Ајде некој мислење за сладоледите да даде
?
Сладоледот содржи многу прости јаглехидрати шеќери кој можеш да си ги дозволиш после вежбање за брза енергија.Ако планираш да добиеш квалитетна мускулна маса подобар избор ти се комплексите јаглехидрати овес,паста,мусли.
Јаглехидрати
Основните јаглехидрати ги добиваме од разни храни полни со нив и пијалоци.Исто така сите јаглехидрати во нашето тело дали шеќери или скроб на крај се конвертираат во глукоза,што е основниот енергенс на нашето тело.Нема шема и систем да ги опише метаболичките,функционалните и нутритивните особини на различните храни богати со нив.Наједноставниот начин на делење е по нивната структура.
Тие се делат на 4 вида групи:
Моносахариди се прости јаглехидрати со една молекула на шеќер.Глукоза,фруктоза и галактоза припаѓаат тука.Сите се конвертираат на крај во глукоза.Фруктозата ја има во овошјата,зеленчукот и медот кој на крај преку црниот дроб се конвертира во глукоза.Галактоза е дел од лактозата,кој се наоѓа во млечните производи.
Дисахариди се прости јаглехидрати со две молекули на шеќер кој на крај се конвертираат во моносахариди во нашиот метаболизам.Дисахаридите се сукроза(глукоза+фруктоза),лактоза(глукоза и галактоза)малтоза (глукоза+глукоза)Сукрозата се наоѓа во белиот шеќер,но исто така го има во овошјата,зеленчукот па и некои зачини.Лактозата во млечните производи.Малтозата се создава кога скробот се катаболизира.
Олигосахариди се јаглехидрати со три до десет молекули на шеќер,кој на крај се конвертираат во моносахариди.Попознати се фрукто-олигосахариди,галакто-олигосахариди.Инулинот е познат по тоа што помага да се стимулираат бифидо-бактериите.
Полисахариди се множество од 100 моносахариди комбинирани во едно.Најголем удел и најпознат полисахарид е скробот,кој е множество на повеќе глукоза врзано во една молекула.Кога се катаболизира тој се претвара прво во малтоза па после во глукоза.
Разликата помеѓу шеќерите и скробот е во големината на молекулата.Затоа се делат на прости и комплексни јаглехидрати.Има брзо апсорбирачки комплексни јаглехидрати кој се наоѓаат во процесираната храна,кој брзо се апсорбираат и го подигнуваат нивото на глукозата.За разлика бавно апсорбирачките јаглехидрати како муслито,овесот,пастата,јатките бавно се апсорбираат во малите црева и помалку го подигаат нивото на глукозата.