Законот на Телема

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Кога некоја поента е доловена на толку добар начин, зошто да измислувам "топла вода"?
Ипси,
Со цитати се користат оние кој ги фиксирале поентите од нечии туги мисли.
А со тоа птицата не лета,во кафез е ставена слушајќи песни од други птици.
Истата поента можеби ќе ја испееш на свој и единствен начин,но за жал ти користиш штит пред твојата немоќ да испееш-кажеш нешто,па најлесно е со "топла вода" да се браниш.:(
Така е кога стоиш од страната на слушателот,на крајот следат овации и аплауз.
Затоа и прашав да пробаш да погледнеш од другата страна,ама очигледно за тебе не постои друга страна освен кафез наречен телема.
Оваа тема не е писмена по македонски јазик или "Прашања до Ипси".
Да,да во ред,разбравме!
Темата е телема-кафезот каде птиците не пеат и не летаат.:(
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ипси,
Со цитати се користат оние кој ги фиксирале поентите од нечии туги мисли.
А со тоа птицата не лета,во кафез е ставена слушајќи песни од други птици.
Истата поента можеби ќе ја испееш на свој и единствен начин,но за жал ти користиш штит пред твојата немоќ да испееш-кажеш нешто,па најлесно е со "топла вода" да се браниш.:(
Така е кога стоиш од страната на слушателот,на крајот следат овации и аплауз.
Затоа и прашав да пробаш да погледнеш од другата страна,ама очигледно за тебе не постои друга страна освен кафез наречен телема.

Да,да во ред,разбравме!
Темата е телема-кафезот каде птиците не пеат и не летаат.:(
Епа тоа е alf, за жал не сме сите толку оргинални како тебе.
Јас мислев дека тебе ти беше битна суштината, а не со чии зборови е искажана, но очигледно дека небило така.
Дали ќе беше нешто поинаку, ако тие зборови беа мој а не на некој друг? Битно ли е кој ги кажал зборовите, ако тие зборови го одсликуваат тоа што сакам да го кажам?
Според тебе испадна дека јас го користам првиот цитат на кој ќе налетам, без разлика дали се совпаѓа или не со моите погледи и сваќања.
Во кафез е оној што поради "корицата" не ја отвара "книгата" затоа што му смета "насловот".
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Епа тоа е alf, за жал не сме сите толку оргинални како тебе.
Остај го тој alf кој знае од која планета доѓа -марсовец, како дошол така ќе си оди.

Јас мислев дека тебе ти беше битна суштината, а не со чии зборови е искажана, но очигледно дека небило така.
Дали ќе беше нешто поинаку, ако тие зборови беа мој а не на некој друг?
Ќе беше многу поинаку,но за жал не е.
Уште потрагично е што не ни проба да запееш.:(

Во кафез е оној што поради "корицата" не ја отвара "книгата" затоа што му света "насловот".
Еве јас ќе отворам книга ти што ќе ми ја препорачаш-иако ќе ми биде деџаву,а ти престани да читаш и почни со твој зборови да одговараш на поставено прашање.
Ќе се доближиме и на пола пат ќе се стренеме,фер нели.:)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Што бладате бре и траскате зелени на темава?
Алооооо :)

Ипсисимус, аман бре... шо направи... :) Слушам мудруваш со алф... :eek:
--- надополнето: 27 април 2012 во 19:02 ---
Темата е телема-кафезот каде птиците не пеат и не летаат.:(
Телемата е бомбона... оди таму христијаните имаат хорови по црквите и пеј заедно со тие црни птици, не барај ние да ти пееме. Пеј си сам. :)

Што бладате по темава како некои не знам... бог да чува... :) Алооо богови, де соберете си ја вересијата сте заборавиле некој па не замара нас телемитите.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Што бладате бре и траскате зелени на темава?
Алооооо :)

Ипсисимус, аман бре... шо направи... :) Слушам мудруваш со алф... :eek:
--- надополнето: 27 април 2012 во 19:02 ---
Пушти нека ги рашири крилата,да збори со свој мисли.

Телемата е бомбона... оди таму христијаните имаат хорови по црквите и пеј заедно со тие црни птици, не барај ние да ти пееме. Пеј си сам. :)
Бомбоната ви застана во грло, не знате да гугнете без нејзе.:(

Што бладате по темава како некои не знам... бог да чува... :) Алооо богови, де соберете си ја вересијата сте заборавиле некој па не замара нас телемитите.
Кого повикуваш ?:facepalm:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Еве јас ќе отворам книга ти што ќе ми ја препорачаш-иако ќе ми биде деџаву,а ти престани да читаш и почни со твој зборови да одговараш на поставено прашање.
Ќе се доближиме и на пола пат ќе се стренеме,фер нели.:)
alf, ти најдобро да се чекаш и сретнуваш со спирос, тоа би било најфер, штом се ти е дежаву.
Со неговата премудрост на совршениот ислам во христос, и твојата метафорична оргиналност на која не и требаат цитати, крајот нема да ви се види. Цела вечност и сите патишта ќе ви стојат на располагање да се сретнете некаде на пола пат.
Од мене толку, не се труди повеќе да ме вадиш од "кафезот", ок?:)
Што бладате бре и траскате зелени на темава?
Алооооо :)

Ипсисимус, аман бре... шо направи... :) Слушам мудруваш со алф... :eek:
Од неговата "страна" гледано можеби е мудрување, од мојата е само обична тврдоглавост.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Од мене толку, не се труди повеќе да ме вадиш од "кафезот", ок?:).
Аааа мисли му ја... има да те спаси па што сака нека е :) Нема бегање од спасот... Буахахааааа :)
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Да продолжиме со темата!

Секое дете мора да ја развие својата сопствена Индивидуалност и Волја и да ги отфрли туѓите идеали.
Секое дете треба да се запознае со сите можни проблеми и да се остави само да си ги регистрира сопствените реакции; тоа треба да се соочи со сите непредвидливи ситуации се додека не ги совлада успешно истите.
Не треба да се влијае на неговиот ум, туку треба само да му се понудат сите услови на одгледување. Неговите вродени квалитети ќе го оспособат да одбере погодна храна за неговиот темперамент.“
Оставете ги да мислат и да делуваат за себе; оставете го нивниот вроден интегритет да се иницира самиот себе!
Наведете ги да ги истражуваат сите животни мистерии, да ги надминат сите опасности.
Лажноста и стравот се нивни единствени непријатели.
Нека присуствуваат на раѓањето, бракот, смртта; нека слушаат поезија, филозофија, историја; принудете ги на разбирање, но не и негово дефинирано изразување.
Наведете ги да се соочат со гребени, големи бранови, животни, и така сами да ја пронајдат сопствената формула на освојувањето.
Доверете им ја вистината неуморно, внимавајќи само да го направите нејзиниот опсег серазбирлив; доверете им ја за да ја употребат.
;)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Денешното сонце на врвот на планината ме потсети на Liber Resh vel Helios svb figura CC (Поздрави на Сонцето) и за големиот Бог.
Оваа пракса се изведува 4 пати дневно, за време на четирите сонце-стои во денот, исток(наутро), југ(пладне), запад(зајдисонце) и конечно север(полноќ).

Земени се имињата на египетски божества чии атрибуции најмногу одговараат со атрибуциите на Сонцето поминувајќи низ овие „станици“.
Тие се: Ра (Асар, Ра) за исток, Ахатор (Тум-Еш-Неит) за југ, Тум (Шу) за запад и КефРа за север.
Некои ги врзуваат со четирите елементи кои макроскопски се (воздух, оган, вода и земја) одејќи во насока на часовникот.
Во различни пракси овие елементи не одат по овој редослед. Зависи од атрибуциите и целта на праксата.

Повелете линк до Liber CC vel Helios!

И да, имајте пракса 31 ден последователно.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Онтологија: Ништо & Два

Онтологијата е проучување на постоењето, егзистенцијата или реалноста. Онтологијата на Телемата е одредена едноставно како: “Ништо & Два”. Светот е разбран како “Ништо” или “Нула”, нешто кое е преку било кое објаснување или граница. Во Liber AL vel Legis I:27, е напишано: “Тогаш свештеникот одговори и и кажа на Кралицата на Вселената, бакнувајќи ги нејзините убави веѓи, а росата од нејзината светлина го капеше целото негово тело во слаткомирислив парфем од пот: О Нуит, постојаност Небесна, нека засекогаш биде така; луѓето нека не зборуваат за Тебе како за Една туку како за Ниедна; и нека не зборуваат за тебе воопшто, затоа што ти си постојаност!”. Многумина мистици ја имаат наречено “Целина” но дури и овде, некој можат да забележат, имплицира на “Не -Едно”. Кроули пишува во “De Lege Libellum”, Сите Нешта во суштина се единствено Едно Нешто, чие име било нарекувано “Не – Нешто” (No Thing). Од ова доаѓа неминовноста од објаснување на појавата на дуалноста. Наместо “Падот на Човекот” или заробување на душата во материја, Телемата ја објаснува појавата на дуалноста на следниов начин: “Ниедна…..и Два. Зашто јас сум раздвоена поради љубовта, за можност на соединување. Тоа е создавање на светот, така што болката на раздвоеноста е како ништо, а радоста на растопувањето се.” (Liber AL I:28-30). На овој начин, мноштвото или раздвоеноста е во таква позиција да стане едно и да се обедини. Понатамошно објаснување е дадено во “Книга на Лагите” поглавје 3, каде е напишано, “Мноштвото е обожавано од Целината, како што Целината е обожавана од Мноштвото. Ова е Љубовта на Оние; креацијата – раѓањето е Блаженство за Целината; прокреацијата – растопувањето е Блаженство за Мноштвото”. Од се Ова испреплетување на Овие, е Блаженство.

Извор
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018

Во целина текстот е еден доста успешно насочен контекст на единство, колку што разбирам, ако не поправи ме, на создаденото и создателот од кое произлегува бескрајно задоволство=блаженство.
За болдот: во православието да напоменам дека нема проблем на дуализам. Ако можеш објасни го телемитскиот мотив да го објаснува овој проблем.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
За болдот: во православието да напоменам дека нема проблем на дуализам. Ако можеш објасни го телемитскиот мотив да го објаснува овој проблем.
Дуализмот е НАЈГОЛЕМИОТ проблем во рисјанството, односно непризнавањето на истото...

Тоа на Гностиците, Богумилите и Катарите им било совршено јасно, затоа ги истребивте...

;)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Во целина текстот е еден доста успешно насочен контекст на единство, колку што разбирам, ако не поправи ме, на создаденото и создателот од кое произлегува бескрајно задоволство=блаженство.
За болдот: во православието да напоменам дека нема проблем на дуализам. Ако можеш објасни го телемитскиот мотив да го објаснува овој проблем.
За телемитите мислам дека не е проблем сето ова и е објаснето преку Книгата на Законот и нејзините коментари.
А за православието и „овој проблем“, ете Ставрогин спомена гностици итн итн...
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Дуализмот е НАЈГОЛЕМИОТ проблем во рисјанството, односно непризнавањето на истото...

Тоа на Гностиците, Богумилите и Катарите им било совршено јасно, затоа ги истребивте...

;)
Ај сеа колку се разбираме во муабетов:D , во правослваното учење нема таков проблем, а тоа што имало обиди да се вметне е друга приказна, и тоа не само дуализмот безброј други ереси(аријанство, савелијанизам, евномијизам, несторијанство....).
Ја си прашав конкретно, без закачки молам, т.е. дефокусирање.:mad:,;)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Во целина текстот е еден доста успешно насочен контекст на единство, колку што разбирам, ако не поправи ме, на создаденото и создателот од кое произлегува бескрајно задоволство=блаженство.
Ако можеш објасни го телемитскиот мотив да го објаснува овој проблем.
За да биде Блаженството можно, т.е за да биде искусено, потребен му е "контраст" од каде ќе може да се истакне или издвои. Тука доаѓа до израз неопходноста од дуалноста. Таа неопходност може да се воочи на секој чекор, во секојдневните искуства. На пример ако не искусиш тага, нема да ја доживуваш радоста на ист начин.
Според мене, oваа поента во Liber Al vel Legis е објаснета на следниот начин:
29. Зашто јас сум раздвоена поради љубовта, за можност на соединување.
30. Тоа е создавање на светот, така што болката на раздвоеноста е како ништо, а радоста на растопувањето се.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom