Иако не сум Бугарин, а искрено, и не ми се баш симпатични, ќе си земам слобода да ти одговорам нешто во врска со твоето прашање.
Бугарите не би требало да мислат ништо, бидејќи не би требало да ги интересира тоа нив.
Арно ама, имаат они еден дефект, едни недосонувани санстефански сништа, па пола Балкан, а најмногу Македонија ја сметаат онака романтично нивна, населението за бугарско, и си посакуваат Голена Бугарија, слично како Вие Голема Албанија. Знаеш... оној проектот за големи балкански држави, кои сите без исклучок, потајно си го посакуваат.
Е, сега, Бугарите како што гледаш, велат дека некој сака даја прикаже Македонија како место кое има тероризам, ова она... се со цел уназадување на државата во оние ЕУ НАТО аспирации.
И, секако, тие би ги обвиниле на прво место Србите, а после нив Вас.
А всушност, и тие спаѓаат во онаа група на која би и одговарала нестабилна Македонија, а, Богами, и на драго срце би лапнале уште нешто територија.