Летниковец

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Летниковецот покрај тоа што нуди многу практични можности за негово користење, претставува и прекрасен украс на дворот. За првпат се среќава кај Старите Римјани кои уживале во него после напорниот ден или собирале енергија за следниот.


letnikovec01.jpg

За максимален ефект на уживање во него треба внимателно да се избере неговата местоположба – треба се разгледа секое место во дворот и да се избере она место кое нуди најдобар поглед кога се седи во летниковецот.


letnikovec02.jpg


Исто така и големината, материјалот, како и растенијата (ползавци) се елементи од чиј избор ќе зависи квалитетот на престојот во него.


letnikovec03.jpg


Според типот на конструкцијата постојат повеќе видови на летниковци. Иако најприродно изгледаат дрвените, постојат голем број материјали кои можат да се употребат при изградба на летниковец, како на пример, керамиди, шиндра, трска, слама, лим... Доколку изборот е шиндра, на располагање стојат повеќе бои. Шиндрата исто така е и полесна од керамидите, но доколку биде лошо поставена или е со послаб квалитет, при поголеми горештини постои можност да се деформира и рашири, а катранската смола да истече.

letnikovec1.jpg

letnikovec2.jpg

letnikovec3.jpg


Најчест вид на летниковци се петто-шесто аголни и осмоаголни летниковци. Во нив може да се вградат столици, маси, клупи, мрежа за одмор или лулашка. Векот на траење најчесто е подолг од 20 години, под услов дрвото да се заштитува со премази. Важно е конструкцијата да биде отпорна на евентуални временски непогоди. Главната улога во оваа ја играат потпорните столбови чија длабочина во темелот треба да биде околу 60 cm. Најдобро е кога во темелот е бетон бидејќи се спречува пропаѓање на дрвото поради изложеност на влага во земјата.

letnikovec4.jpg

letnikovec5.jpg

letnikovec6.jpg

letnikovec7.jpg


Растенијата (ползавци) се прекрасен декор на летниковците. Најголем дел од нив во есен и зима, поради опаѓањето на лисјата и цветовите, нема да ја вршат функцијата на затскривање од погледи, но во пролет и лето, под услов правилно да се полеваат, прихрануваат и кројат, ќе блеснат со полн сјај.
 
Фотографиите се прекрасни, но мислам дека вакви објекти се нарекуваат со друго име. Мене ми се бендисува името - чардаче.
Убаво би било да чуеме и други имиња
 
Во Јасеново, во дворот од болницата има. Порано беа многу убави, во сета таа убавина, природа и свеж воздух. Сега незнам во каква состојба се, од причина што немам одамна отидено.
Секогаш сум сакала ако имам некогаш голем двор, да си имам и дрвен летниковец во него, украсен со трендафили, и бојадисан бел (y) И на Симс секогаш кога играм во дворот си правам како за украс :pos:
Преубави се, колку само красат...
 
-катастрова,до каде стасавме-не живееме,не се знаеме
ни добар ден-ни добро утро комшија немаме,секој во себе
во старо Скопје пред замјотресот не беше вака Македонијо.
Ова е шанса да се запознаеме,летниковец пред секоја зграда
да се направи,ако треба и со сопствени срества од станарите
- еве еден добар пример: На почеток во парк,карши владата,пред
првата зграда ( пред“63год) има еден ваков ЧАРДАК-летниковец
кој ги зближува луѓето,им пружа дружење,одмор и релаксација на
жителите од тоа мало-тие згради,а и понекои ненамерник-гостин.
Тука се одмара,се игра шах и карти а богами и се спрема скара.
Алал да им е на овие станари за оваа идеја.Тоа е можеби затоа
што тие повеќето се староседелци во тоа маало и тие згради.
Еве јас сум веќе три години во нова зграда и незнам кој е под
мене или пак погоре а така е скоро секаде.Причината е добро
позната во една зграда “цела“ Македонија и триста табиетлии.
Нешто се прави само за Бадник и толку,потоа да му у.....к.... к....
Не се познаваме,не муабетиме,не си помагаме и не се сакаме
затоа летниковец-ЧАРДАК пред секоја зграда да се зближиме,
да се сплотиме Рамстор и Веро не можат тоа да ни го пружат.
 
Иначе вакво нешто да се направи не е многу скапо..400-500 евра,може и поевтино зависи од мајстор..најчесто се користи чамово дрво,оревово или некое слично..
 
Ми се допаѓаат цвеќињата на последната слика. Барам такви низ двор да ставам, а добар филинг е и трендафилот на шестата.
--- надополнето: 23 март 2012 во 19:37 ---
-катастрова,до каде стасавме-не живееме,не се знаеме
ни добар ден-ни добро утро комшија немаме,секој во себе
во старо Скопје пред замјотресот не беше вака Македонијо.
Ова е шанса да се запознаеме,летниковец пред секоја зграда
да се направи,ако треба и со сопствени срества од станарите
- еве еден добар пример: На почеток во парк,карши владата,пред
првата зграда ( пред“63год) има еден ваков ЧАРДАК-летниковец
кој ги зближува луѓето,им пружа дружење,одмор и релаксација на
жителите од тоа мало-тие згради,а и понекои ненамерник-гостин.
Тука се одмара,се игра шах и карти а богами и се спрема скара.
Алал да им е на овие станари за оваа идеја.Тоа е можеби затоа
што тие повеќето се староседелци во тоа маало и тие згради.
Еве јас сум веќе три години во нова зграда и незнам кој е под
мене или пак погоре а така е скоро секаде.Причината е добро
позната во една зграда “цела“ Македонија и триста табиетлии.
Нешто се прави само за Бадник и толку,потоа да му у.....к.... к....
Не се познаваме,не муабетиме,не си помагаме и не се сакаме
затоа летниковец-ЧАРДАК пред секоја зграда да се зближиме,
да се сплотиме Рамстор и Веро не можат тоа да ни го пружат.

Анчо го имам приметено и јас тој летниковец кај зградата до влада. Секоја им чест на куќниот совет. Добар потег е гоа. Гезмиња се прават таму. И млади и стари си уживаат, се дружат, да ти е мерак да имаш такви комшии, ретки се тие таквите, освен тој никаде немам видено на друго место такво во градов.
 
- еве еден предлог за тие што мислат да направат летниковец
Бидеиќи во повеќето случаи т.с. скоро сите а и така по е личен
главните носечки столбови 4-5-6 на број се дрвени, и најчесто
се поставени во бетонот на долната страна.Иако има некаква
заштита за дрвото по некоја година тука најдоле до бетонот
најбрзо “скапува“- пропаѓа дрвото на столбот, поради често
миење на плочникот или поради врнежите.Затоа треба доле
да се направат челични носачи,внатре во бетонот со анкери
и нагоре 50-100 мм (може цевка или профил ) на која на горниот
крај има плочка на која се зацврстува дрвениот столб.
-Вака направено,столбовите ќе трајат доста долго.
-----------------------------------------------------------------------------------------
уште еднаш-ЛЕТНИКОВЕЦ пред секоја зграда
наутро домаќинките,да си ги кажат рецептите за ручек
ние постарите преку ден да си ги кажеме маките + шах
попладне дечињата да си играат и да се дружат и караат
навечер младите да си прават седенки а не да се гушат во кафичи
----------------------------------------------------------------------------------------
немој ова Коце да го прочита сега па место некое магаре на плоштад
да ни направи нешто вакво пред секоја зграда во ова Скопјево
 
Во Јасеново, во дворот од болницата има. Порано беа многу убави, во сета таа убавина, природа и свеж воздух. Сега незнам во каква состојба се, од причина што немам одамна отидено.
Секогаш сум сакала ако имам некогаш голем двор, да си имам и дрвен летниковец во него, украсен со трендафили, и бојадисан бел (y) И на Симс секогаш кога играм во дворот си правам како за украс :pos:
Преубави се, колку само красат...
Имам идено во Јасеново одамна, само ич не ми текнува дека ги имало, можда не биле во така добра состојба па не сум ги приметил.
А местото е стварно добро, покрај тоа што е болница...
 
фантазија.......преку лето летниковец- преку зима пушница за месо

images
 
Совршенство

Milun_basta-letnjikovac_Zvezdara_2.jpg
Мене не ми се допаѓа вака збутано во ќош :D
Мојата совршена замисла за ова е да биде на средина поставен на некој убав тревник, како овој од сликата, и околу по оградата на летниковецот да има од оние ползечките црвени трендафили :love: Бојадисан бел и со кружен покрив:love:
Убавини:love:
 
Прегледај го приврзокот 42649


Eве го мојот .. Додуша сеуште е во демо верзија али ќе биде комплетен наскоро :icon_mrgr:
Локацијава ко да е утната малце? Ем на пат ти е тука ради скалите, ем гледам солидно дворче имаш натаму. Али добро, ти сигурно си знаеш за кај тебе повеќе од што јас гледам на сликава. Фино изгледа во секој случај (y)
 
Совршенство

Milun_basta-letnjikovac_Zvezdara_2.jpg
Ова дворче на Водњанска ли е одма карши државна болница, односно карши Фуфо би му дошло?
Ако е тоа што мислам дека е, тогаш дворчето е така домаќински средено ама зградите некако ја уништуваат природната атмосфера, и бучавата од колите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom