Исто како пред 20-30 години , кога за една книга која ќе ти ја најдеа дома те прогласуваа за непријател.
Но денеска , во време на интернет , кога секој може да чита различни книги , во време кога ни прават кампањи Знаењето е сила , Знаењето е моќ ... да те уапсат заради верски книги кои ги читаш , верујте не е на арно.
Не смеам да читам книга за Фашизмот , Комунизмот , Големобугарски , албански , српски идеи , да читам книга за хомосексуалноста , за сериските убијци , итн ... пошто тоа МВР ќе го употреби како Доказ против мене , и ќе го интерпретира како моја Идеолошка Припадност.
Во оваа држава не смее човек да мрдне ... заради немање на слобода на граѓаните ... денес ни дојде рапортот ... Македонија на последно место во Европа по слобода на медиумите , пониско од некои банана републики.
Како што велат и некои тука ... пази што пишуваш ... милиција те чита.
Денеска радикален исламист те прогласуваат за пуштање на брада и за држење дома литература која се продава по книжарите.
По потреба , дури и албанското знаме се зема како доказ ... иако таквото се вее пред 16 општини.
Поголемо количество оружје: Автоматска пушка и четири пиштола , една бомба и неколку различни куршума ?!
Да претресеш 26 објекта, да приведувате 20 лица , за кои велите дека се работи за опасна група радикалци , а една автоматска пушка и четири пиштола да ги наречеш поголемо количество оружје ... јас го сваќам како себефалење на МВР.