95 проценти од работите што ти се одвиваат во мозокот се потсвесни. Тоа е нормално и инстинктивно од страна на луѓето(работење на желудник,срце, мускулатура), затоа што организмот еволуирал како мултитаск механизам. Целта е одреден дел од мозокот да ги регулира функциите кои го одржуваат организмот додека префронталниот кортекс (тоа што ти го викаш свест),е задолжен за решавање на комплексни проблеми со кои се соочува организмот во неговата средина. Зашто несвесните акции ги окарактеризираш како негативни? Знам дека концептот во кој веруваат повеќето спиритуалци е СВЕСНОСТ, и ширење на свесноста, и скоро сите си ја замислуваат истата како добра и жолта светлина која се шири како ореол
Шала на страна.....
Концептот за интелигенција е составен од повеќе сегменти, кадешто брзото итро дебатирање и одговарање спаѓа во вербална интелегенција. Исто така има и логичка, просторна, емотивна интелигенција итн. Некои може вербално да се повешти од други кои се подобри во математика. Некои се добри во сите сфери а некои не се добри во ниедна. Зборот заспаност е концепт кој го употребуваат верувачите во спиритуалното и окултното за да ги опишат тие кои не веруваат и наводно не се пробудени....Сепак, тој збор нема потреба да завзема место во дебатава, затоа што не постои никаква емпириска цврстина во таа придавка. Од друга страна механизмот за "самозборење" си има еволуциони корени и како што напоменав да се не се повторувам повторно не е поврзано со тоа кој колку е вербално вешт. Што значи тоа....
Вербално вешт човек има моменти кога збори или вежба одреден став во некоја ситуација
Вербално невешт човек може да го прави истото....
Сепак дури некои ситуации укажуваат на тоа дека вербално вештите луѓе почесто поставуваат ситуации во кои тие учествуваат и вежбаат што би рекле, затоа што на таквите луѓе приоритет им се такви ситуации и им обрнуваат внимание, додека вербално невештите луѓе не се замараат ниту пак се тангирани од одредени ситуации каде што би требало да го покажат својот вербален интелект, така што воопшто не се умараат со тоа.
Сума сумарум зборовите заспаност/разбуденост се измислени концепти од спиритуалците и верувачите во универзална свест....Истиот збор влече корени од концептот на "будење" на кундалини, при што луѓето кои го немаат разбудено кундалинито спијат и сонуваат во овој материјален свет. Тоа се индиски концепти карактеристични за нивната интровертна култура.
Само да знаеш зборот заспан, од каде доаѓа и зашто Ајк и други љу ејџ гуруа го употребуваат во нивните пропаганди и идеологии