150 евра плата ли е?

Плата од 150 евра доволна ли е за нормален живот?


  • Вкупно гласачи
    169
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
150 евра или 9000 денари.Ајде да видиме дали се доволни овие пари за прехранување на една четиричлена фамилија.Една сметка за струја нека биде 2500 денари.Сметка за телефон 500 денари (кој што сака нека рече телефонот е потреба,а не луксуз).Сметка за вода 500 денари.Пари за бензин 1000 денари.Само со неопходните сметки достигнавме до половина од платата.
Ако се јаде по 1 векна леб дневно месечно се троши по 600 денари.5 килограми ориз и компири месечно се 400 денари.2 пакувања кечап и 1 мајонез се 150 денари.2 пакувања салама по 400 грама,4 пакувања виршли,500 грама кашкавал чинат 500 денари.Маргарин,мармалад,еурокрем 300 денари.По 10 пакувања млеко месечно 400 денари.Шеќер,зејтин,сол 500 денари.На двете деца по 20 денари за оброк на училиште 800 денари.Останати работи како сок,грицки,благо 400 денари.
Се на се потрошени се 8950 денари за работи доволни за речиси да се прехрани едно семејство со многу стискање без никакви луксузи и без слобода на трошење.Но зарем не е потребно да се купи нова облека,да се поправи некој дел на веќе 20 години стариот автомобил,да се купат средства за лична хигиена?
НЕ
Поважно е да се градат споменици,врби на Вардар,фасади на зградите и да се плаќаат енормни суми за реклами кои имаат за цел да не убедуваат колку е добар животот овде во Македонија.Само испрани мозоци може да веруваат дека во Македонија се живее добро.22 години тапкаме во место.Сите не поминаа па дури и бугарите.Ама не е важно тоа битно ние сме горди македонци кои ги ебиме грците и им се смееме поради кризата и нашиот храбар премиер им го плеска во фаца на сите со 13 метарска статуа на воин на коњ.


 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
За 150 евра нема жива сила што ке ме натера да работам. Да ми дојде работодавач и да ми рече платата ке ти биде 9000 така има да му залепам шлајма на фаца, да нареден пат да се раз исли која цифра ќе ја понуди...
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Во македонија на 500 000 луѓе секој ден им е Survivor, и 20 години уназад секој ден успешно го преживуваат.
Замислете да викнеме еден Германец со просечни германски примања, да му ги укинеме тие примања, да му дадеме македонска работа, македонски дом, со македонски работодавец која дава македонска плата од 150евра, што мислите ке преживее 3 месеци човекот?
 
V

Vollstandig

Гостин
наброј ми пет работодавци кои ја плаќаат прекувремената работа. Или, нема такви?
Ристе,Трајко, Целе, Коста и Миле.

Кога некој оди да работи, еве да речеме в конфекција. Станард им даваат норма она што не може да го изработи човек. Ако просек 200 маици пегла една жена нив им даваат по 400, за прекусила да стигнат до 300 што веќе ја надминала нормата, и + причина да вика оти не стигнале до 400.
Ако надмини над 400, од дневната норма, и има уште работа, тогаш секој саат над тие 8 изработени саати им го плаќаат 30 до 50 денари.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
150 евра е минималецот кој треба да го донеси секој член од семејството за тоа да функционира и преживува без поголеми проблеми.............нормално ако од дедо поседува куќа,автомобил и викендиче..........
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
За 150 евра нема жива сила што ке ме натера да работам. Да ми дојде работодавач и да ми рече платата ке ти биде 9000 така има да му залепам шлајма на фаца, да нареден пат да се раз исли која цифра ќе ја понуди...
Као прво,спушти се на земја, нема да ти дојде работодавач, него ти ке треба да се утепаш од барање за да го најдеш.
Као второ, ако си живеел во сиромашна фамилија, ке си немал пари за да се школуваш, после средно, ке си МОРАЛ да почнел да работиш, а за да почнеш да работиш, КЕ МОРАШ да прифатиш било каква плата и било каква работа.
И као трето, со самото тоа што пиша таков пост, по мене глупав пост, а и според твојот ник (за да бидеш правник мора да завршиш факултет а за да завршиш факултет мора прво да се запишеш на него а за да се запишеш мора прво да платиш,оценките не се толку битни, битни се врските и парите) ти ни кажуваш дека си некое детенце (можеби сега си постар човек, не знам) на мама или тато и не си осетил како е, кога си од секој можен аспект ограничен,значи немаш слобода на мислење, имаш слобода на избор,избор помеѓу бедна работа и уште победна работа, значи од тие две бираш едно, не мислиш дали сакаш да одбереш, него бираш, а во исто време самиот за себе си свесен дека имаш голем потенцијал, многу појаки умствени вредности од многу луѓе кои го имаат она што ти го немаш,а го посакуваш.
Бидејки ти тоа не си го осетил, не можеш да ја почувствуваш темата на разговоров, можеш да дискутираш, да пишуваш мислења, но не можеш да ја почувствуваш, а само чувството е она правото, кое може човекот да го придвижи кон некаков напредок, некаква промена.
Ако по некое чудо, си завршил факултет,имаш успешна кариера а си израснал во сиромашна фамилија, и ова пишаново за тебе погоре не е точно, тогаш однапред ти се извинувам, и кажувам дека муабетов се однесува на оние за кои се пронаоѓаат во муабетот, т.е потекнуваат од фамилии со повисок општествен статус.
Јас сум го осетил тоа со мизерните примања на моите родители, и знам што зборам, значи знам, не мислам, туку знам како е.
Поради таа плата од 150 евра на моите додека бев дете, знам како е кога сите другари ке одат на екскурзија а ти нема да идеш и кога ке те прашаат зошто не идеш ти им кажуваш дека ти се лоши од патување, знам како е кога сите другари ке земат "скапи" хамбургери од 7ца а кога ке те прашаат зошто не јадеш ти им одговараш дека не си гладен, знам како е кога сите другари ке излезат навечер со 1000 денари а ти излагаш едвај со 200 и кога ке те прашат зошто не пиеш ти им одговараш не ми се пие, знам како е кога сите идат на концерт и купуваат карта и кога ке те прашаат зошто не идеш, ти им одговараш не ја слушам таа музика, знам како е кога сите идат 10 дена на одмор на море а ти едвај ке собереш пари за викенд во Охрид... има уште многу работи што ги знам, ама битно ми беше да бидам јасен за она што го знам.
И како после сево ова што го знам да гласам дека 150 евра се сосема доволни за да се истера еден нормален живот?
А дали некое богато детенце би ги искусил овие работи и би знаел какво е чувството, за да може воопшто да дискутира на темава, и во реалноста да направи некаква промена, накеквао придвижување кон подобро?
 
M

Moon Child

Гостин
Имам работено и за помалу од 150 денари дневница (во просек). Да, под секое достоинство е тоа. Некогаш си доаѓав дома со 100 денари, кога ќе земев 200 бев среќна.
Оттогаш реков, повеќе за мизерни пари НЕ одам да работам, подобро дома ќе седам, барем нема патиките да си ги кинам. За таа работа што овде ми плаќаат под 8000 денари (келнерка), во Црна Гора ќе земам 500 па и нагоре евра плата кога е сезоната. И не одам овде на Велешките газди да им работам повеќе. Дома ќе седам и нема да излегувам ако треба, ама кога ќе дојде време пут под ноге. Барем знам дека и ќе се прошетам и одмор ќе истерам и пари ќе ми останат да си донесам овде.
 
B

Beck's

Гостин
Mala plata e, znaci dovolna bi bila koga od tebe ne bi baral nikoj nisto, zatoa i glasav da ako rabotat i drugite doma. Vo drug slucaj, dovolni bi bile za maximum 14 dena
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Најголемиот дел од народот е биполитизиран, приврзаници се на едната или другата, од оние две најголеми партии, кои се сменувале на власт последниве 2 децении. Партискиот конформизам цели кон комформизам т.е. разно разни интерни (внатрепартиски) удобности и привилегии, така да едно, овие луѓе не работат за минималец (повеќето се буџетари), друго, ако партијата даде виза има да рашират веднаш пропаганда како и 5.000 ден. се повеќе од доволно.

Што се случува со остатокот на народот, оние неопределените? Понеобразованиот слој побргу оди по линија на помал отпор, полесно е да го заплашиш, да го чуваш во покорност и убедување дека - има и полошо (навистина има, но има и далеку подобро).

Проблемот кај нас е што интелектуалците се делат на 2 групи - едните се во политичките конформисти, па станале слика без тон, практично нивните мисловни капацитети се атрофирани. Останатите се маргинализирани и сметани за persona non grata во сопствената земја. Мал дел се снашле и се финансиски независни, ама и од нив повеќето не би да навлегуваат во конфронтација...

Зошто се значајни интелектуалците? Тие треба да се оние кои ќе се најгласни со својот критицизам и скептицизам, бидејќи оваа сегашна состојба кај нас е резултат на дводецениско молчење и затварање очи. Дури и најдобрата влада треба да е предмет на критика, како не би се пасивизирала и заминала во погрешна насока. Молкот на оваа група луѓе е протолкуван како способност да се згази фацата уште повеќе со чизмата, бидејќи нема кој да се спротивстави... Секоја една земја, во која интелектуалците се, директно или индиректно, спречени да се изјаснат отворено (а тие се оние кои тоа ќе го направат аргументирано), и во која не се способни за финансиски просперитет, со целосно ползување на резултатите на својот труд, е осудена на ... ова што всушност и ни е секојдневие.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Као прво,спушти се на земја, нема да ти дојде работодавач, него ти ке треба да се утепаш од барање за да го најдеш.
Као второ, ако си живеел во сиромашна фамилија, ке си немал пари за да се школуваш, после средно, ке си МОРАЛ да почнел да работиш, а за да почнеш да работиш, КЕ МОРАШ да прифатиш било каква плата и било каква работа.
И као трето, со самото тоа што пиша таков пост, по мене глупав пост, а и според твојот ник (за да бидеш правник мора да завршиш факултет а за да завршиш факултет мора прво да се запишеш на него а за да се запишеш мора прво да платиш,оценките не се толку битни, битни се врските и парите) ти ни кажуваш дека си некое детенце (можеби сега си постар човек, не знам) на мама или тато и не си осетил како е, кога си од секој можен аспект ограничен,значи немаш слобода на мислење, имаш слобода на избор,избор помеѓу бедна работа и уште победна работа, значи од тие две бираш едно, не мислиш дали сакаш да одбереш, него бираш, а во исто време самиот за себе си свесен дека имаш голем потенцијал, многу појаки умствени вредности од многу луѓе кои го имаат она што ти го немаш,а го посакуваш.
Бидејки ти тоа не си го осетил, не можеш да ја почувствуваш темата на разговоров, можеш да дискутираш, да пишуваш мислења, но не можеш да ја почувствуваш, а само чувството е она правото, кое може човекот да го придвижи кон некаков напредок, некаква промена.
Ако по некое чудо, си завршил факултет,имаш успешна кариера а си израснал во сиромашна фамилија, и ова пишаново за тебе погоре не е точно, тогаш однапред ти се извинувам, и кажувам дека муабетов се однесува на оние за кои се пронаоѓаат во муабетот, т.е потекнуваат од фамилии со повисок општествен статус.
Јас сум го осетил тоа со мизерните примања на моите родители, и знам што зборам, значи знам, не мислам, туку знам како е.
Поради таа плата од 150 евра на моите додека бев дете, знам како е кога сите другари ке одат на екскурзија а ти нема да идеш и кога ке те прашаат зошто не идеш ти им кажуваш дека ти се лоши од патување, знам како е кога сите другари ке земат "скапи" хамбургери од 7ца а кога ке те прашаат зошто не јадеш ти им одговараш дека не си гладен, знам како е кога сите другари ке излезат навечер со 1000 денари а ти излагаш едвај со 200 и кога ке те прашат зошто не пиеш ти им одговараш не ми се пие, знам како е кога сите идат на концерт и купуваат карта и кога ке те прашаат зошто не идеш, ти им одговараш не ја слушам таа музика, знам како е кога сите идат 10 дена на одмор на море а ти едвај ке собереш пари за викенд во Охрид... има уште многу работи што ги знам, ама битно ми беше да бидам јасен за она што го знам.
И како после сево ова што го знам да гласам дека 150 евра се сосема доволни за да се истера еден нормален живот?
А дали некое богато детенце би ги искусил овие работи и би знаел какво е чувството, за да може воопшто да дискутира на темава, и во реалноста да направи некаква промена, накеквао придвижување кон подобро?
Не потекнувам од богата фамилија, не сме ни сиромашни ама за Скопје би можел да речам едвај кубуриме.
Меѓутоа од факултет па наваму целосно сам се снаоѓам. Интересно е што и моментално работам две работи и двете работи ми беа понудени. Јас работев и за беспари ама од место кадешто можам да научам и знаев дека ке ги потегнам врските за да ми биде понудена работа. И почнав да работам за 10 евра, ама знаев дека има просперитет знаев дека ке растам во плата и дека горен плафон нема.
Знам дека животот знае да биде зезнат но најлесно што можеш да направиш е да земеш да се жалиш како си немал исти можности.
Мој драг пријател, сега многу богат човек со успешен бизнис потекнуваше од исклучително сиромашно и чесно семејтство од исклучително мал град во државата. Едвај средно заврши а за факс да не збориме. Почна да работи за 6000 ки во теретатна ама не ги трошеше, штедеше. Се буташе кај стигне, сите му се смееја ама него му беше гајле, имаше агенда да се тргне од сиромаштија и да си го истера филмот.
15 години подоцна е горд сосптвеник на две успешни и познати фирми.
Што ми е поентата, кур ме заболе кој какви можности има. Единствено добра работа на капитализмот е што има можности за секој .Ама за секој. Ако нето навистина мноуг сакаш ке го добиеш, само треба да се снајдеш, не е лесно ни најмалце.
А муабетот мамина маза е нешто што највеќе ме нервира. само јас си знам низ какви трње сум поминал за да стигнам до ваму кај што сум, и никогаш не сум се жалел.
Впрочем, ако си во лоша финансиска ситуација а навистина сакаш да работиш напорно и убаво да заработуваш, пиши ми во инбокс и јас веднаш ке ти понудам работа. Може многу да се заработи ама само ако запнеш 200 на саат, ама ако искочиш шалабајзер од типот барам работам не можам да најдам јасвно на форумов истото ке биде пренесено.
 
?

..........

Гостин
Имам работено и за помалу од 150 денари дневница (во просек). Да, под секое достоинство е тоа. Некогаш си доаѓав дома со 100 денари, кога ќе земев 200 бев среќна.
Оттогаш реков, повеќе за мизерни пари НЕ одам да работам, подобро дома ќе седам, барем нема патиките да си ги кинам. За таа работа што овде ми плаќаат под 8000 денари (келнерка), во Црна Гора ќе земам 500 па и нагоре евра плата кога е сезоната. И не одам овде на Велешките газди да им работам повеќе. Дома ќе седам и нема да излегувам ако треба, ама кога ќе дојде време пут под ноге. Барем знам дека и ќе се прошетам и одмор ќе истерам и пари ќе ми останат да си донесам овде.
Везилке, поарно земи вези гоблени, па за 200 денари дневница ли работиш келнерка?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
150 евра се доволни за прво работно место, за прво искуство, за правите месеци. Понатаму треба да се развива како во поглед на искуство така и во поглед на плата. Значи кај нас имаме една голема бројка на млади луѓе кој без разлика на образованието очекуваат почетна плата над 300 евра. Е такво нешто нема, бидејќи теоријата и праксата немаат допирна точка.
Во последно време најактуелно ти е апликација со мр и др, демек ако завршиле 3+2 цела ја разбираат. Смешки живи. Секој почнува од нула без разлика во кој сектор е и какво образование има.
Понатаму ова е бедна плата со која човек неможе цигари и леб да купи 30 дена, а не други трошоци да покрие. Кај нас според трошоците за живот моментални треба да е минимална плата од 500 евра за да живее човек достоинствено. Проблемот е во неспособните влади кој досега ги имавме и кој никако не пронајдоа начин да овозможат услови за работа (дали од административни забрани, дали закоравен судски систем без завршници, дали од присилни такси и давачки, од крадење без осет и задолжување,итн). Најголемиот проблем лежи во народот кој е пасивен посматрач на се околу него. Додека едните 12 години ја изнесоа земјата никој ништо не рече, сега другите речиси 6 години го прават истото само на друг начин и повторно никој ништо не превзема. Очигледно ние како народ се будиме на 12та година. Имаат време до тогаш да направат една толку голема дупка што потоа три следни влади нема да ја покријат. Така новите ќе се жалат на претходните, а овие итро ќе посочат прст во стил „Ами ние кога бевме како беше, се градеше, се вложуваше, ружи цветаа“ и повторно глупо Македонче чучни ги на власт. И се така натаму ќе си живееме во минатото кој ли го тоа направи :)
Ние имаме мртво стопанство, ние немаме капитал да обновуваме зошто сите минати години сме во минус. Стопанството е на колена неколку години, тоа нема сили да апсорбира нови кадри, а и тие што ги зема гледа да ги стави на најмали трошоци. Не за џабе имаме 40% невработеност, зошто за работа останаа само агенции за недвижен имот и осигурителни компании каде треба да продадеш 3кг магла за една провизија од 150 денари. А магла граѓаните во РМ долго време не купуваат, немаат толку вишок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom