Научник, филозоф или вонземјанин?
Инспирирани од фамата околу „наоѓањето на божјата честичка” во ЦЕРН, ама и затоа што секогаш е право време да се читне по нешто за и од него, ви пренесуваме малку познато интервју со Никола Тесла направено во 1899-та година.
Футуристите велат дека XX и XXI век се родени од главата на Никола Тесла. Тие го слават Магнетното Поле и му пеат химни на Индукцискиот Мотор. Нивниот творец го нарекуваат ловец, кој во својата мрежа ја фатил светлината од длабочината на Земјата, и воин, кој го заробил огнот од небото. Таткото на наизменичната струја ќе направи физиката и хемијата да завладеат со половина од светот. Индустријата ќе го прогласи за свој врховен светец, а Банкарите за најдобар доброчинител. Во лабораторијата на Никола Тесла прв пат е разбиен атомот. Тука е создадено оружјето кое со вибрации предизвикува земјотрес. Тука е откриен и Црниот Космички Зрак. Пет раси ќе му се молат на Храмот на Иднината, бидејќи ги научил на големата тајна дека Елементите на Емпедокле се напојуваат со животни сили од Етерот.„Да, тоа се некои од моите поважни откритија. Јас сепак сум поразен човек. Јас не го остварив она најмногу што можев”.
Што е тоа господине Тесла?
„Сакав да ја осветлам целата Земја. Во неа има доволно електрицитет да се претвори во второ Сонце. Светлината би сјаела околу полутопките, како прстенот околу Сатурн. Човековиот род не созреал за добро. Во Колорадо Спрингс, ја напоив Земјата со електрицитет. Исто така можеме да ја напоиме и со други енергии, како што се позитивините психички енергии. Тие се во музиката на Бах и Моцарт, или во стиховите на големите поети. Во внатрешноста на Земјата постојат енергии на Ведрина, Мир и Љубов, нивните изрази се цвет кој расте од земјата, храна која ја добиваме од неа и сè она што ја прави човекова татковина. Јас со години барав начин на кој тие енергии би можеле да влијаат на луѓето. Убавината и мирисот на ружата можат да се земаат како лек, а сончевите зраци како храна. Животот има бесконечен број на видови, а должност на научникот е да ги пронаоѓа во сите облици на материја. Во тоа се важни 3 работи. Сè што правиме е трагање по нив. Знам дека нема да ги најдам, ама нема да се откажам од нив”.
Кои се тие работи?
„Едно е прашањето за храната. Со која ѕвездена или земска енергија да се нахранат гладните на Земјата? Со кое вино да се напојат жедните, па срцето да им се развесели и да сфатат дека се богови?Друга работа е: како да се уништат енергиите на зло и страдање во кои преминува човековиот живот? Тие понекогаш се појавуваат како епидемии од длабочината на вселената, во овој век тие болести од Земјата се раширија низ вселената.
Продолжува... (извор он.нет)
п.с читајте ја и напомената