Онтологија: Ништо & Два
Онтологијата е проучување на постоењето, егзистенцијата или реалноста. Онтологијата на Телемата е одредена едноставно како: “Ништо & Два”. Светот е разбран како “Ништо” или “Нула”, нешто кое е преку било кое објаснување или граница. Во Liber AL vel Legis I:27, е напишано: “Тогаш свештеникот одговори и и кажа на Кралицата на Вселената, бакнувајќи ги нејзините убави веѓи, а росата од нејзината светлина го капеше целото негово тело во слаткомирислив парфем од пот: О Нуит, постојаност Небесна, нека засекогаш биде така; луѓето нека не зборуваат за Тебе како за Една туку како за Ниедна; и нека не зборуваат за тебе воопшто, затоа што ти си постојаност!”. Многумина мистици ја имаат наречено “Целина” но дури и овде, некој можат да забележат, имплицира на “Не -Едно”. Кроули пишува во “De Lege Libellum”, Сите Нешта во суштина се единствено Едно Нешто, чие име било нарекувано “Не – Нешто” (No Thing).
Од ова доаѓа неминовноста од објаснување на појавата на дуалноста. Наместо “Падот на Човекот” или заробување на душата во материја, Телемата ја објаснува појавата на дуалноста на следниов начин: “Ниедна…..и Два. Зашто јас сум раздвоена поради љубовта, за можност на соединување. Тоа е создавање на светот, така што болката на раздвоеноста е како ништо, а радоста на растопувањето се.” (Liber AL I:28-30). На овој начин, мноштвото или раздвоеноста е во таква позиција да стане едно и да се обедини. Понатамошно објаснување е дадено во “Книга на Лагите” поглавје 3, каде е напишано, “Мноштвото е обожавано од Целината, како што Целината е обожавана од Мноштвото. Ова е Љубовта на Оние; креацијата – раѓањето е Блаженство за Целината; прокреацијата – растопувањето е Блаженство за Мноштвото”. Од се Ова испреплетување на Овие, е Блаженство.
Извор