Ниско е тоа пријателе, многу ниско, за да се ставиш во служба против сопствениот народ и држава.
Затоа и ги имаме сите проблеми, оти прво не можеме ние самите да се најдеме на иста фреквенција по клучните прашања.
Ако го сториме тоа, многу побрзо ќе ги решиме сите прашања, во наша корист.
Имам некоја си особина да пробувам да се ставам во главата на другиот. Не дека ќе го оправдам за неговите постапки, меѓутоа пробувам да му ја разберам појдовната позиција. За тебе е ниско, и за мене е. За неа не е. Се тоа ти е состојба на умот. За неа државата и народот се свети колку што се свети за мене и за тебе супермаркетите во кои купуваме. Односно кај ќе ги начекаме поефтино ресаните од таму ќе земеме. Сопствениот народ и сопствената држава, за неа може и не се сопствени. Кај космополитанците е на пример така, кај некои кои за пари ќе се прекрстат во Ѓубре е исто така. Не е проблемот Најчевска. Знам дека ова што ќе го кажам ќе звучи крајно парадоксално меѓутоа државава има потреба и од такви. Фаци како Најчевска, Секуловска и останат управен одбор од комшилук на стоковна куќа Мост се тест за овој народ и оваа држава, а еден цврст народ не треба да се плаши од тестови. Плус они се имаат така да речам демаскирано. Знаеме кој се, знаеме што пишуваат и кои им се ставовите и тоа транспарентно. Они нудат некоја си алтенатива и свое гледиште на работите-Еве ова сме ние, тоа и тоа нудиме и предлагаме. Ако голем дел им ја прифатат понудата можеби и стварно не заслужуваме држава. Меѓутоа ефектот им беше контрапродуктивен. Тестот е положен (се надевам), а Најчевска и останатите багабонти го имаа позитивниот ефект врз народот нешто како што го имаа на пример бугарите на форумов. Нашиве се караат на релација ВМРО-СДСМ, дарвинисти-атеисти-ошољубовници, Скопје 2014 да-не, ама се колективни во своето несакање и шиканирање на бугарите. Затоа и не баш на шега ќе кажам дека ретко кој друг допринесол за обединување на форумџиите како бугарите
. Истото е и кај Најчевска и компанија. Наместо раздор, на себе го имаат навлечено колективниот гнев. Е сега ако сме уште еден степен попаметни, треба воопшто да не ги спомнуваме, и да ги бојкотираме каде год и да пишуваат, пошто слично како и Боки 13 и они вадат пари од лошиот публицитет. Џабе е ако ги сретнеш на улица и ги плукнеш или истепаш. Удри ги кај што најмногу боли каде што им е најсвето-по џебот. Не купувај весници кај што пишуваат колумни или барем не во тој ден кога они имаат колумна, не им ги гледај нивните емисии на телевизија, не им ги кликај нивните веб страни. Па да видиш во какви гомна ќе се најдат, кога рекаламирачите ќе си ги повлечат рекламите и банерите, кога спонзорите нема да сакаат да учествуваат во упропастени и лузерски медиумски проекти. Не, дефинитивно не е проблемот Најчевска. Еден друг испит никако уште да го положиме. А тоа е справување со оние што на Хуго Бос оделото имаат закачено беџ со сонцето на вергина, во АМГ Мерцедсите имаат мириси за кола со лавот, собирите ги почнуваат станати со рака на срце и интонација на химната, оние кои викаат дека во нивно време било најстабилно и најбезбедно во државата а интересното е што си имаат во секој град по една агенција за обезбедување. Обично со име на животно.