Драга Кајгана,
Еве ме на Насау, мало островче од Бахамите. Само продавници и кафетерии, интернетот во кафетериите и интернет кафеата... СКАП. За среќа на терминалот има гага нет, малку споричок ама брка работа, најбитно ГАГА Е
)
Вчера на колешката Кејт од Лондон и кажав за зборот со магично значење ГАГА
) Во Лондон за истата намена користат Tight.
Енивејз, помина една недела од моето морнарисување. Напорно е. Се работи многу... башка млада екипа сме скоро сите од нас се прв договор на дизниев брод, пола екипа е прв пат на брод воопшто, така дааа... ваљда ќе преживееме
Денес го имав првиот кру дрил, помина ОК бидејќи на иста станица сум со колегите од Украина па така да тие 40 минути што се од дрилот на станица ги поминавме зборувајќи меѓу себе
Сончаницата заработена на Castaway Key (приватниот остров на Дизни) полека се повлекува, така да ваљда ќе преживеам утре, имам 3 саати фотографирање таму :/
Хеф фан ин д сан.
п.с. Моментално ја читам
Бед Инглиш од Дарко Митревски (по втор пат), и пак некако копното ми е помило
п.п.с. Новинарска фотографија > Бродска фотографија