izvinete of topic ali nemozam protiv sebe
Таткото на Мартин Нешковски се бори за живот
Сабота, 12 Мај 2012 01:06
Македонија
Share 55
Таткото на убиеното момче за време на изборната прослава на ДПМНЕ, Мартин Нешковски, се бори за живот откако вчера наутро околу 10 часот испил неколку голтки солна киселина со цел да си го одземе животот, објави порталот Плусинфо.мк .
Драган Нешковски веднаш бил однесен во амбуланта од неговиот син Александар, откако тој претходно се обидувал да го одржи во живот давајќи му да пие два литри млеко.
Александар за порталот Плус инфо открива дека кога пристигнале на токсикологија, му биле направени снимки и му дале инфузија, но хируршкото отворање се случило дури во вечерните часови, кога веќе органите во телото биле изгорени.
Во моментов тој се наоѓа на апарати кои го одржуваат во живот.
- Лекарите ме прашаа дали да ги исклучат апаратите, но јас одбив, зашто срцето уште му чука, рекол Александар, братот на Мартин.