинковите , тие анализите на спектри на фркефенции ... еве ти мала помош ... :)))) http://www.mathworks.com/company/us...n-Safer-Using-MATLAB-and-Neural-Networks.html

Горе подспомнав ... МАТЛАБ е за инжењери , помалку за програмери ... :)

http://ogpn.baumpub.com/products/8048/nag-toolbox-for-matlab
 
ОК, не зборам за тоа дека заработуваат, ама за да ми дадат мене пари треба да ги заработам нели :)

Јас искрено незнам како би го искористил Матлаб за Окта или Алкалоид. Иначе не е проблем. Ајде да разгледаме дали може нешто да се напраи :)
 
Еве како ... као сите процеси можат математички да се моделираат и оптимизираат . Еден начин е преку систем диференцијални равенки . За тоа да го направиш ти треба блок од податоци кои ке ги фитуваш и анализираш преку матлаб , а потоа ке поставиш математички модел . Иначе ако сакаш обично програмирање и штознам програмирање на епроми , и програмибилни логички кола ( ПИК) , сензори и сл имаш Ц , Ц++ и слично ... значи матлаб е направен као инжењерски програм .

Како на пример во алкалоид имаат одделеие за развој на нови лекови ( ... јас досега не сум сретнал некој што би се пофалил дека работи нешто такво со матлаб , ц++ или јава а да каже дека работи во алкалоид , такво нешто во македонија тешко пошто не се до толку напредни http://www.alkaloid.com.mk/istrazuvanje-i-razvoj.nspx ) ... али сите машини на кои работат се на ЈАВА ... знам пошто тоа ми е струка па отприлике се овие машини ... http://www.home.agilent.com/agilent/home.jspx?cc=MK&lc=eng

Иначе не се нафаќај да работиш вакво нешто без МАТЛАБ и сл ... ЈАВА е многу сувопарна по ова прашање па коа ке ја измоделираш за оваа намена ке дојдеш до МАТЛАБ

http://www.mathworks.com/biotech-pharmaceutical/

http://www.mathworks.com/company/us...iscovery-Time-with-MATLAB-and-SimBiology.html

http://www.manchester.ac.uk/postgra...rses/distancelearning/course/?code=08749&pg=2

http://www.ivl.se/webdav/files/B-rapporter/B1586B.pdf
 
Здраво на сите! За прв пат работам со матлаб и треба да напишам програма во врска со парцијални диференцијални равенки, конкретно програмата треба да црта фигура за Un со L=pi. Ве молам доколку некој може да ми помогне да ми пише :)Однапред благодарам :).
 
Да не знаеш каде можам да го најдам матлаб free ? и по можност да не е 934934 гига. пиши ми у инбокс.
 
Здраво. Потребна ми е помош за решавање на задачи во матлаб. Конкретно за следниве неколку пример. Кој може да реши нешто нека пише.
Задача 1:
а) да се состави МАТЛАБ скрипта која ќе вчита природен број а потоа ќе го определи и отпечати првиот поголем од него кој е поголем од квадратот на збирот на неговите цифри.
(во задачава не знам како се наоѓа збирот на цифри на произволен број)

б) Да се состави МАТЛАБ скрипта која ќе вчита два броеви а и б, а потоа ќе ги определи и отпечати сите природни броеви помеѓу а и б кои имаат точно три делители. Ако нема такви броеви да се отпечати соодветна порака.

Задача 2: да се напише МАТЛАБ скрипта која ќе го вчита елементите на еден вектор а потоа ќе формира и ќе отпечати нов вектор составен од елементите на внесениот вектор кои се помали од аритметичката средина на елементите на векторот со парни индекси. Ако векторот нема такви елементи да се отпечати соодветна порака.

Задача 3:
а) Да се состави МАТЛАБ скрипта која ќе ги вчита елементите на една матрица а потоа ќе формира и ќе отпечати вектор составен од елементите на матрицата со непарна сума на делители. Ако матрицата нема такви елементи да се отпечати соодветна порака.
б) Да се состави МАТЛАБ скрипта која ќе ги вчита елементите на една матрица, а потоа ќе ја определи и отпечати сумата од максиумите во непарните редици на матрицата.

Задача 4: Да се состави МАТЛАБ функција која ќе го определи аголот што со х-оската го зафаќа даден вектор. Потоа да се состави МАТЛАБ скрипта која ќе вчита координати на низа вектори во рамнината и со помош на функцијата ќе определи кој вектор (вектори) зафаќаат најголем агол со х-оската и кој е тој вектор
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom