Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Да не знае некој на сајтот на Т-Хоум да не има формулар за приговор?
Или некој ако има поднесувано на писмено да ми го прати?
Или па да си составам еден по мое?

Пошто очигледно никако да се разберам со операторите, сабајле пријавив во АЕК. Но требало да имам фотокопија од приговор и одговорот од нивна страна па тогаш ќе реагирале.
 
Т-хоум се шит за телевизија. Еве вчера на еден комшија по трет пат дојдоа да му го заменуваат ресивер и пак стар му дадоа. Значи воопшто не им чини телевизијата. Далинското без капаче му го дадоа и ресиверот пак стар. Ма глупи се многу. Сликата на секој саат му се замрзнува.
Не трескај глупости... Барем против квалитет неможеме да сереме. МахТв моментално е најдобра и најквалитетна понуда на телевизија, за цените е друга работа.
 
Да не знае некој на сајтот на Т-Хоум да не има формулар за приговор?
Или некој ако има поднесувано на писмено да ми го прати?
Или па да си составам еден по мое?

Пошто очигледно никако да се разберам со операторите, сабајле пријавив во АЕК. Но требало да имам фотокопија од приговор и одговорот од нивна страна па тогаш ќе реагирале.
на што се жалиш ако не е тајна ?
 
на што се жалиш ако не е тајна ?
Несакаат да покачат брзина на 8 Mbps со новиот 3MaxStart пакет, уште сум на 6Mbps (во пракса 5,2).
Се јавувам веќе 5 дена по 10 пати дневно и сите наоѓаат разни изговори. Имав поднесено и 3 приговори преку операторите ама џабе.
Сега писмен приговор поднесов, ќе видам како ќе одговорат, па после со документацијата ќе поднесам приговор до АЕК.
 
Истово го пишав и во темата Blizoo ама пошто се работи и за T-Home еве го истото и овде, гледам и поактивна е темава, ве молам за совет.

Имам Blizoo дигитална + аналогна телевизија од времето кога беа CableTel и плаќам 650 ден. (значи врзан сум со договор), имам телефон од T-Home и за него месечно плаќам околу 1000 ден. и интернет од One плаќам 250 ден. Е сега интернетот го делиме неколку души и некогаш знае да затупи ако на пример двајца пуштат да симињаат во исто време, а мене ми треба константно добар интернет зошто работам од дома и цело време ми треба константна брзина.
Разгледувам две опции, или да земам од некој од пакетите на Blizoo со телефон + интернет + телефон, или да ја оставам телевизијата на Blizoo и да земам + Call & Surf Optic пакет (најефтиниот Basic 15/Mbps пакет е 1200 ден).
Значи во моменто за трите работи плаќам 1900 ден, ако земам од Blizoo + телефон и интернет (50/Мbps) ќе ме кошта 2000 (поефтиниот пакет (20/Мbps) 1700 ден и тој доаѓа во опција), со тоа што има промоција и првите 6 месеци се плаќа по 1000 ден., а ако земам од T-Home пак ќе ме кошта околу 1900 ден.
Што предлагате? Или на крај да се откачам од Blizoo и да земам 3Max Optic Comfort од 2700? Каде е подобар интернетот, сега за 100/200 денари да праиме проблем :)

Јас имам 3макс оптик пакет и можам да ти кажам дека сум презадоволен од услугата (гледано од сите аспекти). Моментално сум на првиот пакет, брзината е ~ 15Mbps, торентите идат 1.5-2 MBps, тој пакет на кој што ти сакаш да мигрираш има брзина од 30 Mbps, макств е каде каде подобра телевизија, значи би имал над 80 дигитални канали ( 3 хд ), опција за паузирање/снимање/премотување, ТВтека, можност за закажување на снимање и околу 320 гб хдд на кој што можеш да снимаш програма, за телефонијата нема многу што да се коментира, никогаш не се случило да имам некакви проблеми со неа, плус со самото тоа што си на 3макс пакет имаш неограничени разговори кон сите call&surf,2макс и 3макс корисници (сега со новите промени во оптичките пакети кои ќе бидат направени за 2 недели сигурно како и кај обичните 3 макс пакети ќе имаш 300 гб интернет и 100 часа разговор). Дефинитивно, т-хоме ти е подобрата опција :)
 
Што предлагате? Или на крај да се откачам од Blizoo и да земам 3Max Optic Comfort од 2700? Каде е подобар интернетот, сега за 100/200 денари да праиме проблем :)
Како што ти кажа ace_elemeNt погоре, T-Home ти е далеку подобро. Само почекај да ги сменат Optic пакетите треба да ги намалат за некое време како што ги намалија Call and Surf и 3 Max и тогаш нарачај си.
 
Optic пакетите од 15 мај ќе бидат објавени. Иако им бев лут на T-home морам да се признае дека е светлосни години пред останатите оператори. Деновиве треба да дојдат завршат со optic па ќе пуштам слика во врска со брзината. Неофицијално новите пакети со минимална брзина од 30 Mbps и неограничен интернет.
 
Несакаат да покачат брзина на 8 Mbps со новиот 3MaxStart пакет, уште сум на 6Mbps (во пракса 5,2).
Се јавувам веќе 5 дена по 10 пати дневно и сите наоѓаат разни изговори. Имав поднесено и 3 приговори преку операторите ама џабе.
Сега писмен приговор поднесов, ќе видам како ќе одговорат, па после со документацијата ќе поднесам приговор до АЕК.

Јас исто земав 3 макс старт и сабајлево брзината од 6144 ми се синхронизираше на 12288. Се израдував и одма одам на спид тест и што да видам, исто 6мб/с. По правило од тие 12мб, 8 треба да бидат за интернет и останатите 4 за телевизијата. Кај мене уште не е пуштена телевизијата и затоа се надевам дека ќе се среди со брзината. Инаку јас повеќе пакетот го земав и за брзината од 8мб/с, така да неможам да замислам да ми рече некој утре дека треба 6мб/с да биде. Има да се јавувам не 10 пати во ден, туку на секој пола саат додека не ми пуштат брзина колку што треба!
 
При уклучување на вториот ресивер по некое време на тв ми излага црвен икс. Не ми е пуштен сигнал уште или имам грешка со каблите ?
 
ЗНачи со сила сакаат будала да те праат сеа проблемот бил до кабелот хеј мајката а како работало пред 2-3 дна и сами незнаат ми викаат смениго кабелот
 
Јас исто земав 3 макс старт и сабајлево брзината од 6144 ми се синхронизираше на 12288. Се израдував и одма одам на спид тест и што да видам, исто 6мб/с. По правило од тие 12мб, 8 треба да бидат за интернет и останатите 4 за телевизијата. Кај мене уште не е пуштена телевизијата и затоа се надевам дека ќе се среди со брзината. Инаку јас повеќе пакетот го земав и за брзината од 8мб/с, така да неможам да замислам да ми рече некој утре дека треба 6мб/с да биде. Има да се јавувам не 10 пати во ден, туку на секој пола саат додека не ми пуштат брзина колку што треба!
Ништо нема да ти средат, и кај мене е исто 12 мбпс на рутерот, од тие 6 за тв и 6 за нет (на спидтест 5,2).
И упорно ме убедуваат дека ми пуштиле 12 мбпс, неможе да им докажам дека тие се и за нет и за тв, и дека за нетот треба да пуштат уште 2 мбпс за да имаме брзина 8. Други ми викат дека 8мбпс пакетот била заедничка брзина за нет и тв, неможе да им најдеш НЗС кој од кој повише лажат и се прават наудрени.
Денеска оттерав у пм 4-5 оператори, имам поднесено 3 приговори, поднесов и писмен, а спремам жалба да ги пријавам у АЕК.
 
Убаво си направил. Тоа дека 8 мб/с се заедно за интернет и телевизија се заебале гадно.

ЗНачи со сила сакаат будала да те праат сеа проблемот бил до кабелот хеј мајката а како работало пред 2-3 дна и сами незнаат ми викаат смениго кабелот

Мрежниот кабел или? :o
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom