- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 365
- Поени од реакции
- 112
Не е така. Национализмот сам по себе си има негативни работи, не би требало да бидеме националисти. Тоа не значи дека не треба да бидеме ни патриоти. А не патиме од патриотизам во тоа биди сигурен. И да, развиените земји сметаат дека национализмот е идиотштина, пр. Брејвик, Гадафи, Хусеин и мн др. Е полека зборуваш разумно, и јас викам кога ќе научиме дека Македонија не е на поединци или институции или политичари. Но за жал е така. Премногу сме изполитизирани што го изгубивме разумот, дозволивме институциите кои работат од наши пари да ни бидат газди и да ни продаваат секакви приказни, да не впуштаат во секакви игри.Пак грешиш. Не е проблемот во членската книшка, ниту во различниот поглед на работите на Македонецот. Нормално е да има две противтежи, а и пожелно е.
Проблемот е што некои, и од ,,двата табора,, ги ставаат личните интереси пред заедничките проблеми. И да, проблемот ќе тлее се додека се организираат протести со заднина партиска - од било кој табор.
И се додека е така, јас НЕМА да излезам ни на протест, ни на контрапротест, на ништо.
А најглавниот проблем кој го има Македонија, е немањето ни грам национализам, да знаеш. Погледни развиениве земји, дал некоја од нив смета дека е идиотштина национализмот, баш напротив. Кај нас е само проблем да кажеш дека си патриот. И се додека е така, ќе имаме проблем. Кога ќе научиме дека Македонијна Е поважана од дневната политика, и од тоа на каде дува ветерот, ќе научиме и како да ја одбраниме.
Ете дојдовме и до првиот дел од твојот пост. Значи не е проблем во различните погледи на Македонецот. Проблем е што Македонецот нема поглед надвор од партискиот. Во СФРЈ имало едноумие, сега имаме само „демократско едноумие“. Значи едноумие во два табора. Ајде кажи ми ако можеш еден пример на член на партија што се спротивставил на партискиот врв и не бил силеџиски неутрализиран. Еве ќе бидам и радикален, кажи една ситуација во изминатите 20 год. кога државните интереси биле пред партиските? Исто е и во албанскиот блок. 90% денес беа членови на ДПА.
И за крај само ќе парафразирам, Кога ќе научиме дека Македонијна Е поважана од дневната политика, и од тоа на каде дува ветерот, ќе научиме и како да ја одбраниме.