Donald Sikert
Jane Vitington
- Член од
- 28 ноември 2008
- Мислења
- 8.283
- Поени од реакции
- 5.614
Ниско е тоа пријателе, многу ниско, за да се ставиш во служба против сопствениот народ и држава.
Затоа и ги имаме сите проблеми, оти прво не можеме ние самите да се најдеме на иста фреквенција по клучните прашања.
Ако го сториме тоа, многу побрзо ќе ги решиме сите прашања, во наша корист.
. Истото е и кај Најчевска и компанија. Наместо раздор, на себе го имаат навлечено колективниот гнев. Е сега ако сме уште еден степен попаметни, треба воопшто да не ги спомнуваме, и да ги бојкотираме каде год и да пишуваат, пошто слично како и Боки 13 и они вадат пари од лошиот публицитет. Џабе е ако ги сретнеш на улица и ги плукнеш или истепаш. Удри ги кај што најмногу боли каде што им е најсвето-по џебот. Не купувај весници кај што пишуваат колумни или барем не во тој ден кога они имаат колумна, не им ги гледај нивните емисии на телевизија, не им ги кликај нивните веб страни. Па да видиш во какви гомна ќе се најдат, кога рекаламирачите ќе си ги повлечат рекламите и банерите, кога спонзорите нема да сакаат да учествуваат во упропастени и лузерски медиумски проекти. Не, дефинитивно не е проблемот Најчевска. Еден друг испит никако уште да го положиме. А тоа е справување со оние што на Хуго Бос оделото имаат закачено беџ со сонцето на вергина, во АМГ Мерцедсите имаат мириси за кола со лавот, собирите ги почнуваат станати со рака на срце и интонација на химната, оние кои викаат дека во нивно време било најстабилно и најбезбедно во државата а интересното е што си имаат во секој град по една агенција за обезбедување. Обично со име на животно.

