Г
Грејвдигер
Гостин
Се мислев дали темава да ја отворам во „Linux“ или во „Игри“, па тука мислам дека е најприкладно да се смести темава.
За што станува збор? Canonical започна со преговори со Valve за интеграција на Steam клиент на ГНУ/Линукс оперативните системи. Canonical веќе имаат некое искуство со дистрибуција на комерцијални игри и софтвер преку својот „Софтвер центар“, па веќе имаат искуство и би можело лесно да се интегрира Steam.

Left 4 Dead 2 работи без никакви проблеми на Убунту
Освен клиентот, секако, потребни се и игри. Valve моментално ја пренесува Left 4 Dead 2, и играта ќе работи директно на Линукс, без Wine или некој други слични начини. Освен развојот на нативни Линукс игри, Valve ги охрабрува и другите развивачи на игри да почнаат со развој на игри и за овој оперативен систем.
Што се однесува до мене, одличен потег на Canonical и Valve да го покријат недостатокот на Линукс, кој е баш немањето на атрактивни игри.
Извор: Ubuntu Vibes / Phoronix
Јест дека сите гејмери фураат на Windows или имаат dual-boot Win/Linux, но какво е Вашето мислење за ова? Дали ако почнаат да излегуваат игри за Линус би се префрлиле на тој оперативен систем? Мислење на линуксашите?