Трифун Костовски ќе го обновува Р.К. Кометал Ѓорче Петров!

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
На синоќешното издание на дневникот на ТВ 24 вести бизнисменот Трифун Костовски потврди дека се враќа во ракометот....:)
Малку неочекувана вест,не очекував Трифун да се врати повторно во спортот,ова е многу пријатно изненадување....
Ќе се обнови некогашниот европски првак,ќе се формира нов Управен одбор во кој главен збор ќе има компанијата Кометал.......
Амбициите на клубот од почеток ќе бидат скромни,со тенденција клубот од година во година да расте....
Како база за селекција на играчи за почеток ќе се искористат школите на Индира Кастратовиќ и Милева Велкова...
Ако е вистина ова,е во секој случај одлична вест за ракометот во Македонија...
Фалат повеќе луѓе како Трифун,кои го сакаат спортот и кои допринеле многу за развојот на оваа игра...
Ете и Вардар прави сериозен проект,па можеби ќе тргнат работите во женската лига на подобро....
 
Член од
24 јануари 2011
Мислења
523
Поени од реакции
148
Ова ми се домаѓа....
Вардар прави сериозен проект кој доколку стане реалност не само во Регионалната лига туку и во Европа ке биде сериозен конкурент.
И ова ако се оствари Кометал повторно да заживее ќе имаме супер интересно домажно првенство во кое ќе се борат повеќе екипи а не како во изминативе 20 години уште пред да поче се знае кој е шампион...
Нормално тука е и Металург
Ај се надевам ова ке е оставри и ќе имаме 3 моќни тимови кој ќе конкурираат и во Европските купови за висок дострел (y)
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596
Кој кретен е значи овој Трифун , која е поентата од европски шампион да го доведе на дереџе на банкрот и после пак да опоравува нешто , а можеше да си држи констатно доминација со таквиот Кометал во Европа.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
Кој кретен е значи овој Трифун , која е поентата од европски шампион да го доведе на дереџе на банкрот и после пак да опоравува нешто , а можеше да си држи констатно доминација со таквиот Кометал во Европа.
Kретен кој сфати дека фрла милиони за задоволство на некој друг?
Не го сакам човекот, ама не се ценеше доволно неговиот труд околу Ѓорче Петров. Тоа посебно важи за македонските ракометарки, кои имаа прилика да учат од врвни ракометарки и тренери.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596
Kретен кој сфати дека фрла милиони за задоволство на некој друг?
Не го сакам човекот, ама не се ценеше доволно неговиот труд околу Ѓорче Петров. Тоа посебно важи за македонските ракометарки, кои имаа прилика да учат од врвни ракометарки и тренери.
Не гледај така , нема он многу загубено пари со Кометал , дури мислам и дека е во ќар ... Ама човекот реши да си шири други бизниси , и си вика доста е , освоивме се што можеше со Кометал , потоа сакаше да направи доминација во друг спорт со Работнички (ако не се лажам) ама не му успеа , за после да влезе во политика.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.818
Поени од реакции
11.445
Ајде ајде , ќе се развива рукомет, ќе се перат парички. Со среќа нека е!
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
Не гледај така , нема он многу загубено пари со Кометал , дури мислам и дека е во ќар ... Ама човекот реши да си шири други бизниси , и си вика доста е , освоивме се што можеше со Кометал , потоа сакаше да направи доминација во друг спорт со Работнички (ако не се лажам) ама не му успеа , за после да влезе во политика.
Не брат, од ракомет не можеш да бидеш во ќар, уствари можеш, ама не во Македонија.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.357
Поени од реакции
8.459
БИЗНИСМЕНОТ И ЕКС-ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ УШТЕ НЕ КРЕНАЛ РАЦЕ ОД РАКОМЕТОТ
Трифун Костовски: Можеби ќе го возобновиме Ѓорче Петров
Македонскиот спорт не познава пострастен и поамбициозен мецена од Трифун Костовски. Сe што допрел, претворил во шампион, но приказната за Кометал Ѓорче Петров е уште понестварна за овие простори.
Веќе неколку години надвор од спортот, Костовски денес е горд сопственик на сребрена плакета на Европската ракометна федерација, своевиден сувенир за триумфот во Лигата на шампионите во 2002 година, како и на реплика на трофејот на европскиот Суперкуп.
- Вложивте толку многу во Ѓорче, задоволни ли сте само со еден трофеј од Лигата на шампионите?
Костовски:
Апсолутно! Тој ми е доволна сатисфакција. Тој нема цена денес. Во сите анали останува запишано дека таа година европски првак бил Кометал Ѓорче Петров. Таа инвестиција нема цена. Моите амбиции отсекогаш биле да се биде прв, не во Македонија туку во Европа, и од тоа никогаш не сум отстапил. Горд сум што, во меѓувреме, се отворија бројни ракометни школи, што значи дека се негува култот кон титулата која ја освои Ѓорче.
- Денес тешко може да ве видиме на натпревари, но дали задржавте контакт со вашите бивши ракометарки?
Костовски:
Иако не често, имам извонредна комуникација со сите што се тука. Кога ќе се видиме, бликаме од радост за оние минати времиња, за нешто што заедно сме го оствариле. Во клубот постоеше невидена симбиоза и доверба меѓу играчите, управата и мене, како спонзор. Многу ми недостигаат сите тие патувања низ европските престолнини. Како да ми се откина дел од душата, но реалноста е таква.
- Да треба да изберете омилена ракометарка, тоа би била...?
Костовски:
Сите ми беа омилени, како мои деца. Објективно, Индира има посебни заслуги, но тука се и Нацева, Велкова, Тодоровска, Платон, Пецевска... Сите тие беа важни камчиња во еден голем мозаик, и сите дадоа максимум во дадениот момент.
- Изненадени ли сте што клубот толку бргу пропадна по вашето повлекување?
Костовски:
Чувствувам една болка за тоа што се случи. Бевме 15 години во врвот на европскиот ракомет. Не велам дека имам грижа на совест, зашто направив сe што можев во дадениот момент, но тешко ми паѓа што клубот, со кој се идентификуваше целата држава, денес не постои. Често се прашувам дали самиот имам вина за тоа, дали можев некако да го спасам, но по долги анализи, пред сe, на самиот себеси, дојдов до заклучок дека потегот да се повлечам беше најисправен. Реалноста беше таква, што веќе не можев да го одржам тоа темпо на финансирање на клубот, кој беше среден во секој аспект. Сепак, не очекував од новите луѓе што дојдоа дека ќе го згаснат клубот, и тоа е жално. Можеби пак ќе успееме да го вратиме, што ќе биде системски, со мали чекори.
- Значи, не сте кренале раце од Ѓорче Петров целосно?
Костовски:
Како да се откажам од нешто што е длабоко вкоренето во мене? Можеби следниот чекор ќе биде да се возобнови клубот, да го оставиме тоа на времето. Нашиот семеен сентимент е кон Ѓорче и ако утре влезам во спортот повторно, би се вратиле на изворните корени на Ѓорче. Би го граделе од најниските гранки и полека би оделе напред. Но, ќе повторам, моите амбиции никогаш не се ограничуваат на Македонија.
Г. Конев
Фото: Б. Грданоски
Pak ima bendisano nekoja rakometarka sto ke se vraka :facepalm:
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Забораивте дека и он го крена на тоа ниво..кој е крив што никој друг не се заинтересира за кометал..
кај шо бургија не буши, парите бушат. Никој не рече дека тој не го крена на тоа ниво. даваше пари, после ги запре изворите....Сега пак...или константно нека вложува...Или неке не зафркава. Европски шампион, згасна по некоја година....
 
I

Iblis

Гостин
Оф-топик
кај шо бургија не буши, парите бушат. Никој не рече дека тој не го крена на тоа ниво. даваше пари, после ги запре изворите....Сега пак...или константно нека вложува...Или неке не зафркава. Европски шампион, згасна по некоја година....
Се повлече оти почнаа да му маваат рекет, не му одговараше "муабетот" и си отиде.
Он-топик
Секако оваа одлука е за поздрав, со добар спонзор, работите одат секојпат побрзо.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.027
Поени од реакции
12.533
Не ми е јасно дали Костовски не е со сите, или глуми будала во здрав мозок.

Самиот јавно и отворено изјави дека жали бидејќи се врати во Македонија и дека кога би можел да го врати минатото назад, никогаш не би се вратил во Македонија и не би инвестирал ни денар.

Што се однесува до Кометал Ѓорче Петров, откако тимот изгуби во финалето на Лигата на Шампионките во 2005, истата година Костовски беше избран за градоначалник на град Скопје и истата година Костовски спомна дека планира да го инвестира својот капитал во ЕуроБанка и во Порцеланка, која ја преименува во Керамика Нова, поради што Кометал Ѓорче Петров му остана на последно место на неговата листа на приоритети, доколку воопшто го имало на неговата листа на приоритети после 2005 година.

А да не ги заборавиме чаршиските муабети кои се говореа во периодот од 2005 до 2009, дека Костовски ги проституира ракометарките, а неговиот главен макро им дава плата на рака, односно на црно, наместо на трансакциска сметка (добро, тогаш сеуште се нарекуваше тековна сметка, а не трансакциска), за нивната легална работа како ракометарки во Кометал Ѓорче Петров.

Доколку овие приказни дека Костовски планира да го рестартира Кометал Ѓорче Петров се вистина, воопшто не верувам дека тоа го планира поради неговата љубов и поради неговиот интерес кон ракометарскиот клуб и кон ракометот.

Костовски од поодамна на дело покажа и докажа дека секоја негова инвестиција е исклучиво за пари, а не за да помогне во одредена област во македонската економија или во македонскиот спорт, што е сосема разбирливо, секој бизнисмен кога инвестира пари во нешто, тоа го прави со првична цел истите тие пари да се размножат, но Костовски како бизнисмен е дволичен лицемер и не е искрен со јавноста, па затоа и ваквите приказни и/или ветувања за рестартирање на Кометал Ѓорче Петров од страна на Костовски воопшто не треба да се сфатат како искрени и како добронамерни кон ракометот, кон обожавателите на ракометот и кон ракометарките.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom