- Член од
- 12 јуни 2010
- Мислења
- 200
- Поени од реакции
- 61
Оризот е втора по значење житна култура (после пченицата) и со него се исхранува голем број од населението во светот.
Потекнува од азискиот континент,а во Македонија се пренесува со доаѓањето на турците.Најголем дел од површините се сеат во кочанскиот регион (над 3500 хектари годишно),но мислам дека има и некои помали површини во велешко.По хектар просечно дава род од 5500 кг.
Цените овде во Кочани што ги нудат трговците се катастрофални 37 денари килограм.Пред 2 години во ова време цената на оризот достигнуваше цена од 1 евро за килограм(60 денари).
Што мислите вие за оризопроизводителството во Македонија,дали има на членови на форумот кои што се бават со одгледување и дали вреди трудот и маката за оваа цена на оризот?
Според мене цената е за никаде,има за преживувачка ама трудот и маката не вредат за оваа цена.На почетокот на жетвата оваа година беше направен и договор меѓу министерот и земјоделците минималната цена на оризот да биде 42 денари,и тоа за трета класа ориз,45 за втора класа и 47 денари за прва класа ориз,но ветувањата и договорите никако ги нема на дело.