не ни треба ни диара ни ван нистелрој само негредо може
24-07-2009 Судот реши: Џерард нема да биде обвинет за тепачка! Ѕвездата на Ливерпул и Англија, Стивен Џерард денес од судот беше прогласен како невиновен по обвинувањата за тепачка

Стивен Џерард заедно со уште шест лица беа овинети за напад врз бизнисменот Маркус МекГи во ноќен бар во Саутпорт во инцидент кој се случи минатата година во декември.
Тепачката настанала откако МекГи одбил да ја исполни желбата на Џерард за која песна треба да биде пуштена, а МекГи заработи четири конци на главата, помодрено око и остана без еден заб.
Останатите обвинети го прифатија обвинението за тепачка но Стивен Џерард го отфрли и потоа сам се појави пред судот во Ливерпул.
Од снимкето од безбедносните камери може да се забележи како најпрво еден од другарите на Џерарад го удира Маркус МекГи со лакт а потоа и самиот Џерард три пати го удира МекГи.
Џерард призна дека го удрил МекГи но рече дека тоа било во самоодбрана! Поротата го прифати тоа и го прогласи капитенот на Ливерпул за невин по обвинувањата за тепачка.
Поротата денес по едночасовниот состанок одлучи да ги отфрли обвинувањата кон капитенот на Ливерпул.
29 годишнио Џерард е единствениот осолободен од обвинение од седумте лица кои се појавија пред судот во Ливерпул.
Ваквата пресуда сигурно ќе предизвика многу полемики во Англија и за тоа дали законите се исти за секого.
алонсо одбил да потпише нов договор а дали некој знае шо стана со договорот на маскерано