Само да прашам има ли некој од форумов што го подржува македонскиот протест во сабота или не?
јас
--- надополнето: 10 мај 2012 во 00:39 ---
читам и не ми се верува што читам..
Сонувам ?
не ..
штета
каков изопачен сон ќе беше..
што ви е бре луѓе?
што овој ќе рекол што тој , вака било правилно така не било правилно, деца ќе имало деца ќе немало, со камења ќе мавале, така ќе не прикажеле ????????
кога го читам ова ми оди да си пукам у глава
САМО ненормален народ може да не реагира на вакви случувања и да седи дома да не го искажува своето незадоволство!
убаво кажа некој член.. па светот ќе види дека ние си ќутиме значи навистина се тие во право.
која е логиката да се буниме на интернет а да не нема на протести???
имав една дискусија со еден член и ќе го копирам тоа што го пишав.
неколку работи не ми се јасни. Иако имам испратено над 400 твитови деновиве.. .. до кога ќе го правиме тоа? Што ни е показателот дека оваа акција ни станала успешна?
Мислиш дека ќе смениме нешто вака?
Да речеме светот ќе разбере, ќе смени ли тоа нешто?
Не сум јас против тоа напротив секоја акција во било која сфера ја подржувам, се залагам и сум за тоа да пробаме се, но искрено песимист сум со ова сајбер твитање..
Моралот, националната гордост, националното чувство за единство на народот е отиден во минус. Тонеме во очај и депресија, тоа го гледам и по себеси.
Уште еден очаен протест кој ете.. ќе бидне со некои си 200 луѓе наспроти протестот што ќе биде во петок во цела западна Македонија .. тотално ќе го убие духот на македонецот и ќе го допре дното.
И онака сме разочарани од полицијата и државата, тоа ќе ни биде јаготка на шлагот ќе се разочараме од себеси како народ. Може ние не го гледаме така (се залагаме со твитање и праќање мејлови) но народот не го гледа тоа.
Во моментов на народот му треба нешто што ќе го поврати оптимизмот и ќе му даде мотивација и живост со сознанието дека барем уште се држиме како единство и постоиме, тука сме за себе.