Масони

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.249
Поени од реакции
12.262
Во врска со односот кон полигамијата - тоа што заборавив да споменам, а обично го правам - тоа е мој личен став. Ако двајца (или повеќе) возрасни луѓе, по своја воља решат да живеат на одреден начин - тоа е нивно право, се додека не се нарушува правото на живот и избор на другите.
Ми се допаѓа. (y)
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
117
Поени од реакции
35
Zidarski каков е односот према кандидатите кои имаат оштетен вид или слух, ме интересира поради податокот дека Wolfgang Amadeus Mozart бил комплетно глув, а има податоци дека последните години од животот посетувал неколку ложи и создал неколку дела кои се посветени на масонеријата. Глув човек е невозможно да се води низ ритуалниот дел при првиот степен. Мене ми стои дека се направени некои отстапки при иницирањето, незнам како поинаку би бил прескокнат тој дел при првиот степен.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Искрено - не сум слушнал до сега дека Моцарт бил глув. Бетовен, да.
Може да се изведе ритуалот и со глув, дури и со слеп човек. Потребна е посебна "диспензација" за да се изведе таков ритуал, затоа што мора да се адаптираат одредени работи (без да се менува ритуалот - адаптацијата е само во миз-ан-сценот) и само Големата Ложа може да издаде таква дозвола.
Инаку, Моцарт бил многу активен масон и напишал многу дела кои или имаат масонска конотација, или пак се користат во ложа (и ден денес) за време на ритуалната работа. Многумина не знаат дека многу од неговите познати опери, и многу од неговите инструментални творби се всушност со масонска симболика или напишани специјално за употреба во ложата.
 
Сум утнал за Моцарт, погрешен податок. Дали си присуствувал на таков ритуал?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Не на ритуал за глув кандидат, но сум присуствувал на ритуал за слеп кандидат. Нема причина зошто би било неизводливо.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Што се однесува до Смит - во моментот во кој станува масон, не е полигамист. Ја воведува полигамијата во Мормонската црква дури во 1843-та година. Во Август 1842-ра година, неговата ложа (и неколку други) се суспендирани од страна на Големата Ложа на Илиноис, заради непочитување на правилата. Подоцна забраната е подигната, но набргу повторно е наложена, повторно заради непочитување на правилата (пред се - начинот на кој се примаат членови). Не се ни стигнува до дискусијата за полигамијата, заради тоа што веќе има други причини за забрана.
Како што реков, не ти се точни податоците. Смит бил полигамист веќе во 1833. Бујрум листа. Масон станал во 1840. Значи веќе бил полигамист.

By the 1840s, however, Smith and several prominent Mormons had become Freemasons and founded a lodge in Nauvoo, Illinois, in March 1842. Soon after joining Freemasonry, Smith introduced a new temple "Endowment" ceremony including a number of symbolic elements that were essentially identical with their analogues within Freemasonry. Smith remained a Freemason until his death; however, later Mormon leaders distanced themselves from Freemasonry.

Пред да ја воведе полигамијата во 1843, Смит бил веќе полигамист со тапија. Во август 1842 Смит имал 17 жени.

Мене лично не ме шокира полигамијата на Смит (ниту било чија) и сосема ја разбирам во рамките на една полигамна култура. Ја поврзав со масонеријата преку Џозеф Смит поради стандардите кои ти ги дискутираше.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Смит никогаш не бил некој пример за масон. Според мене (а и според критериумите на масонеријата) - никогаш не требало да биде примен - и тоа не заради полигамијата, а заради многу други проблеми со неговата личност и карактер, а потоа и со законските проблеми кои ги има низ цела Америка.
Во конкретниот случај, а во врска со неговата полигамија - тој (а и неговото опкружување) ја чуваат во тајност. Прв пат полигамијата се спомнува јавно во 1843-та година, така што не е фактор при неговото зачленување (односно, не верувам дека е позната на членовите на ложата која го прима).
 
Зидарски, го разбирам и почитувам твоето мислење за Џозеф Смит. Меѓутоа, во твоите првични постови ти тврдеше дека тој не бил полигамист кога бил примен во масонеријата. Откога ти приложив докази дека бил полигамист кога бил примен во регуларната масонерија (и покрај фалениот „bullet-proof“ систем), ти веднаш применуваш испробан damage control маневар, и мењаш исказ. Демек да, бил, ама ти лично не веруваш дека масоните знаеле дека он бил лажов и полигамист, он не е светол пример, итн. Евтино.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Bullet-proof системот не се однесува на приемот - туку на можноста да злоупотреби со масонеријата. Тоа го имам кажано повеќе пати, и стојам зад тоа.
Има доволно примери за луѓе кои никогаш не требало да бидат примени во масонеријата - тоа никогаш не сум го негирал.
Што се однесува до Смит - фактите се доволно јасни - пред 1843-та година, полигамијата на Смит е непозната за јавноста, дури и за многумина од неговото најблиско опкружување.
 
Ај да те потсетам, зашто меморијата ти ветрее бргу. Фактите јас ги приложив и тие го демантираа ова твое тврдење: „Што се однесува до Смит - во моментот во кој станува масон, не е полигамист.“

Рестото од постов ти е само рециклирање на веќе излитен реторички инвентар на Masonic Marketing Corp.
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Не знам дали сте слушнале за овој Стив Атанас Ставро..
Македонец од Канада..
Steve Stavro.gif
Ова му е гробот,на кој што има масонски знаци..
3287954695_cf3e720fb4_b.jpg
Инаку спомеников е многу сличен(да не кажам ист),со тој на плоштад..
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Не знам дали сте слушнале за овој Стив Атанас Ставро..
Македонец од Канада..
Прегледај го приврзокот 42674
Ова му е гробот,на кој што има масонски знаци..
Прегледај го приврзокот 42673
Инаку спомеников е многу сличен(да не кажам ист),со тој на плоштад..
не се разбирам во масониве многу,ама нели е тоа сонцето од кутлеш?
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
117
Поени од реакции
35
Смит никогаш не бил некој пример за масон. Според мене (а и според критериумите на масонеријата) - никогаш не требало да биде примен - и тоа не заради полигамијата, а заради многу други проблеми со неговата личност и карактер, а потоа и со законските проблеми кои ги има низ цела Америка.
Во конкретниот случај, а во врска со неговата полигамија - тој (а и неговото опкружување) ја чуваат во тајност. Прв пат полигамијата се спомнува јавно во 1843-та година, така што не е фактор при неговото зачленување (односно, не верувам дека е позната на членовите на ложата која го прима).
Ако некој не ги исполнува критериумите како тоа да биде внатре во ложата(тоа не беше можно цели 200 страни на форумот), како тоа го пробил толку прочуениот булет пруф(оф мори мајко) при испитување и гласање дали некој е соодветен да биде член на масонска ложа, како да не се сомневаме дека и погрешно сте постапиле во други случаи( а сте постапиле): кога некој бил исклучен(од кејф) или кога цела ложа била исклучена(пошо така му прднало на некој) или пак кога цела национална ложа и се одзема признавањето(пошо веќе не соработува и не ни иде по кејфот).
Од горе приложеното сум на мисли дека и баш не ви е добра супер приказната за регуларни и нерегуларни,непризнати и признати, посвоени и оставени на улица, лопови и лажговци, шарлатанти и доктори на науки кои само го наведуваат народот да се зачлени во некоја самооформена(а како почна првата?) ложа или на крај може и таа приказна да биде па и не се сите овие луѓе така лоши и ние навистина сакаме сите заедно да седнеме на иста маса(да вечераме со етно музика), зависи како одговара во моментот, а во тој момент може и да не важат правилата(кој нели се античко древни и никој не смее да ги прекрши,мислам дека боки 13 е поубедлив дека е педер и шоумен него вашите трубења за правилата).
Зошто не си воведете правило комплетно да ве снема оној момент кога нема повеќе да функционира булет пруфот и правилата кои ги интерпретирате по потреба, само така сите ќе бидеме сигурни дека нема повторно да погрешите и повторно и повторно и повторно да објаснувате како некој „ебач„ или доктор на науки(по ваше лопов) кој не ви се допаѓа повторно се зачлени или да си направи ложа и сето тоа беспрекорно да функционира и сите да се гушкате и држите во братски ланец опиени од непрекршување на древните правила.

Овој системот многу ме потсетува и функционира(100%) исто како оној на ЕУ за едни вака, за други онака... еве Грција на пример се зачлени во ЕУ(стана регуларна), а притоа не исполни еден куп од критериумите(на регуларните), но ете сега цела Европа среќно и солидарно и ги исполнува истите тие критериуми(регуларни),а кај вас регуларни масони како е, и вие по истиот пат?:)
 
Зрното

Еден е Зизу.
Член од
17 септември 2007
Мислења
1.526
Поени од реакции
634
Здраво дечки. Имам едно прашање али ми треба подолг одговор на тоа прашање.
А можеби сте пишувале за тоа али ме мрзи да барам низ страници.. 200 страни се :)

Имам гледано на интернет и прочитано негде за тоа дека во македонија има масонска група дали тоа е точно и ако е точно, дали се знаат барем некои луѓе од групата, како успеале да влезаат во таа група, каде се собираат и од кога се во масонската група.

Фала многу.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom