Дејан Митров и Љуљзим Вренези ќе бидат единствените наши борачи кои претстојниов викенд на последниот предолимписки турнир во Хелсинки, Финска, ќе се обидат да стигнат до визата за Олимпијадата во Лондон.
Иако, претходно се најавуваше учество и на Дејан Богданов, сепак, како што велат од Федерацијата за боречки спортови на Македонија, по повредата тој не е подготвен да се соочи со предизвикот за пласман на ЛОИ 2012.
Според очекувањата, реални шанси за пласман на Олимпијадата му се даваат на Дејан Митров кој претходно и на турнирот во Софија, Бугарија, остана на само чекор од визата. Со двајцата македонски борачи денеска во Хелсинки патува и тренерот Гари Модосјан.
„Сметам дека Митров, од сите наши спортисти во индивидуалните спортови, е најблиску до виза за Олимпијадата во Лондон. Искрено очекуваме од него од Хелсинки да се врати со олимписка виза“ – вели претседателот на Федерацијата на боречки спортови на Македонија, Чедо Николовски.
плус Атанас Николовски од 9-13 Мај во Аусбург Германија во дисциплината К-1(кајак)
и нашата најголема надеж--Кошаркарите
останатите можат да добијат вајлд карта----од пливачите сигурно ќе му дадат барем еден
би било добро да имаме 12 кошаркари+ еден борач(за Дејан Митров велат сигурно се пласирал)+ кајакарот(и за него исто така мислам сигурно се квалификувал)+ еден или двајца пливачи