Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Точно, потребни се 100 милиони за овие ! Ама незнам дали се сеќаваш колку пари трошеше Морати пред 5-6 години, зошто не би почнал пак ?
Syn , те бараат.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.046
Поени од реакции
45.758
Точно, потребни се 100 милиони за овие ! Ама незнам дали се сеќаваш колку пари трошеше Морати пред 5-6 години, зошто не би почнал пак ?
Фала за известување Ио ...
100милиони у секој случај и да располага со големи суми на пари толку нема да фрли сега, во една сезона, не е ни потребно толку за да се создаде јак тим само за Серија А, ова е клучно во муабетите и имајте го во предвид, Интер сега прави тим само за Серија А, не и за ЛШ, од наредна сезона и тоа ќе се дошминка.

Инаку за парите, најавени се инвеститори од страна, Индија, некој од арапиве можеби, исто и некој од русите, односно, Керимов, тоа сеедно е кој ќе е од нив, битно е пари да влезат во клубот од кои најголем ќар ќе има трансфер политиката а и реализацијата на планот за нов стадион.
Услов се овие пари за добра трансфер политика, а ова со Гаитан стварно незнам од каде искочи, прескап е, па уште и Бранка ќе идел да се сретне со претставници на Бенфика, стварно нејасно. :eek:
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
Интер н Лавеци му дава 5 милиони годишно поточно 3.5 + бонуси а за трансферот Интер нудат Пацини + Ранокиа + Доплата. Така пишува ИнтерЛаМанита.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.046
Поени од реакции
45.758
Тоа што треба бар во моментов да не радува што покрај Лавеци, сакаат уште едно квалитетно име напред, вчера Гаитан се спомна, неизводлива опција според мене, но денес и Лукас, пак е најварена средба со неговиот агент, ако успеат да ги довлечкаат Лавеци и Лукас. :cuc:
70% од работата со овие двајца ќе биде завршена во поглед на трансферите, ма и поише.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Ќе биде долго и напорно лето...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Вертогнен треба да се капариса за идната сезона,не за оваа што доаѓа,пошо нели тогаш ЛШ ќе играме :vozbud:

Видете,додека не влезе некој глуп Русин или Арап во Интер и да фрла пари како ненормален,нема шанса да земеме ниту еден од тие што ги посакуваме.
Во право е Syn.
Реално летово можеме да ги собереме Лавеци,Исла и Де Јонг,а да се проба да се врати Дестро или да се форсира Ливаја,одлично ќе биде.
Па од младинска школа да се прекомандува Хуан заедно со Крајстиг и Беса.
ЛШ не играме,товар помалку на сметка на играчите,Скудетото е 90% наше ако се земат играчите што погоре ги набројав,нешто слично како ЈуБе што направија.
И да,ѓубрето што јаде ненормална плата МОРА да се избрка летово,пишав и поназад некоја страна,макар и на штета на Интер.
Во овој случај мислам на Киву,Станко,Мунтари,Пандев и остали што воопшто не допринесуваат за Интер,а јадат ненормално голема плата.


Io Sono Interista во Арсенал наводно иде М’вила рака под рака со Подолски,а преговараат и со Вертогнен...Ван Перси го продолжил договорот...сеуште ги сметаш за исти Морати и газдата на Арсенал ? :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Io Sono Interista во Арсенал наводно иде М’вила рака под рака со Подолски,а преговараат и со Вертогнен...Ван Перси го продолжил договорот...сеуште ги сметаш за исти Морати и газдата на Арсенал ? :)
А да го најдеш ти поназад цитатот и да го препрочиташ? :cool:
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Како и да е нов стопер ни треба,мислам дека Самуел ке биде тој што ке замине.За Лавези Морати мора со сите сили да запне за да го донесе,само колку ни фали во моментов играч како него,и ако стварно сака Страма да Зарате остане нека остане,може под водство на Страма ке игра многу подобро... сум кажал повеке пати и пак ке кажам за Гомез од Катанија многу добар играч крилен напагач брз несто во стил на игра како Лавеци (знаете за кој мислам) иначе за лев бек Армеро некој за Коларов зборат ама Армеро е измислен за него,ајде ке видиме што ке се дешава летово али очекувам Морати да си ја заврши работата како што треба.
 

Jap Mak Sun

Регент
Член од
19 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
45
Фала за известување Ио ...
100милиони у секој случај и да располага со големи суми на пари толку нема да фрли сега, во една сезона, не е ни потребно толку за да се создаде јак тим само за Серија А, ова е клучно во муабетите и имајте го во предвид, Интер сега прави тим само за Серија А, не и за ЛШ, од наредна сезона и тоа ќе се дошминка.

Инаку за парите, најавени се инвеститори од страна, Индија, некој од арапиве можеби, исто и некој од русите, односно, Керимов, тоа сеедно е кој ќе е од нив, битно е пари да влезат во клубот од кои најголем ќар ќе има трансфер политиката а и реализацијата на планот за нов стадион.
Услов се овие пари за добра трансфер политика, а ова со Гаитан стварно незнам од каде искочи, прескап е, па уште и Бранка ќе идел да се сретне со претставници на Бенфика, стварно нејасно. :eek:
Во право си речиси за се, освен за тоа дека ова лето треба да се прави тим само за Сериа А ! Без разлика на тоа дали ќе играме во ЛШ ( а 99 % нема да играме) или не, мора уште летово да се направи костурот на тимот , и заради тоа подобро е да се троши летово а наредното да се закрпи таму каде што ќе биде потребно. На новите засилувања ќе им биде потребно време за адаптација, за зголемување на хемијата помеѓу нив и подобро разбирање. Кога се прават ремонти на тимови речиси никогаш првата сезона не ги дава очекуваните резултати, тие ќе дојдат во втората, третата,... Затоа одврзување на ќесето и купување на 5-6 квалитетни играчи шпиц, крило, лев бек, среден играч и двајца стопери ! Здравје наредното лето уште 2-3 за пополнување, Младиве европски шампиони до тогаш ќе добијат на искуство ( се надевам во Лига Европа тие да го претставуваат Интер како првиот тим би бил одморен а тие ќе добиваат на искуство)па ќе искористиме и од нив некои и се ќе биде добро !
Ова е мојот став!
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
ајде сега исклучи го менаџерот и поиграј малце дота:D
Што е нереално? Исла е 99% наш, Коларов 90% наш, Лавеци има шпекулации дека веќе му дал збор на Интер и затоа ги одбил Зенит и М'Вила е понереален ама сепак тука се и Поли, може и Де Јонг
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
То што мало фали, то девојци сречу квари.
Српска народна поговорка.
Тука си во право, ама сепак за да се направи шампионски тим треба и да се фрлат пари. Ништо не е 100% сигурно, ни дека баба ќе му даде на дедо
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Луѓе, сериозно, немојте да очекувате премногу, зошто лесно ќе се разочарате после. Полесно е да бидеш изненаден. :)
Лавеци, Исла, Коларов, Дестро се минимум 40 милиони евра потрошени на нив. Дури и играчи да се користат во нивно купување. А сметајте дека тие работи се многу комплицирани, затоа што, треба многу многу труд за да договориш таква трампа. Зборам за да идат двајца играчи за Лавеци. Сметајте дека тука и играчите имаат збор. Па плата, па награди за агенти, па натегања кој колку вреди.
Плус треба да ги откупиме и Гуарин и Поли. Тоа се дополнителни 15ина милиони.

Од каде би ги нашле тие пари?
Прилично сум сигурен или барем можам да заклучам од тоа до што сите имаме пристап, дека Морати ги нема тие пари оваа година да ги даде.
Еве и да го продадеме Снајдер. Колку реално би можеле да очекуваме од него? 50 милиона сигурно не. Максимум, со добро европско, до накај 35 претпоставувам. После има разлика во тоа како тие пари би биле обезбедени од клубот што би го купил. Дури и да претпоставиме дека сите еве овие 4 играчи горе би биле купени со некој играч вклучен за размена, кои се реално играчите кои би биле привлечни за другиот тим (да речеме Пацини, Ранокија, Оби, некој младинец) и дали тоа нема да ни отвори нови проблеми кои треба да се крпат со нови играчи, што бараат пари,дали за трансфер, дали за плати.
Некој може ќе каже дека, со тоа што си идат играчи со големи плати, ќе има повеќе пари за трансфери, ама не заборавајте дека и новите играчи ќе бараат голема плата. Сигурно нема под 2,5 милиона никој да прифати. Платите стално идат нагоре просечно, никогаш надоле.
Дали треба можда двајца да продадеме?

Ова е генерално многу ризична игра и стратегија со многу варијабли, која ретко кога испаѓа во реалноста така како што е првично замислена, дури и да го имаат тоа во план све рационализирано. А ние две лета по ред очигледно идеме на таков рецепт. За да ти испадне ваков план, треба или да си многу добар планер, со многу рационални алтерантиви или да веруваш дека можеш на интуиција да го изработиш (што најчесто е голема глупост). Паралелно треба да се пази да не се расипе нешто веќе што е на место

Треба да се фокусураат на една до две најбитни позиции, во зависност од тоа што ќе продаваат и да си тераат со тоа.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Фак, ги заборавив Поли и Гуарин.
Лично мислам дека и изводливо Пандев + Ранокиа/Фараони за Лавеци. Пандев задоволи таму, а на Наполи му е потребен дефанзивец под итно, така да и да инсистират на пари пак ќе мора да купуваат. Што е до мене мислам дека одбраната со добри подготовки и ваква каква што е ќе биде подобра од годинава, клучно е да го решат нападот без многу да чепкаат во средината. Занети и Нагатомо нека се менуваат лево и јебига, колку пари толку музика. Само нека го извади Занети од средина и нека ги пушти децава таму.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
А да го најдеш ти поназад цитатот и да го препрочиташ? :cool:
Дај пастирај го,да не баратам низ страните наназад.

Поли може да се откупи за околу 8 милиони,а Гуарин за околу 4,5 милиони отприлика,во Порто не сака да се врати,се гледа по неговите изјави тоа,па ќе натега и тој за смалување на откупната клаузула само за да остане во Интер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom