Тебе Принц дефинитивно ти фали некоја даска у тоа глаата.
Пет млади луѓе, од кои 4 деца, беа крвнички убиени. И покрај овој монструозен чин, Македонците успеаа да останат со ладни глави и сочекаа полицијата да си ја заврши работата. И сега кога тоа се случи, ти ќе одиш да протестираш за да им дадеш поддршка на осомничените!? Демек, нема шанси да се тие, пошо едниот бил фризер, а имало и 60- годишна жена?!
Како бе Принц не ми кажа порано за ова, да знаев дека е така, и ја ќе се запишев у Влахов, па после ќе праев што ми душа сака. А ако ме уапсеа евентуално, ти ќе протестираше во моја одбрана, пошо нели сите знаеме дека фризерите имаат ореол над глава и нема шанси да го прекршат законот. Али нема веза, ќе чекам да напунам 60 години и после мука неам, закон не ме фаќа, нели Принц?
Ја стварно не знам дали си ти нормален. Ќе протестирал зашто им бил нарушен угледот на притворените...Пет луѓе беа грозоморно убиени, а тебе ти е дојдено до угледот на некоја багра, и тоа само затоа што таа багра е од иста националност како и ти. Абе ако некој убие 5 души има да одговара за тоа, макар и роден брат да ми е! Ќе наведнам глава и ќе си ќутам, а не да одам уште да протестирам. И немој да ми почнуваш со тие innocent until proven guilty мантри, си има суд што ќе одлучи кој е виновен, а кој не, нема ти што да протестираш и да создаваш тензии. А и онака сите знаеме дека е тоа само претстава која има за цел повторно да ги прикаже Албанците како јадни и обесправени. Кутрите Албанци, наместо Принц и Дарданиа да им судат, они треба да излезат пред вистински суд...
Наместо да се секираш за угледот на банда криминалци, си помислил ли барем за миг како им е на семејствата на тие убиени деца?! Ма ти чуе тебе за нив, и онака не се Албанци...
Ја повикував на разум и сталоженост, тврдев дека нема потреба да се одмаздуваме на невини Албанци, али да си ми пред очи, стварно нема да одговарам за постапките! Не си свесен колку иритираш со глупостиве што ги тресеш!