Фан клуб: РК Пелистер

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Каков најдобар град за водење бизнис?:pos:
Не зафркавајте....
Каков бизнис какви бакрачи...
Во Битола има се само нема бизнис...
Се преполни периферијата со грчки мини фабрики за текстил...
И од нив ќе чекаме да вложат?Тие на жените по 100 евра не им даваат за плата....
Циле е позната приказна....:нинџ:
Од Млекарата се виде....
Останатите големи фирми како Квасара,Цермат,Синпекс не се замараат за спорт ич...
Исто и со Млин Стојчев...
Тие нејќеа да фрлат по 2,3 000 денари за најобична реклама на утакмица,па сега ќе се рекламмираат со спонзорство,нема шанси...
Да видиме сега мафијашот Камчев,ако загризи да сврти некоја банка....
Зеде добри брендови,Зик Пелагонија и Стопанска АД Битола,се добри можности за спонзорство..
И останува Пиварата,да видиме дали луѓето шо го имаат главниот збор таму ќе се заинтересираат за вложување во спорт...
Рек ако сакаа да даваат појќе пари ќе даеја,ама се е бизнис овде,дај ми тендерче,на ти некоја банка за спонзорство....
Барем така беше досега...
Ќе видиме дали ќе се смени нешто и со нив,наводно имаше муабети дека ЕЛЕМ ќе биди послободен од нова година да влегува со поголеми спонзорства во спортките екипи?(не знам колку е веродостојна информацијата).....
Од општина и сите јавни претпријатија нема шо да се надеваме...
Посебно не од нашите претпријатија...
Видовме каква тешка бирократија е таму и како бавно одат работите...со префрлање ветени пари(фк пелистер)....
И грото од другата БИЗНИС ФЕЛА :X3: шо заборајв се газди на кафичи,локални мангупи и сл.....
Ова е Битолската економија...
И кој ќе вложи почетен капитал од 80К по сезона...?
Никој....во моментот освен РЕК,Пивара и Камчев не гледам некој субјект кој би помогнал било како во спортот...
Иста приказна е со ракометот во Скопје...
Нема шанси по авантурата на Михајло и Минчо да се најдат нивни наследници....гарантирам за ова...
Ракометот не е профитабилен спорт како фудбалот,па да се свртат лесно парите....
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.246
Поени од реакции
1.621
Невозможно е да се играат два натпревари во еден ден со исти играчи, и ако стварно тоа е договорено и РФМ го одобрила тогаш самиот натпревар не се рачуна за регуларен, сето тоа е прцизно опишано во правилата и прописите за организирање на натпревар при статутот на РФМ, кој сака може да да отвори на страната на РФМ и да го прочита тоа. Кој е тој што може да си дозволи да организира два натпревари во ист ден, да ги оптоварува играчите до граница на неиздржливост. Сигурно е некоја грешка доколку не се работи за грешка мислам дека треба да се информира ЕХФ за непочитување на РФМ на мегународниот стату за организирање на ракометни натпревари, за самоволието на големите клубови.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
^Ова мислам дека е точно. За ракомет не знам, но за фудбал дури не смее да се одиграат ни два натпревари на ист терен(пример Интер и Милан на Сан Сиро) во рок од 24 часа. А овие играат ракомет два натпревари, два исти клуба, во рок од 6 саати.
 
Z

ziko bt

Гостин
Статива :P
Не бе која партија само фотељата е важна работното место некој динар и мал тендер итн.. за партијата сите ги боли кур да дојдат другите сите со петокраките на чело ќе шетаат сега што се сите големи лавови(антиквизатори) се прозирно и пролазно само ПЕЛИСТЕР е ВЕЧЕН и БИТОЛА !
То ми беше поентата,битното му е да не изгубат поени во партијата,а со то да просперират во делењето на работни места и тендери...
Ако не се лажам еден од челните луѓе тазе е примен во државно претпријатие да речиме,па за то ни малце не ме чуди оти не се нафакат да одржат протест против власта или во случајов против негрижата на Двојче(вмро) за спортските клубој
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
Сигурен сум дека ако сака во Битола има кој да дај пари,има фабрики кои добро функционираат и можат да издвојат за клубот ама то во денешно време тешко оди!Ете пиварата како новопечена можи да се ургира па да се види шо ќе биди,остнаатите како РЕК,квасара и тн,се виде од нив..
Освен ако некој од големите не го земи клубот ништо не прај било кој ракометен клуб во Македонија,само ветувања и залажувања ќе има пак како и секоја сезона..Двојче сигурен сум дека ги изгуби гласојте кај добар дел од граѓаните кои се околу спортот,кои пратат како одат работите и јас ќе почнам од мене шо нема да гласам за никој!
За подобрување на ситуацијата да не бидам скептик,ама стварно не гледам излез,пошто за да функционира еден клуб потребни се многу работи,а ние ниедна не исполнуваме,а за да има и некоја рамнотежа во Македонија треба да сјачаат и другите клубови,оти лигата е смешна
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Резултат од двомечот со скопјани?
 
Член од
3 март 2008
Мислења
151
Поени од реакции
56
Utre vo 18.00 direkten prenos na mtv....Rk Kumanovo - RK PELISTER...bar taka najavuvat deka ke davat...a znaejki ja mtv nisto cudno i da nema:vozbud:
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.339
Поени од реакции
5.370
Првата утакмица со Металург се трпи некако...
Ама втората :eek: :гомце:
Нашите имат лазено по паркет :)
Незнам зошто и воопшто отпатуваа за Скопје, само да му излезат во корист...
Дај му ги двете службено по 20:0 и пријатно...

Утре очекувам пораз од Куманово...
Подобра екипа се од нас, тие Битола не победија не па таму... ќе не сомелат...
Очекувам пораз од 7-8 разлика...
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Така е пораз од 15 разлика се очекува шо се 7-8 ....
Ех бееее.....:mad:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
На првата утакмица со Металург до 35 минута Пелистер имаше нерешено..
После ги чапнале малце судиите и не решија за брзо...
Не дека немаше да не тепаат барем 7,8 разлика...ама Пелистер изиграл доста добри 40 ина минути шо не е мала работа кога играш со Металург...
Играа со прва постава,со Мојсо цело време....
На втората утакмица играа младинците и поразот од 25 разлика не е за чудење.....
Не треба да се гледа на овие резултати со презир,реалноста е таа....
За жал,не е ни малку розова ситуацијата....
Да се изигра уште некое коло и да заврши еднаш оваа сезона,можеби најразочарувачка од сите досега....
За денес со Куманово,не знам дали ќе игра за Куманово Оса,ако не игра можи имаме некои шанси....
Се зависи од нас,не се толку поквалитетни колку шо се посредени од нас,плус имаат предност на домашен терен...
Ама од друга страна па не е и толку важно,та сме биле 3,4,5 исти курац....
Ако биди пак другата сезона вака подобро и да не одиме во Европа....да не се срамиме....
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Добро бе на шо дрога се фрлени овие од МТВ???
Салам се или не се
Само си играт со нас, таму на програма пиши ке има сега нема:mad:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Да ти ебам петпарачката телевизија да ти ебам....:mad:
Ете ја најавија како снимка во 23и30...
Се да ви ебам клошари едни......
За кур не ве бива,еден пренос не можите да реализирате.....:tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom