H
-HRO
Гостин
Некои од нас имаат такви ситуации, без оглед дали машко или женско...Дали некогаш сте имале фаза кога најрадо се би фрлиле преку прозор , не би се будиле со денови, сакале да бидете сами, плачете без причина и одеднаш од што немате никаква желба за ништо влегувате од една во друга грешка?
Ако има такви пишете Како се справувате со тоа?
Сум имал денови кога сум помислувал дека сум тотално сам и дека каде и да сум се завртел немало никој кој се интересира за мене...па сум сакал и да не се разбудам...
Кога реално ги согледував тие работи, сфатив дека всушност во оваа наша држава и овој суров 21 век, секој си го гледа својот интерес, и на никој не му е гајле дали ти страдаш или имаш некоја мака.
Зборот другарство е минато. Сеуште се пронаоѓа по некој добар другар, ама тоа е веќе огромен раритет...
Штом го нема вистинското другарство, немаш кон кого да се обратиш.
Кога немаш кон кого да се обратиш, сфаќаш дека сам треба да одлучуваш за себе.
Тоа е првиот приемен испит за навлегување во вистинскиот живот.
Тоа е моментот кога човекот како индивидуа треба да застане гордо на своите нозе со крената глава и од себе да изгради моќна и одлично подготвена личност на психички план.
Па си реков, глупаку еден додека друг се весели надвор, ти киснеш и ја тормозиш и мачиш главата со глупави ствари.
Застани цврсто и биди силен, покажи му на светот дека си силна личност (Стивен Сигал стил)
Шала на страна, да бидеш сам е нормално, ама не комплетно сам.
Убаво е да се изолираш на некој период и да посветиш време на самиот/ата себе, каде што нема да контактираш со ниеден пријател, но притоа тоа време да ти биде проследено со низа занимливи и интересни работи кои ќе ти причинуваат задоволство и со кои ќе го пополниш времето...
Пешачење, трчање и рекреација, спорт, гледање филмови, читање некој интересен роман, одење на планина со семејството, пикник во природа, возење велосипед, шопинг, гласно слушање музика, разговор со пен-френд од странство итн...
Па и дечко да си фатиш нема да биде лошо. И самата викаш дека има дечковци кои те свиѓаат.
Зошто да повредуваш некој од нив? Зошто да се повредуваш и самата истовремено?
Доколку ти се допаѓа некој, дај му шанса, нека ти пружи поддршка, зближи се со него, тоа е најдобар начин да ги тргнеш црните мисли од главата.
Друго е кога некој ќе ти каже ТЕ САКАМ и ќе те фати за раката....сфаќаш дека имаш поддршка и имаш дополнителна причина за да живееш. А ако нема дечко, тука е и семејството кое секогаш стои зад тебе...
Мој совет, размисли подобро и согледај ги работите како што треба пред да донесеш било каква одлука...