Денешните протести низ објективот… (фото)
петок 11 мај, 2012 во 17:36 | Објавено во
Издвојуваме,
Македонија,
Фото & Видео од
Здраво
Тензично, но без поголеми инциденти. Завршија и денешните протести кои беа помасовни од минатите. Слични вакви протести имаше и во Куманово, Тетово, Гостивар…
Скоро десетина илјади Албанци, претежно млади луѓе, по повод апсењата во полициската акција „Монструм“ во врска со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, протестираа и денеска низ Скопје. Се фрлаа камења кон полицијата, а настрадаа и прозорците од зградата на Владата. Последните информации велат дека има полесно повредени два сниматели и еден полицаец.
Овој пат, непознатите организатори се огласија и со писмено соопштение во кое ги осудија убиствата и изразија сочуства до семејствата. Исто така во соопштението, тие велат дека протестираат против монтираните процеси и бруталните полициски акции против Албанците.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Албанците не се терористи“, „Сопот 2“, „Јас сум муслиман, а не терорист“. Се извикуваше и: „Гордана радикален Христијанин“ „Оставка“,„Убијци“, „Алах е голем“, „Никола терорист“ и „Етничка Албанија“.
Погледнете како беше на денешните протести во Скопје…