Амбасада на САД пред протестите: Останете смирени
Сите граѓани да дозволат во овој случај законскиот процес да се одвива по својот тек, во согласност со законите и со судските процедури во Македонија - стои во изјавата од Амбасадата на САД во пресрет на најавените протести.
Граѓаните да останат смирени и да дозволат во овој случај законскиот процес да се одвива по својот тек - апелира Aмериканската амбасада во Македонија пред утрешниот протест на Албанците против акцијата Монструм. За сабота Македонците најавија контра протест на протестот.
-Знаеме дека има повици за оддржување на протести во целата земја утре и во сабота во врска со минатомесечното убиство на петте лица во близина на селото Смиљковци. Додека правото на собир и мирно изразување на мислењето мора да се почитува, ние и понатаму ги повикуваме сите граѓани да ги искажуваат своите мислења на мирен начин, да останат смирени и да дозволат во овој случај законскиот процес да се одвива по својот тек, во согласност со законите и со судските процедури во Македонија -стои во изјавата од Амбасадата на САД во пресрет на најавените протести.