Eleanor, а зошто тебе би ти требал некој за да се чуствуваш сигурно и заштитено. Не си способна сама да се грижиш за себе, мора некој друг да го прави тоа? И тоа нема врска со љубов, тоа веќе преминува во потреба некој да се грижи за тебе. Љубов е нешто друго. И не жените не се послаби личности, жените можеби
некогаш (сега има жени кои можаат да им парираат на мажите во физички изглед и сила

) биле послаби во физичките карактеристики, но тоа нема врска со послаб карактер или личност. Испомешани ти се тебе поимите.
Да се вратиме на темата.... Мене ме има изиритирано фактот (а со тоа и пријателите Христијани ме изгубија од нивните редови), кога се тврди дека единствената просветленост и допир на жената со Бог, е преку нејзиниот маж. Тоа е многу понижувачки и неправедно. Зошто мојата верба во Бог да се мери со тоа колку јас го почитувам тој кој сум го избрала за доживотен сопатник (а поради мојата човечка природа, можеби сум погрешила во изборот, и тој сопатник не заслужува моја почит)
Ако претпоставиме дека Бог не создал рамноправни, живи суштества на Земјата, тогаш врската Бог - Жена, треба да си биде без посредник и без услови од типот „Ако тоа го направиш жено, значи ме сакаш за твој Бог“