Не си била сиромашна и гладна, за ова да го збориш. Не би ти посакал ама барем за еден ден да бидеш така - различно ќе размилуваш. Име не ти купува храна и дом, пари ти купуваат.
Не знаеш ништо за мене, но и немам намера за тоа да зборувам на јавен форум.
Не се согласувам со многу работи што ги прават (на пример, дегенскава ограда) но исто така не се согласувам дека со тие пари треба ,,фабрики,, да се отворат (нема и нема ни да има државни фабрики). Али мислам дека добро би дошло да платат лоби, наместо да плаќаат златни коњи, на пример.
Проституцијата нема да ме направи подобар човек, ама дефинитивно можам да си купам куќа ако сум добро платена проститутка. Дали можноста да си купам куќа со проституција ја оправдува и самата проституција!?
--- надополнето: 10 мај 2012 во 01:49 ---
Не си била сиромашна и гладна, за ова да го збориш. Не би ти посакал ама барем за еден ден да бидеш така - различно ќе размилуваш. Име не ти купува храна и дом, пари ти купуваат.
Не сакам да кажам дека идентитетот не е битен, секако дека е битен али идентитетот е за жив народ а не умрен од глад.
Далеку сме од народ умрен од глад, барем во Скопје и неколку др. града кои ги посетувам. Не можам да зборувам за местата на кои не одам.
Но сепак, пак ќе кажам - парите треба на лобирање да се искористат.
И да, ако се појави некоја политичка опција, која ќе ми нуди зачувување на идентитет и истовремено подобар живот, ќе гласам за неа. Таква, сега за сега, нема.