Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Интерпол ќе трага по двајцата осомничени за убиството кај Смиљковци кои се во бегство
Кривичната пријава за тероризам што ја поднесе МВР за петкратното убиство кај Смиљковци е прифатена. Тоа, како што информира денеска министерката Гордана Јанкулоска, практично значи дека сите материјални докази кои МВР ги приложи до судот биле доволно убедливи за да се утврди првичната мерка притвор и понатаму да се продолжи истрагата.
- Во изминатите 48 часа интензивно работевме до условно речено заокружување на онаа фаза од истрагата која значи поднесување и прифаќање на кривичната пријава. Според моите информации од она што се случувало пред истражниот судија, на 10 лица за кои се сомневавме дека се вклучиени во криминални активности, од кои пет се осомничени за кривично дело „тероризам“ веќе им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, а на дополнителни 10 од приведените при акцијата од финалната фаза од операцијата „Монструм“ им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, изјави министерката за внатрешни работи по промоцијата на Практикумот за постапување во случаи на семејно насилство, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители во скопскиот хотел „Александар Палас“.

МВР продолжува со дел од вештачењата кои се уште не се завршени бидејќи се работи за голем материјал за кој е потребно дополнително време и истрагата во таа насока продолжува и понатаму.

Јанкулоска истакна дека најважно во овој момент е да се направат сите потребни дополнителни напори за да се обезбедат преостанатите две лица за кои во текот на денешниот ден ќе биде распишана меѓународна потерница.

- Тоа значи дека веќе од денеска по нив ќе трага и Интерпол и практично целосно да се заокружи овој случај, а понатаму да му оставиме на судот да ја донесе финалната одлука. Иако она што можев да го чујам вчера од изјавата на обвинителот евидентно е дека ќе се инсистира на максималната казна која ја предвидува нашиот Закон за вакво кривично дело. Уште од првиот момент кажавме дека ги бараме сторителите на терористичкиот акт на грозоморното убиство, но во финалната фаза од операцијата јас потенцирав дека се приведени 20 лица по разни основи, а дел од тие основи се недозволено поседување и растурање оружје и распрскувачки материјали што само по себе е доволно тешко кривично дело, изјави министерката за внатрешни работи.

Од самиот почеток на истрагата, МВР имало прелиминарни согледувања за бројот на извршителите кои, посочи Јанкулоска, понатаму се потврдија како точни до овој момент до кој сме дојдени во истрагата.

- Но, несомнено за да се изврши терористички акт и кривично дело со толку тешки последици се претпоставува дека тие лица коишто се непосредни директни учесници во терористичкиот акт имале директни конекции, поддршка и логистика. Токму заради тоа беше потребно да се направат повеќе анализи, да се извршат разговори со повеќе лица, да се направат проверки кои целосно ќе ја расветлат ситуацијата, рече таа.

До овој момент, информира Јанкулоска, имаме направено анализа на дел од оружјето кое беше пронајдено при претресите и се уште не е утврдено дека тоа оружје се совпаѓа со оружјето кое беше употребено при извршување на кривичното дело. Во оваа насока, потенцира, продолжуваат сите истражни дејствија и анализи кои би можеле да потврдат дека одредено конкретно оружје е употребено за извршување на ова кривично дело.

- Сакам да потенцирам дека дури и без овој аспект на истрагата и без овој доказ имаме доволно материјални докази кои потврдуваат кои се сторителите на ова дело, потврди министерката за внатрешни работи.

Лицата на кои им е определен 48-часовен притвор не се товарат за кривично дело „тероризам“.

На новинарско прашање дали извршителите на убиството имаат врски со групи од надвор, Јанкулоска со одговор дека во оваа фаза на истрагата рано е да се зборува за тој аспект на евентуална поврзаност бидејќи МВР нема се уште прецизна информација за тоа што лицата кажале пред истражниот судија.

- Ако има какви било индиции во однос на кои истражниот судија преку Обвинителството ќе нареди да постапиме, ние и ќе постапиме во интерес на целосно документирање на кој било аспект од истрагата. Но, во оваа фаза рано е да се зборува за тоа, повтори Јакулоска.

При терористичките акти, подвлече таа, не секогаш жртвата е поврзана директно со сторителот и тоа всушност, укажа, се повтори во грозоморното петкратно убиство. Се работи за жртви кои немале никакво претходно криминално досие и кои воопшто немале ни контакт со лицата осомничени за тероризам.

- Тие сакаат да постигнат вознемиреност кај населението, немир, недоверба кон институциите што понатаму би можело да резултира со други последователни настани. Во конкретниот случај со Смиљковското Езеро македонското општество покажа висок степен на зрелост покажувајќи доволно трпение за да можат институциите целосно да ја завршат работата и притоа да не дојде до нарушување на безбедносната состојба и провоцирање на дополнителни немири, оцени министерката Јанкулоска.

Ќе видиме колку ќе е успешно,имам човек што е на голема позиција на Интерпол во Македонија(конкретно началник) ќе пробам да дојдам до информаии,мада се сомневам да добијам.

Нека мрдне ако смее,крц отиде раката :D

Така е Интерпол не би покренал потерница ако нема докази...ама да се мрчело само....плус ако е во Белгија тој очекувајте дека брзо че го испратат.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
не гледам ама никаква причина утре да се оди на протест за било што.
како е напнато од двете страни се може да испадне.
може да биде да баравте гуштер да најдете змија.
секако ви е јасно дека освем на некој или некои, за сите останати ништо добро нема да излезе од тој протест.
искрено би се зачудил ако биде и остане мирен.
Никогаш не ја потценувајте моќта на глупите луѓе во големи групи.
Никогаш не ја потценувајте моќта на глупите луѓе во големи групи
Никогаш не ја потценувајте моќта на глупите луѓе во големи групи
Никогаш не ја потценувајте моќта на глупите луѓе во големи групи
Никогаш не ја потценувајте моќта на глупите луѓе во големи групи
 

te-ultra

ILLYRIAN
Член од
17 октомври 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
1.100
Не се у Шутка у Битолскиот затвор се, ова замисли си го како сцена од Том&Џери кога булдогот ја затвора вратата од куќичката и се смее злобно, а Том е внатре :D :drk:
Morbidno !!!! sepak samo ZAMISLA :)
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Morbidno !!!! sepak samo ZAMISLA :)

Не е замисла во Битолскиот затвор се ;) Па уште нешто поморбидно е ако се погодат да има некој брат/братучед таму од масакрираните војници од 2001....незнам они нека му ја мислат :D
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Mozes ti i poveke :) ne se somnevam ... :P
Што повеќе? Да те опцуе? Да го банираат?
Од петни жили се извадивте и Дарданинанајна и Принц и ти со вакви стари и веќе научени шљопонски финти да ги навлечете форумџииве на бан. И тука сте веќе прочитани.
Туку...што мислиш, после пресудата, во затвор, кога ќе го прашаат тој пљанинарот што пукаше во децата "Кој те силуваше бе", ќе одговори ли со "ма ја ње знам, ногу беа"...
 

te-ultra

ILLYRIAN
Член од
17 октомври 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
1.100
Не е замисла во Битолскиот затвор се ;) Па уште нешто поморбидно е ако се погодат да има некој брат/братучед таму од масакрираните војници од 2001....незнам они нека му ја мислат :D
ama posle ke treba da se zatvorat site vestacki ezera niz makedonija,ili pak ke ja promenat bojata vo Crvena Reka !!!!
aj ne tresi bez vrska...ako se sekavas na rastanski(osven ako ne si imal 3 zabi togas) ,togas isto vaka bombasticno se izleze pred mediumi i se udiraa po gradi deka ubile/uapsile/rasturtile banda od islamski teroristi--a na kraj sosema nesto drugo ispadna(montiran slucaj-sudski dokazan,platena osteta) se cini deka istoto ke se povtori,ova LUTKATA OD NASLOVNATA STRANA celi 4 nedeli bleda cela molcese a posle da se fali deka uapsila 70 godisna zena,koja navodno bila ``RAMBO 3`` vo afganistan i pakistan...
site ocekuvaa deka ke dobijat golema podrska za akcijata i borbata protiv terorizmot( na 2 nedeli pred samitot na NATO) a bukvalno site zapadni sili molcat i so rezerva ja primija ovaa akcija ...valda DBK e pojaka i posofisticirana od CIA,SAS ili MOSAD !!!
Greota samo za narodot,ispranite mozoci i vladinite megafoni ...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.777
факт 2: ПУШТЕНИТЕ цуро читај убаво,ако имале докази дека се тие зар би ги пуштиле :tapp:
Да, по ѓаволите БИ ГИ ПУШТИЛЕ, не се изрекува мерка притвор НА СЕКОГО.
Бабата ЧУВАЛА оружје, не одела да тепа луѓе. Не претставува опасност за светот околу неа според проценките на МВР.
Дај бре едуцирајте се малце, па после зашто не ебеле во здрав мозок, зашто не требеле, зашто ова, зашто она.... зашто се повеќе наликуваме на просечен Американец, поим за ништо да се немало и ништо да не те интересирало....
--- надополнето: 4 мај 2012 во 01:01 ---
Мислам дека во тие единици(специјалците) има многу малку Албанци. Нека ме поправи некој.
Затоа има многу инспектори Албанци. Специјалците не ја планираат операцијата, ја извршуваат. Односно, специјалците и немаат потреба да знаат многу детали, туку само кого да приведат.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Два дена по убиството киднал у Белгија фраерот а брат му ништо не знае:facepalm:

Изјава на роднините: "киднал у Белѓија затоа што видел дека ќе го уапсат без докази" :pos: Оваа видел треба ли да значи дека некој од МВР наш чесен и добар сограѓанин излајал дека ѓи откриле и дека ќе ѓи апсат? Од кај видел ? У сон му се јавило?
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
ama posle ke treba da se zatvorat site vestacki ezera niz makedonija,ili pak ke ja promenat bojata vo Crvena Reka !!!!
aj ne tresi bez vrska...ako se sekavas na rastanski(osven ako ne si imal 3 zabi togas) ,togas isto vaka bombasticno se izleze pred mediumi i se udiraa po gradi deka ubile/uapsile/rasturtile banda od islamski teroristi--a na kraj sosema nesto drugo ispadna(montiran slucaj-sudski dokazan,platena osteta) se cini deka istoto ke se povtori,ova LUTKATA OD NASLOVNATA STRANA celi 4 nedeli bleda cela molcese a posle da se fali deka uapsila 70 godisna zena,koja navodno bila ``RAMBO 3`` vo afganistan i pakistan...
site ocekuvaa deka ke dobijat golema podrska za akcijata i borbata protiv terorizmot( na 2 nedeli pred samitot na NATO) a bukvalno site zapadni sili molcat i so rezerva ja primija ovaa akcija ...valda DBK e pojaka i posofisticirana od CIA,SAS ili MOSAD !!!
Greota samo za narodot,ispranite mozoci i vladinite megafoni ...
што испаднало за раштански лозја? Сите обвинети од македонска страна беа ослободени од обвинение. Случајот е затворен останува официјалната верзија за настанот убиените беа терористи. И не превртувај зборови 70 годишна старица...е всушност 60 годишна жена кај која било пронајдено оружје никој не рече дека таа била во авганистан. Терајте, продолжете само напред, вака и тие 5% Македонци кои сакаат да ви веруваат им се отворија очите.
а што е и со Сопот? Судскиот процес го вратија на повторно судење обвинетите се уште обвинети не се ослободени, само сега еден доаѓа на судење друг не и така пак го развлекуваат судењето...
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Да, по ѓаволите БИ ГИ ПУШТИЛЕ, не се изрекува мерка притвор НА СЕКОГО.
Бабата ЧУВАЛА оружје, не одела да тепа луѓе. Не претставува опасност за светот околу неа според проценките на МВР.
Дај бре едуцирајте се малце, па после зашто не ебеле во здрав мозок, зашто не требеле, зашто ова, зашто она.... зашто се повеќе наликуваме на просечен Американец, поим за ништо да се немало и ништо да не те интересирало....
--- надополнето: 4 мај 2012 во 01:01 ---


Затоа има многу инспектори Албанци. Специјалците не ја планираат операцијата, ја извршуваат. Односно, специјалците и немаат потреба да знаат многу детали, туку само кого да приведат.
Точно дека чувала,ама имала ли дозвола да го чува тоа оружје?
Мене или тебе да не фатат со 5 калаша дома,на суд шо ќе викаме,онака ги чував бе не тепав нкого?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom