Koга Агим,Африм,Алили и нивните прикривачи ќе завршат во затвор како резултат на несоборливи докази за убиството ќе побарам од тебе да си ги повлечеш зборовите и јавно да се извиниш за твојата заблуда(освен ако си бил уверен дека тие ќе завршат во затвор оти се вистинските сторители и ги штитиш по секоја цена).
Тоа се бара. И кога тоа ќе се случи, јас ќе си ги повлечам зборовите и јавно ќе се извинам.
Вашето повлекување и извинување пример мене не ми треба ако се случи обратното невини луѓе лежат затвор/притвор. Нема ни да ве наречам вас, форумџиите, конретно тебе Max Legend "апсител на некој само бидејќи е Албанец".
Не сакате да разберете дека во оваа фаза ние, обичните граѓани, носиме мислење според информациите кои МВР ги пласира во јавност. Тоа што досега МВР го пласираше во јавност, мене не ме убеди дека уапсените се вистинските сторители. Кај вас 60% од убедувањето доаѓа од самата националност на уапсените. Замислете вистински за момент дека уапсениве се тројца Македонци. Според она што го прикажа МВР, дали и колку сте убедени дека тие се тие?
Проблемот е што вие цело време сакавте да бидат Албанци, кога најпосле осомничија Албанци, не сакате ни малку сомнеж да прикажете. Божем Македонците не знаат да бидат монструми, иако нај монструозните дела во последните 5 години ги беа извршиле Македонци.
Мал офтопик, мило ми е што протестот беше мирен, иако бевте убедени дека ќе има кршења на дуќани и тепање на невини Македонци. Освен еден член што рече дека скандирале УЧК, за кое ич не ми чуе стапов, кога ќе ми текне што скандираа вашите пред 3 недели.
И овие не биле радикални исламисти?
Не си ти крив, толку разбираш дека зеленото знаме е Исламско, а не на некоја земја. Проблем е кога тебе некој ќе ти прочита, и ќе ти поверува, бидејќи ќе помисли ти знаеш повеќе од него, начитан си, си видел, си прошетал.