Champions league final 2012, Баерн Минхен - Челзи, 19.05.2012, Arena Munchen

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување

Победник?

  • Баерн во регуларно време

    Гласови: 99 46,9%
  • Челзи во регуларно време

    Гласови: 65 30,8%
  • Баерн по продолженија

    Гласови: 12 5,7%
  • Челзи по продолженија

    Гласови: 10 4,7%
  • Баерн на пенали

    Гласови: 6 2,8%
  • Челзи на пенали

    Гласови: 19 9,0%

  • Вкупно гласачи
    211
  • Гласањето е завршено на .
можни состави на 10 дена пред финалето...немој да ме јебеш

Пеер кај нас нема филозофија, има само една место за дискусија: Лам лево и Рафиња десно или Лам си останува десно и Контенто лево. Остатокот од тимот сам од себе се поставува...
 
можни состави на 10 дена пред финалето...немој да ме јебеш
Што ти мења? Се знаат составите, само 1-2 позиции се неизвесни
Еве од мене еден (се надевам РДМ нема да ги убаци милениците Калу и Малуда... За Калу ај и така и така, ама Малуда нејќум воопшто да го видам)

Cech​
Bosingwa - Cahill - Luiz - Cole​
Mikel - Lampard​
Sturridge - Mata - Kalou​
Drogba​
 
Што ти мења? Се знаат составите, само 1-2 позиции се неизвесни
Еве од мене еден (се надевам РДМ нема да ги убаци милениците Калу и Малуда... За Калу ај и така и така, ама Малуда нејќум воопшто да го видам)

Cech​
Bosingwa - Cahill - Luiz - Cole​
Mikel - Meireles
Sturridge - Lampard - Mata/Kalou​
Drogba​
Меирелес е суспендиран место него Есиен мислам дека ќе игра.
 
Меирелес е суспендиран место него Есиен мислам дека ќе игра.
Поправено (y)
Калу вака испаѓа дека мора да игра... Ама се ми влече дека Малуда ќе стартува место него :cautious:
 
Десната страна, највеќе Робен по некоја логика треба да ви биде затворена до максимум што и скоро сигурно ќе се случи. Тоа значи, главните напади по една страна ќе идат (на Челси десна, Баерн лева), а од другава топка не припарува според мене :)
 
Стварно :eek: . Што зборуваш бре ? :eek: . Не сум знаел . Принципот беше едноставен и во 2010 година кога Интер го претепа Баерн на Бернабеу . Така да тимот што немаше титула во ЛШ стигна до првата .

Нормално Баерн е фаворитот а Челзи како и претходните утакмици против Наполи , Бенфика и шлагот Барселона е отпишан. Се знае тоа нивни терен , нивна публика има да се слуша дури до Македонија :) .

Реално гледано на Баерн ќе му биде потешко да најде соодветна замена за суспендираните (не дека ќе ја смени играта на германците што ја играат 90+ без прекин и секој треба да им се поклоне за тоа) а додека пак Челзи го има тоа може да најде до некаде соодветна замена за суспендираните. Штета голема е што Иванович не игра но тоа е тоа.

Баерн има спремен и јак тим оваа сезона , а во Челзи има стари волци што ја паметат 2008 , а веќе се осветија за 2009.Така да оваа 2012 год ќе донесе изненадување. Шансата Челзи ја има па ќе видеме дали ќе ја искористе :) . Па посебно сега Торес распали да не ги реши со хет трик :D ( шала ) .

Како и да е KTBFFH , ќе биде ептен жешко на Арената :)

Интер има 3 ЛШ титули за твоја инфо..
 
Ок бе веќе одамна се разбравме ајде сега уживај и гледај како Баерн губе на 19 мај :D

Па да ти кажам право типувам финалето да биде Х, знам дека Баерн е појјак и игра на домашен терен, но топката се врти, се може да се случи..
--- надополнето: 9 мај 2012 во 19:48 ---
Леле леле какво чувство ме обзема дека Торес ќе ја реши, леле мори мајко ...
 
Па да ти кажам право типувам финалето да биде Х, знам дека Баерн е појјак и игра на домашен терен, но топката се врти, се може да се случи..
--- надополнето: 9 мај 2012 во 19:48 ---
Леле леле какво чувство ме обзема дека Торес ќе ја реши, леле мори мајко ...
Што му фали на Дрогба (или во краен случај Гомез) море? o_O
 
Што му фали на Дрогба (или во краен случај Гомез) море? o_O

Ништо не им фали, али јас сакам Торес да го реши, пошто сите го ругаа дека немаше дадено гол "сто години" и сега онака ко од шала да шибне голче и да ја реши...
 
^ Нив ништо не им фали но изгледа Торес ги доби симпатиите на сите со тоа што постигна гол во ЛШ и тоа на таков важен натпревар против Барселона :D . Сеуште се чудам како одлета топката до него :D
 
хаха ооооо боже каков хејтер на Челзи овој коментаторов.
Па кој ќе го слуша ако Челзи освои ЛШ.....
 
Интересено.
554266_10150794827353848_532788847_9605203_183037110_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom