Египетска муслиманка до муфтиите: Зошто ги мразите жените?
Реалната војна, која се води во Блискиот Исток е врз жените, пишува египетско-американската новинарка Мона Елтахави за „ФП“.
Во „Далечната глетка на Минарет“ египетската писателка Алифа Рифат зборува за жена, која е рамнодушна на сексот со сопругот, бидејќи тој се фокусира единствено на своето задоволство.
„Таа за време на сексот забележи пајакова мрежа, која мора да ја исчисти од таванот и има време да размисли како тоа ќе го стори бидејќи нејзиниот сопруг константно одбива да го продолжи сексот, за тоа да и стане задоволство и на неа. Намерно ја лишува. Тој упорно одбива да и пружи оргазам, но молитвата од џамијата го повикува него па и тој го прекинува неговото уживање и заминува надвор. Миејќи се, таа се губи себеси во молитва, толку многу што и причинува задоволство и едвај чека да дојде следната молитва, гледајќи на улицата надвор од својот балкон. Подоцна го прекинува своето уживање за да направи кафе за нејзиниот сопруг да пие по неговата дремка. Земајќи го кафето во спалната, токму како што преферира маж и, таа забележува дека тој е мртов. Го испраќа синот по доктор и таа се враќа во дневната соба и си става кафе во филџан, но овој пат за себеси. Се изненади од тоа колку беше смирена“, пишува Рифат.
Во јасни скоро 4 страници, Рифат зборува за секс, смрт и религија- смртоносен булдужер со пулсирачко срце полно со омраза за жените во Блискиот Исток. Нема ставање шеќер врз тоа. Тие не нè мразат поради нашата слобода. Ние немаме слобода бидејќи тие не мразат, како што зборува моќно оваа арапска жена.
-Да, Тие нè мразат. Тоа мора да биде речено, вели Елтахави, која беше тепана и сексуално нападната од египетската полиција.
-Некој може да праша зошто сега го кажувам ова, во време кога во регионот има немири, поттикнати не од страна на вообичаената омраза кон Америка и Израел, туку поради заедничка побарувачка за слобода. Впрочем, нели треба секој пред се да ги има основните права, пред жените да побараат специјален третман? Покрај тоа што има врска полот, или пак сексот со арапската пролет? Но, јас не зборувам за секс скриен во темните агли или затворените спални. Целиот политичкиот и економскиот систем - оној што ги третира половина од луѓето како животни - мора да биде уништен заедно со другите поочигледни тирании кои ја гушат релијата и и ја уништуваат нејзината иднина. Бесот оди од угнетувачите во нашите претседателските палати до угнетувачите на нашите улици и во нашите домови. Нашата револуција дури не е ни започната.
Па да, жените во целиот свет имаат проблеми. Да, и САД се уште имаат да изберат женски претседател и да, жените продолжуваат да бидат објективизирани во многу „западни“ држави (Живеев во една од нив). Тука обично завршува разговорот кога се обидуваш да разговараш зошто арапските општества ги мразат жените.
Но, да тргнеме настрана тоа што САД прават или не прават на жените. Именувајте ми една арапска држава и јас ќе ви рецитирам цел список на злоупотреби поткрепени со токсичен микс од култура и религија.
Кога повеќе од постојано-мажените жени во Египет, вклучувајќи ја мојата мајка и сите шест нејзини сестри освен една, ги имаат пресечено нивните гениталии во име на скромност, тогаш сигурно ние сите мора да богохулиме. Кога сите египетски жени се подложени на понижувачки „тестови за невиност“ само за тоа што зборувале надвор од своите домови, не е време за молчење. Кога прилог во Египетскиот криминален кодекс вели дека ако жена е тепана од нејзиниот сопруг „со добри намери“ нема казнена оштета, тогаш што по ѓаволите со политичка коректност. И Ве молам кажете, кои се тие „добри намери“?
Тие легално сметаат дека можат да вклучат секакво тепање кое не е „тешко“ или „насочено кон лицето.“ Што сето ова значи е дека кога доаѓа за статусот на жените во Блискиот Исток, не е подобро од она што го мислите. Тоа е многу, многу полошо. Дури и после овие „револуции“ се е добро сè додека жените се покриени, закотвени дома, не смеат да се движат со свои автомобили, принудени да добиваат дозвола од мажите да патуваат и се во неможност да се омажат или разведат без благослов од машкиот старател.
Ниту една арапска земја не е во рангот на топ 100 во Глобалниот извештај за рамноправност на половите на Светскиот економски форум. Со ова регионот е ставен на цврстото дно на планетата. Сиромашни или богати, ние сите ги мразиме нашите жени.
Соседните Саудиска Арабија и Јемен, на пример, можат да бидат многу оддалечени кога станува збор за БДП, но само четири места ги одвојува нив на индексот, со тоа што кралството е на 131, а Јемен е на 135 место од 135 држави.
Мароко, често сметана дека има „прогресивно“ семејно право (во 2005 година извештај од западните „експерти“ го нарекоа „пример за муслиманските земји кои имаат цел да се интегрираат во модерното општество“) е на 129 место, според мароканското Министерство за правда. Имено таму во 2010 година брак склучиле 41.098 малолетни девојчиња.
Лесно е да се види зошто најлошо рангираната држава е Јемен, каде 55 проценти од жените се неписмени, 79 проценти не учествуваат во работната сила и само една жена работи во 301-члениот Парламент.
Страшните извештаи, кои велат дека
12-годишни девојчиња умираат при породувањеправат сосем малку за да се сопрат
браковите со деца. Наместо да се сопрат, има повеќе демонстрации во знак на поддршка на бракови со деца, потикнати од свештенски декларации дека противниците на педофилијата се отпадници (богохулници), бидејќи пророкот Мухамед ,според нив, се оженил со својата втора сопруга Ајша кога била дете.
Но, барем жените во Јемен можат да возат автомобили. Тоа симболизира слобода, но и наликува само на Саудиска Арабија, каде бракови со деца се дозволени и жените се постојано малолетници без оглед на нивната возраст или образование.
Да, Саудиска Арабија, земјата каде девојка, која преживеа силување од група мажи, беше осудена во затвор поради согласност за да влезе во автомобил со мажи, кои не и биле роднини, и поради тоа и беше потребно кралско помилување. Саудиска Арабија, каде жена која ја прекрши забраната за возење беше осудена на 10 камшици и повторно и беше потребно кралско помилување. Саудиска Арабија, каде жените се уште не можат да гласаат или да се кандидираат во избори (се уште се смета за „процес“, каде е ветено дека во 2015 година симболично ќе можат да учестуваат на локални избори).
Толку е лошо за жените во Саудиска Арабија што оние мали односи родител-дете се пречекани со радост од нивниот монарх кралот Абдула, кој го поздравуваат како „реформер“ (човек со реформи), дури и од оние кои знаат подобро, како „Newsweek“, кој во 2010 година го стави кралот на топ 11 најпочитувани светски лидери.
Сакате да знаете колку лошо е? Одговорот на „реформерот“ за револуциите кои никнуваат низ целиот регион е да ги отрпне неговите луѓе со уште повеќе владини материјали- особено за Салафи фанатиците, од кого саудиското кралско семејство вдишува легитимитет. Кралот Абдула има 87 години. Само почекајте го неговиот наследник принцот Најеф, човек изваден од средниот век. Неговата омраза спрема жените е ненормално.
-Зошто екстремистите секогаш се фокусираат на жените, останува мистерија за мене, изјави неодамна американскиот државен секретар
Хилари Клинтон.
-Но се чини дека сите така прават. Не е важно во која држава се или која религија тие ја имаат. Тие сакаат да ги контролираат жените, додава таа.
Квардафи, кој има голема публика на сателитските канали, вели дека „иако женските гениталии се одземаат (тој го вели тоа обрежување), тоа не е „задолжително“. Но, вие ќе најдете нешто друго во неговите книги, наведува новинарката.
"Јас лично го поддржувам ова под сегашните околности во современиот свет. Секој кој мисли дека обрежувањето е најдобар начин да ги заштити своите ќерки треба да го направи тоа ", пишува тој додавајќи " таквото мислење е во прилог на практикувањето сунет за да се намали искушението. Па дури и меѓу "умерените" девојките гениталиите се сечат за да се обезбеди дека нивната желба е одземена“, пишува тој во книгата.
Квардафи оттогаш издаде книга против осакатување на гениталиите, но тоа не е изненадување бидејќи Египет го забрани во 2008 година. Некои од Муслиманското Братство се противеа на законот. Некои се уште тоа го прават тоа, вклучително и со пратеничката Аза ал-Гарф.
И се уште има мажи кои не можат да се контролираат на улиците, каде од Мароко до Јемен, сексуалното вознемирување е епидемско и поради „доброто на мажите“ толку жени се охрабрени да се покриваат.
Каиро има само автомобил-метро за жени за да ги заштити од талкачки раце, а дури и од полошо. Имено безброј саудиски центри се само за семејство, со забрана за сингл-мажи на влезот, освен доколку немаат жена да им се придружи.
Ние често слушаме како пропаднатата економија на Блискиот Исток има оставено многу мажи во неможност да се оженат, а некои тоа дури го користат како начин за да ги оправдаат сексуалните вознемирувања на улиците. Во 2008 за анкета од страна на Египетски центар за правата на жените, повеќе од 80 проценти од египетските жени изјавиле дека биле
жртва на сексуално вознемирување и повеќе од 60 проценти од мажите признале дека тие ги малтретираат жените. Сепак не слушнавме како влијае подоцнежната возраст врз жените во бракот. Дали на жените им е дојдено до секс или не? Очигледно, арапскиот судија уште е надвор од основите на човечката биологија, додава Елтахави.
Видете го молитвениот повик кој Рифат толку брилијатно го воведува во нејзината приказна.
Исто како што режимот назначен од свештеници ги затишува сиромашните во целиот регион со ветувања за правда и сексапилни девици во следниот живот. Се само да не се препознае корупцијата и непотизмот на диктаторот во овој живот, така што жените се замолчени со смртоносна комбинација на луѓе кои ги мразат, а во исто време цврсто тврдат дека го имаат Бог на нивна страна.
Се враќам пак на Саудиска Арабија, не поради тоа што кога влегов во земјата на 15-годишна возраст бев трауматизирана (нема друг начин да се опише тоа), туку затоа што кралството обожува Бог, кој ги мрази жените, и никогаш нема никакви последици благодарејќи на предноста што имаат нафта и се домот на двете најсвети места на исламот, Мека и Медина, пишува Елтахави.
Тогаш во 80-тите и 90-тите, како сега, свештениците на саудиските телевизии се опседнати со жените и со телесни отвори, особено со тоа што излегува од нив. Никогаш нема да заборавам дека слушнав оти ако машко бебе уринира на тебе, можеш да се молиш во истите алишта, а ако женско бебе уринира на тебе, мора да се пресоблечеш. Што е тоа што е нечисто, пак во женската урина? Се прашував.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 19:23 ---
Омразата кон жените.
Колку Саудиска Арабија ги мрази жените? Толку многу што 15 девојчиња умреа во пожар на училиште во Мека во 2002 година. Наводна „морална полиција“ ги погреба пред зградата во пламени зошто ги спречуваше пожарникарите да ги спасат, бидејќи девојчињата не биле забулени за јавност. И ништо не се случи. Никој не беше на судење. Родителите беа замолчени. Единственото нешто што се случи како придонес на тој хорор беше дека тогашниот кралски принц Абдула им го одзема образованието на девојчињата.
Ова како и да е, не е само саудиски феномен. Исламската омраза на жените гори јасно низ целиот регион-сега повеќе од било кога.
Во Кувајт со години исламистите се борат со жените. Четири жени конечно влегоа во парламентот, но тие бараа двете кои не ја покриваат косата да носат шамија. Кога кувајтскиот парламент се распушти минатиот декември, исламски парламентарец побара и да се отвори дискусија за неговиот предлог-закон за „пристојна облека“.
Во Тунис, кој долго време се сметаше за најблиско нешто до светилник на толеранција во регионот, жените земаа длабок здив минатата есен по победата на исламската партија Енахада. Партиските лидери ветија дека ќе ги почитуваат 1956-те лични кода за статус, кои го декларираат „принципот на еднаквост помеѓу мажите и жените“ и забрануваат полигамија. Но женски универзитетски професори и студенти оттогаш се жалат на напади и заплашувања од страна на исламистите за неносење бурки, додека многу жени-активисти за човекови права се прашуваат како разговор за исламскиот закон ќе влијае на реалните закони.
Во Либија, главата на привремената влада, Мустафа Абдел Џалил првото нешто што вети беше дека да ги укине ограничувањата на полигамијата. Да не мислите Моамер ал-Гадафи беше феминист на некој начин? Потсетете се дека под негова власт девојките и жени, кои преживеале сексуални напади беа фрлени во „социјални центри за рехабилитација“ односно ефективни затвори од кои тие можат да заминат само ако човек се согласи да ги омажи нив или доколку нивните семејства ги примат назад.
Потоа, во Египет, каде за помалку од еден месец откако претседателот Хосни Мубарак беше симнат од власт, воената хунта го замени наводно да ја „заштити револуцијата“, во исто време ненамерно не потсети нас на двете револуции кои ни требаат. Имено откако се исчисти плоштадот Тахрир од демонстранти, војската уапси десетици машки и женски активисти.
Тирани угнетуваат, тепаат и ги мачат сите. Ние знаеме. Но, овие службеници ги задржаа женските активисти за " тестови на невиноста " односно за силување од луѓе маскирани како доктори да им вметнуваат прсти во нивните вагинални отвори во потрага по химени (Докторот беше тужен и на крајот ослободен во март.), додава Елтахави.
Која надеж може да постои за жените во новиот египетски парламент, доколку е доминиран од мажи заглавени во седмиот век? Една четвртина од тие парламентарни седишта сега се на Салафисти, кои веруваат дека имитирање на оригиналните начини на пророкот Мохамет е соодветен начин за живеење.
Минатата есен, женските кандидати од египетската партија Салафи Нур ставија цвеќе на лицето на секоја жена. Жените не треба да се видат ниту да се слушнат, дури и нивните гласови се искушение, па тие се во египетскиот парламент, но покриени од горе до доле во црно и не смеат да изречат ниту еден збор.
А ние сме во средина на револуција во Египет! Ова е револуција во која жени умиреа и умираат, во која се тепани, пукани, сексуално нападнати додека се борат покрај мажите за да се ослободи нашата земја од Мубарак и оние кои не угнетуваат.
Муслиманското братство, со речиси половина од вкупниот број на места во нашиот нов револуционерен парламент, не верува жени (или христијани) дека можат да бидат претседател.
Жената која го предводи "женскиот комитет" на политичката партија на Братството неодамна изјави дека жените не треба да маршираат или протестираат затоа што тоа е повеќе "достоинствено" да се остави на своите сопрузите и браќата.
Омразата кон жените оди уште подлабоко во египетското општество. Тие од нас кои маршираа и протестираа мораа да се движат низ минско поле од сексуални напади од страна на двата режими, и за жал, на моменти од страна на нашите колеги револуционери. Во ноември јас бев сексуално нападната на улицата Мохамед Махмуд во близина на плоштадот Тахрир, од најмалку четворица од египетската полиција за бунтови. Јас бев прво допирана од маж на плоштадот, пишува новинарката на „ФП“.
Кога сме повредени од страна на нашите колеги цивили, ние веднаш претпоставуваме дека се агенти на режимот или насилници, бидејќи ние не сакаме да се расипува револуцијата. Продолжува..... ( I дел)