Ај, добро утро/ добар ден.
Многу твитаат со слабо познавање на англиски јазик, второ секој твит треба да има линк за подетално објаснување на ситуацијата, трето има многу тролови и дечурлана кои пишуваат глупости и генерализираат.
Мене откако ми „завршија“ твитовите сфатив дека ми требало претходна стратегија. Убаво си внесував линкови и си пишував на странски медиуми и луѓе, се` што беше странско, ама не знаев дека сум била ограничена со твитови. Јас целосно го игнорирав информирањето на македонските твитерџии. За денес мислам дека ќе бидеме многу поорганизирани, барем јас ќе си бидам поорганизирана. Проблемот е што сите се фрливме на твитер, а скоро никој немаше поим што е и како функционира твитеров.
За денес си направив листа на твитерџии на кои треба да им пратам твит, а од вчера си ги имам сликите од протестот од хрватскиот утрински весник и полека, но сигурно, ќе си ја исполнувам целта. Сфатив дека твитовите треба да бидат различни, побомбастични и да се спомне Ал Каеда во нив, башка и на сликите убаво се гледа дека „протестирачите“ од петокот се радикални исламисти, според знамињата и паролите.