Не сум во тек со утрешниот протест , претпоставувам :
Се протестира да се покаже сложност и да се даде порака дека сеуште не веруваат во институциите на оваа држава , односно дека не е сменета навиката од минатото , да се казнат граѓаните со монтирани процеси.
Се протестира заради начинот на кој беше изведена акцијата , при што насилно , со кршење на домовите и со уплашување на семејствата , беа уапсени жени и стари лица ... кои потоа беа ослободени (две од жените тотално невини).
Дали би се сложил ти, да ти влезат дома 50 специалци , лом да ти ја направат куќата , бремената жена да ја тероризираат ... а после 2 дена да ти речат , пардон , не си ни бил потребен.
Во меѓувреме да те прикажат пред 2 милиона народ , како радикален христијанин кој убил 5 млади момци , да те влечат како партал.
Јас заради ова би протестирал , ако искочам утре.
Треба да се почитува угледот на човекот , да не се осудува однапред.
Има и многу работи што би ги набројал.
Ме иритираше и една работа : Специјалците во домот на еден од уапсените од неговата мајка барале кафе да им направи , додека нејзиниот син бил привиден , а еден од полицајците легнал да спие.
Во ред ли ти изгледа ова ?