Ќе изгуби америка интерес за балканов, тек тогаш ќе биде интересно. Океј ќе беше да имаше некој протест деновиве, да се бара максимална казна, ама да не почнат немири сеа пред самитов на НАТО.
Ниедна светска сила, посебно не Америка, никогаш нема да изгуби интерес за Балканов. Според мене баш сега овие пар години е намален интересот, но не целосно изгубен, бидејќи од геополитичка гледна точка интересот за Балканот не може и не смее да се изгуби. Сега како што можеш да забележиш главни светски центри на жаришта и интерес е Блискиот исток, ама Балканот си е секогаш на агендата. Некогаш повеќе, некогаш помалку.
НАТО алијансата нема толку лесно да го остави Балканот така, не верувам дека би и оставиле простор на Русија да го зголемува своето влијание на Балканот, кое секако дека може да го наметне доколку останатите го игнорираат Балканот. И така се во круг...