Ова не му е последно интервју на Илиевски, како што гледаш ова му е од 2 Феб.
Пред недела дена, не знам на која страна му читав изјава дека нема теоретски шанси да дојде да игра во македонска лига, како што пишав и во претходниотр пост, најмногу ради неговото семејство а потоа и ради тоа што сакал да ја заврши кариерата во Унион Олимпија иако во минатото имал доста несогласувања со управата.
За Николовски, после интервјуто со Џоле мислам дека 80% ќе си се врати дома, додека за Рејнолдс најверојатно биле само шпекулации, за жал.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Управата на МЗТ нека гледа да го задржат Гечевски ( ако не се пензионира после Олимпијадава ), бидејќи уште пред да заврши сезоната се шушкаше дека нема намера да се замара со Јадранска лига, така да ништо чудно следна сезона да отиде кај Работнички или Фени.