Анксиозност

Член од
24 февруари 2012
Мислења
320
Поени од реакции
225
Lekot e vo Tebe. Toa e moe mislenje-shto nikako ne znachi deka ne e potrebno da gi primash...:)
Se zavisi od tebe....
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Добро бе луѓе, после сите тие дроги и психијатри, не ви текнало дека постојат и психолози? Не сте се запрашале, која е причината за оваа анксиозност и паничен напад, чим не е од физичка природа? Пробајте терапии и сеанси кај психолог, имате разни како бихевиор-когнитивна, гешталт терапија и др. Еве ова како најдобронамерен совет од мене, пред да се затрчате кај психијатрите кои не знаат ништо друго освен со пенкалцето рецепти да препишуваат и да трујат. Вие со тие апчиња само го отупувате и заобиколувате проблемот, место да најдете зошто ви се случува тоа. Поздрав и се надевам овие проблеми набрзо ќе ги освестите :love:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
А како да се одстранат присилните мисли? Нон стоп се тука како некој близок да ти умрел ти не можеш едноставно рационално да кажеш е јеби га, јас не го убив сам си умре, него тоа е во тебе и каде и да одиш ти го гледаш и чувствуваш светот преку себе.Човекот не е само рационално туку повеќе волево или емотивно суштество и дури рациото го користи како инструмент на она што сака неговата волја да прави или како оправдување за своите страсти и опсесии.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
^Присилни мисли се една многу fucked up ствар.
Дали мислите дека земањето Хелекс(од најслабите и да ги земаш на твоја рака) може да ја оправи оваа ствар,како и непостојаното вознемирување што се чуствува во организмот?
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
^Присилни мисли се една многу fucked up ствар.
Дали мислите дека земањето Хелекс(од најслабите и да ги земаш на твоја рака) може да ја оправи оваа ствар,како и непостојаното вознемирување што се чуствува во организмот?

Хелекс на своја рака никако! Оди разговарај со стручно лице, ќе ти биде објаснето се за последиците од земање Хелекс, али никако да си го пиеш онака - по сопствена иницијатива
 
A

AnFem

Гостин
Некој што успеал да ја надмине? Позитивни искуства, anybody?
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Пример, спијам, и среде спијање се штрекнувам од сон, и земам длабоко воздух, ко пред тоа да не сум дишел 1 мин, и срцево ми лупа 200. Многу често исто чусвтувам дека ми се треси душава, дека ми трепери.
Зошто ко?
Ти всушност не си дишел 20тина секунди, во сон, појава позната како спиечка апнеа, која е почеста кај машката популација. Срцето ти лупа и мислиш ти „пораснало“ како балон, не можеш да се изнадишеш, а претходно, непосредно пред да се разбудиш сигурно си имал некој лош сон....
Може да е психосоматска реакција и да биде поврзано со стрес, анксиозност и слично.

Што се однесува до анксиозноста:
во некој коментар прочитав дека бензодиазепините имале многу лоши ефекти. А, всушност, од сите споменати лекови овде, токму бензодиазепините се со најблаги несакани ефекти. Еве, на пример, класичен претставник (и прв, ако не се лажам) е диазепамот, се применува околу 60 години, претставува дефинитивно најпрепишуваниот лек низ светот и има незначителни несакани ефекти, но мора да се зема под лекарска контрола, заради можноста од развивање на зависност и физичка толеранција. Тоа што кај нас секој втор е на диазепам е доказ дека здравствениот систем ни е failure.

Што се однесува до мене, јас би препорачал употреба на капки од валеријана, како и редовна консумација на билни чаеви (комбинации од камилица, нане, мајчина душичка и маточина). Сето тоа,комбинирано со соодвета физичкаактивност и балансирана исхрана би требало да помогне во решавање на анксиозноста.

Се разбира, за да се исполнат ефектите од ваква (фито)терапија е потребно подолго време, а понекогаш постојат ургентни случаи кога мора да се делува класично фармакотераписки. Сепак, ако веќе постои примена на класична фармакотерапија, можно е постепено менување на навиките и исфрлање на лековите, т.е. нивна замена со фитотретмани.

На крај, секој случај и секој човек е посебен и третирањето на оваа состојба би требало да биде поиндивидуализирано (што кај нас, за жал, не е, затоа потрошувачката на анксиолитици/седативи/хипнотици цвета).
 
B

Black Guard

Гостин
Настрана од кофеин и никотин и примена на чај од валеријана,тој делува смирувачки...освен ако неќете психијатриска дијагноза па после да бидете смирени благодарение на празине или диазепам-нејсе доаѓа и до тоа ако анксиозноста е акутна и се манифестира со нагли промени во однесувањето,повишување на тон,моја лична препорака ме кофеин НЕ,Никотин НЕ,витамини Б-комплекс ДА Валеријана ДА.И барем литар млеко поради фенилетиламинот(а може и млечна чоколада уште подобро..

И секако избегнување на лекови кои содржат кофеин и кодеин како кафетинот,ко0фан инстант или пак псеудоефедрин како адолор-ако имате главоболка само аналгин ил аспирин.
--- надополнето: 11 мај 2012 во 22:30 ---
^Присилни мисли се една многу fucked up ствар.
Дали мислите дека земањето Хелекс(од најслабите и да ги земаш на твоја рака) може да ја оправи оваа ствар,како и непостојаното вознемирување што се чуствува во организмот?
Хелекс не е играчка макар и тоа што земаш од 0.25 ем џи,имај предвид дека токму тие присилни мисли а некогаш и суицидални се резултат на хелексот или евентуално на користење на алкохол(исто е како да си земал наеднаш хелекс и алкохол иако сабајле си земал хелекс па навечер си се напил пиво.

Лекот влија на психофизичките способности,на концентрацијата,не смееш да возиш,да управуваш машини и сл.

П.С а какви мисли ти идат...ако сакаш пиши ПП.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Од мое искуство чајот од кантарион најмногу ми помогна, мада не смее да се пие долго време и во големи количини.
Чајот од валеријана е штетен за црниот дроб. Затоа не го пијам. Б комплекс, Б6, подалеку од витамини, кога нема потреба за нив.
Најдобар лек, многу разговор, шетање. Некогаш имам периоди кога ми доаѓа преку се преку глава, некоја параноја ме фаќа, присилни мисли, не пијам таблети мада идев на психијатар и нон-стоп ми ги препишуваше, никогаш не ги земав...
Никотинот, кофеинот се и те како штетни, ама никако да ги оставам цигариве, успевам по 2-3 дена и после повторно се враќам, никотинот ми предизвикува тахикардија така да ќе мора сакал не сакал да ги оставам, пошто бетер ми ја влошува состојбата.
 
A

AnFem

Гостин
Ок со билките и сето тоа, тоа делува смирувачки додека трае дејството на лекот. Што потоа? Како со заебаната психа?
Со помош на самоанализа, медитација и јога сум дошла до коренот на проблемот, не знам како да го искорнам, т.е. да го сменам начинот на кој ги гледам и доживувам работите.
 
B

Black Guard

Гостин
т. Што потоа? Како со заебаната психа?
.
Скраја да е ама ако е така рисперидон,сизап ладиомил,занфекса,празине ќе стапат на свена како би ја повратиле хемијата,мој комшија се лечеше две години па почна од халдол,па му даваа после и мендилекс,преминаа на прозак и детето стана хиперактивно па на крајот ја погодија со занфекса ХР и сега е ОК инаку имаше акутна невроза.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Ок со билките и сето тоа, тоа делува смирувачки додека трае дејството на лекот. Што потоа? Како со заебаната психа?
Со помош на самоанализа, медитација и јога сум дошла до коренот на проблемот, не знам како да го искорнам, т.е. да го сменам начинот на кој ги гледам работите.
Мене медитација не ми помага, не можам да задржам една мисла во глава и тоа страшно ме иритира...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom