Сега Дардан-иа ќе ти каже дека не му е јасно зошто албанското знаме и Куранот се приложуваат како доказен материјал. Што сакаат да кажат со овие слики не ми е јасно.
Стотина албанци биле дел од УЧК , имаат слики од 2001ва со униформа и оружје ... ги чуваат дома , но сепак служат во МВР или во некое од министервата.
Нека ме уапсат и мене , пошто и јас имам албанско знаме и Куран.
Патем никој не ми објасни , како тоа Професионални убијци , оставиле толку многу трагови.
Или можеби намерно МВР ги нарече убијците за професионалци , за ако ги уапсат , да биде тоа голема операција , која ни ФБИ и ЦИА не би можеле да ја остварат , а со тоа да остварат политички поени.
Потоа , како тоа , Радикални Исламисти полно со албански знамиња и со слики на албански херои ?
Или можеби целта им е пред самитот во Чикаго , да се прикажат дека се борат против радикалниот Исламизам ... а ако Македонија остане надвор од НАТО , тогаш постои опасност терористите да се приближат кон Европа.
Мене ова повеќе ми личи на акција за заплена на оружје.