Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Те деманитрам не е точно другар. Најстрога полиција се од источната провинција,но ако треба да потенцирам златото би го доделил на штипската, среброто на тетовската- меѓутоа со нив може да се направи компромис (дај мито бекријо) ја обожаваат песната, и бронзата ја доделувам на струмичаните.
Од мое лично искуство, и разменети мислења со некои шофери кои патролираат низ цела држава.

Имам осетено на своја кожа дека полицијата во Источна Македонија е друга категорија ;) Ама па ако гледаме кој е најблизок до нивниот стил од оваа страна, тогаш нашиве не заостанувет многу.А битно е и лично искуство, јас и ти не ќе поминиме исто во Штип како некој Штипјанец, исто и тој нема да поминит како нас во Охрид :)
 
Имам осетено на своја кожа дека полицијата во Источна Македонија е друга категорија ;) Ама па ако гледаме кој е најблизок до нивниот стил од оваа страна, тогаш нашиве не заостанувет многу.А битно е и лично искуство, јас и ти не ќе поминиме исто во Штип како некој Штипјанец, исто и тој нема да поминит како нас во Охрид :)
Па јас повеќе ги зедов муабетите на шоферите одколку себиси. Мислев на тие карго што возат и приватно по градовите , не велам дека тоа е веродостојна информација така барем се изјаснуваат. А шоферите се и битолчани, скопјани, струмичани, и охриѓани. Сепак не водам некоја анкета или статистика тоа сум слушнал и истото сум го осетил. Сепак нема потреба да навлегуваме во натамошна дебата, да не сме оф топик.
Иначе се согласувам со клише муабетот- нашите за нас се добри за другите не чинат, затоа се наши.;)
 
Сите си ги дигаат акциите може ќе и дадат покачување на плата на секретарката она ќе го собере кајмакот изгледа
 
Па тука сите ситуации се можни, поголема е веројатноста секретарката да го мрази па го наместила....
Еден од учениците кој кажал дека професорот го нападнал за време и по завршување
Интересно кој ли е овој ученик, сигурно се во роднинска врска со секретарката или пак имал многу единици па секретарката му понудила да сведочи а за возврат да му ги поправи единиците(се занесувам малку ама се е можно).

Објаснување на професорот
Според неговото објаснување, правилата за полагање на испит се такви што тој немал никаква можност да биде насамо со детето, бидејќи испитот се полага пред комисија од повеќе професори
каков е тој испит, ова не е факултет па во гимназија колку што знам нема испити.
 
Објаснување на професорот

каков е тој испит, ова не е факултет па во гимназија колку што знам нема испити.
Има типови на ученици што не одат на настава туку дома учат и одат на полагање, баш како факултет, и полагањето го врши комисија.
Е сега учениците кои што се поправни испити, незнам како им е процедурата (бидејќи никогаш не сум бил дел од тоа)
 
Има типови на ученици што не одат на настава туку дома учат и одат на полагање, баш како факултет, и полагањето го врши комисија.
Е сега учениците кои што се поправни испити, незнам како им е процедурата (бидејќи никогаш не сум бил дел од тоа)
и јас се мислам да не е поправен испит, ама мислам дека летото се полагаше
 
Општа тепачка во чајџилница во Чаир

Текст: Макфакс
Црна Хроника | 29 април 2012


Општа тепачка, во која било употребено и огнено оружје, се случила синоќа во чајџилница во комплекс од Телевизија „Ера".
opshta-tepachka-vo-chajdzilnica-vo-chair-83043.jpg
Како што соопшти полицијата, во тепачката учествувале сопственикот на чајџилницата К.Е., со неговиот син К.Д.(1996) и К.Ф.(1972), К.М.(1992), К.Р.(1994) од едната страна и 10 лица од друга страна кои живеат на улица Дижонска. Во тепачката 10-те лица користеле разни предмети, а по кажување на оштетените, две лица користеле огнено оружје, а се слушнале и три истрела.
Во пресметката сопстеникот на чајџилницата К.Е. се здобил со тешка телесна повреда во пределот на главата, а неговиот син К.Д. и К.Ф. се здобиле со полесни повреди и сите тројца се задржани за понатамошно лекување.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
http://kajgana.com/opshta-tepachka-vo-chajdzilnica-vo-chair

БИДЕЈЌИ ЗАТВОРЕНА Е ТЕМАТА ЗА МАКЕДОНИЈА - ВНАТРЕШНИ СЛУЧУВАЊА, ОТВОРИВ НОВА ПА ОВАА ТЕМА НЕКА СЕ ПРЕФРЛИ ВО МАКЕДОНИЈА ВНАТРЕШНИ СЛУЧУВАЊА
 
оф мори мајко пак ли тепање,убивање аман веќе само тоа слушам наа вестиве.
 
Правда: На границата меѓу Македонија и Косово има вооружени групи на албански доброволци

ПЕТОК, 27 АПРИЛ 2012 17:07
МАКЕДОНИЈА
Share
351
lipkovo.gif
ПРИШТИНА - Според официјални информации, кои за "Правда", ги потврдило Министерството за внатрешни работи на Косово, на границата меѓу Македонија и Косово во атарот на селото Липково, се акумулираат униформирани и вооружени групи на албански доброволци.
Во тек е нивно пратење, а Министерството за внатрешни работи на Македонија ги доставило овие информации на своите колеги во Србија. Оваа информација ја добил и КФОР. Преземени се сите мерки за да се спречи нивниот упад на територијата на Косово и движењето кон север, бидејќи вооружените групи се спремаат да се префрлат на територијата на северниот дел на Косово, тврди изворот за "Правда", наведувајќи дека според оперативни податоци, кои стигнале до министерот на косовската полиција Бајрам Реџепи, екстремистите планирале упад на територијата на Прешевската долина.
Признавање како услов

Според извори на „Правда“, замислено е да се дестабилизира ситуацијата во Прешевската долина и во Македонија, и со одвраќање на вниманието да се создаде простор за упад на екстремистите во северниот дел на Косово

- Белград да ја признае независноста на Косово и да воспостави дипломатски односи со нашата земја, а ние ќе им овозможиме непречено одржување на српски национални избори - изјави Атифете Јахјага, претседателка на Косово, на средбата со Питер Фејт, Меѓународниот цивилен посредник за Косово.

Таа предупреди дека косовските институции нема да дозволат организирање на локални избори „без разлика дали некој ќе се обиде да ги организира на територијата на Република Косово.
Текстот е преземен од www.pravda.rs

http://sky.mk/makedonija/20993-Прав...а-вооружени-групи-на-албански-доброволци.html
 
Вие вооружениве шипци, нема да седат мирни. Или ке се закачат со некој македонец или ке се испоубијат меѓу себе. Буквално го имаат сватено поимот, кај што има сила нема правдина. Дивјаци. :)
 
Еве една одлична анализа на Чомовски. Поточно, би рекол порака.

Се плашам дека Македонија е ескпериментален полигон за можен регионален конфликт

-Луѓето што ја следат Вашата емисија „Ако е“ очекуваа дека најновото издание, на 19 април, ќе биде посветено на безбедносната состојба. Според моите информации и имавте таква намера, но во последен момент се предомисливте. Зошто?

Безбедносната ситуација во земјава е тлеечка тема со месеци наназад и од тој аспект може да биде атрактивна во секоја наредна недела, во ова (не)време, пред самитот на НАТО. Но, ми се чини дека трагичното и монструозно убиството на петмината луѓе неможе веднаш и нонашалантно да се третира како иницијална каписла за безбедносна дестабилизација. Некој ги тестира капацитетите на безбедносниот систем на Македонија, дали масите можат да се запалат на фитилот од пред една деценија, но и колку Власта е веродостојна на надворешно-политичките приоритети. Вџашен сум од првите (дез)информации дека ова „убиство не смее да се третира како меѓуетнички конфилкт“, откако еден портал тоа веднаш го залепи како информација со сугестивен мотив, со кој во старт сакаше да ни наметне сценарио за свирепото убиство и негова разврска со мобилизација на етничките табори. Потоа во смирувањето на страстите се вклучија владините мегафони кои до вчера „не ги есапеа Албанците“, „ги множеа со нула“. Затоа јас не влегов во шема на дневната реакција, бидејќи моите дебати и дилеми се секогаш со цел да се разоткријат или постават клучните прашања, односно причинско-последичните врски, а во овој момент се’ е отворено. Да организирав панел со безбедносни експерти или со политичките фактори, тоа ќе беше на ниво на шпекулација, што не одговара на моето професионално педигре. Не сум тип на новинар, кој ќе дозволи да биде инструментализиран во рамките на сценариото за испробување на нова дестабилизација на Македонија, зашто во мојот јазик нема букви за етничка омраза или „профитабилен“национал-патриотизам. Верувам дека е ова сценарио со поширок, регионален контекст, според кое Македонија е експериментален полигон. Се присетив на една мисла од Жак Дерида, современ француски филозоф. Во есејот „Политиката на пријателствата“ тој запишал: „Единствените непријатели се блиските пријатели“. Затоа, кога се случува веќе испробаниот модел на (не)контролирана нестабилност тогаш ми треба здив, па се обидувам да вдишам подлабоко, да видам кој може да издржи повеќе под вода, додека се развиваат состојбите. Не се работи дали ќе бидат откриени сторителите, бидејќи сум убеден дека тоа нема да биде наскоро, а можеби и никогаш. Мене ме интересира симптоматологијата на безбедносните аспекти поврзана со злосторството, што се тест на системот во МВР. Инаку, точно е дека, како и сите, размислував интензивно во последниве денови за крвавиот пир кај Железарското езеро. Но, мислам дека и темата за трансформација и модернизација на македонското општество, по навлегувањето на интернетот и сајбер комуникацијата, е директно поврзана со безбедносната. Ова особено важи за социјалните мрежи, кои стануваат платформа за манипулација со масите и со поединци, а што може да ја внесе земјата во безбедносен ризик. Уличните демонстрации на младите, од пред некој ден, беа организирани токму преку Фејсбук и Твитер. Но зад нив се криеа авторите на нивната инструментализација, а тоа се нивните родители-политичари. Има ли поголем предизвик од тоа да анализираме колку тие нови средства за комуникција придонесуваат да се „збудали“ населението, да се дефокусира неговиот интерес, ако веќе не успеа со „детонацијата“ да се осветли сиот иконостас, како „чудо“ за религиски туризам.

-Социјалните мрежи се релативно нова појава, но и со нивното присуство, дали Ве потсетуваат настаните од последниве седум дена на нешто што веќе сме го виделе?

И да е така, и да одиме во насока на враќање една деценија назад, тогаш грешиме во неколку клучни проценки. Најпрвин македонските граѓани веќе имаат имунолошки код да ги прочитаат „местенките“ за меѓунационален конфликт. Пред се’, не сум убеден оти е ова сценарио кое треба да ги наруши само внатрешните интеретнички односи во земјава. Повеќе верувам дека контекстот на случувањата е обид на тлото на Македонија да се експериментира, а потоа и управува со мини-криза од поголемо регионално значење. Кој го води тоа и дали се работи за поделба на сферите на интерес на одделни големи сили, испреплетени кај нас и низ регионот, ќе видиме. Но, не случајно се зборува дека Скопје станува јазол на најмоќните тајни служби и оти овде нешто се „испробува“, дури и можна прераспределба на нивното влијание во регионот. За жал, ние немаме доволно професионални (контра)разузнавачки и добро обучени кадри во тие безбедносни сегменти, кои ќе може да парираат или да бидат составен дел во играта, во која се разменуваат и купуваат информации. Разузнувачките служби, по правило, соработуваат меѓу себе, а мислам дека нашите немаат што да им понудат на другите за да добиеме за возврат некој битен податок кој нам би ни бил важен, како на пример, расветлување на мотивите и сторителите на убиството кај Смилковци.

-Ако е ова експеримент за нешто од поголеми размери, какви политички импликации може да има?

Одамна е речено дека историјата се повторува. Понекогаш како фарса, но се повторува. Во оваа година се одбележува еден век од Балканските војни, а догодина ќе биде истото и со Букурешкиот договор. Допрва ќе дознаеме дали има во тоа некаква симболика или коинциденција. САД ги дислоцираат своите безбедносни приоритети, на Балканот се враќа една нова, современа верзија на отоманството и исламот, како европски цивилизации. Факт е дека Европа полека го напуштаконцептот на мултикултурализам, кој германската канцеларка го нарече „неуспешен проект“, а францускиот претседател Саркози, во актуелната изборна кампања изнесува сосема спротивни политички тези од добрата европска традиција во последниве 60-тина години, на толеранција и почитување на инакв оста . Европа станува „егоистична дама“, која има во себе традиционален страв од меѓуверски војни, како и од пенетрација на исламот на нејзино тло. Затоа се некои членки на ЕУ толку воздржани од приемот на Турција во Унијата. Од друга страна, Анкара е стартегиски партнер, се издигнува се’ повеќе и станува евидентно дека таму постои стратегија за создавање „турски комонвелт“ , а Македонија е голема и носталгична приказна за османлиството.

-Како го коментирате отсуството на главните македонски политички фактори во деновите по убиството? Премиерот речиси воопшто не се појави, лидерот на опозицијата буквално воопшто, а за Али Ахмети само слушнавме дека се сретнал со американскиот амбасадор.

Ликвидацијата на петмина не е тема за политичко-партиски конфронтации, но секако дека ме загрижува нивното молчење, особено тоталната интровертност на албанскиот фактор, во Македонија. Се огласи со смирувачки тонови само Руфи Османи. Просто неможам да верувам дека старите инсталации на ДУИ(ОВК) немаат увид на теренот. Што се однесува до Ахмети, мислам дека тој и сега тактизира. Итната средба на американскиот амбасадор со него има најмалку две пораки: прво, ДУИ е политичкиот фактор за Американците во меѓуетничките релации, како и во внатревладината колација, и второ: ДУИ ги има своите стари конекции од 2001 година и од таа позиција може многу поефикасно да лоцира дали се работи за етнички мотивирано убиство, од каде дошле и каде заминале сторителите, и кои би можеле да бидат јатаците.

-Не е ли индикативно што премиерот отиде во МВР? Зар не би требало да е обратно и што Ви кажува тоа?

Груевски спаѓа во категоријата, која јас ја нарекувам „подвижни политичари“. Тој сака да биде на секое место на настанот. Инаку, исправна е забелешката за несоодветноста на неговата посета на МВР. Не се сеќавам дека на 11 септември или ден потоа американскиот претседател отиде во ЦИА, или дека шпанскиот и британскиот премиер по терористичките напади на мадриската железничка станица и во лондонското метро, ги посетија своите тајни служби. Ако премиерот оди во седиштето на полицијата, со тоа испраќа порака дека кај него постои дилема дали да го стартува кризниот управувачки менџмент. Пред толку луѓе не се разменуваат најдоверливите податоци.

-Дали постои обид да се инструментализираат одредени емотивни состојби кај луѓето, за што најважна алатка се медиумите. Како ја оценувате нивната работа?

Тука се појавува нешто специфично. Најпрвин - тажно е однесувањето на полицискиот врв. Повторно молчеше најмалку 12 часови, иако во цел свет гласоговорникот, со новинарските екипи мора да биде на местото на настанот, па макар и да рече “no comment” . Новинарите повеќе се ставени во функција на смирување на тензиите, отколку откривање на фактите. Тоа дури и да има логика, со оглед на потенцијалните опасности, не е сржта на новинарската работа. Јас и моите колеги треба да трагаме од каде стигнал свежо префарбаниот „опел“, кој е сопственик на „мерцедесот“ и како е возможно да се појават на улица таблички од одјавено возило, кога при одјавувањето тие мора да се вратат во МВР? Кој ги изнел од таму или кој ги изработил доколку се направени специјално за овој злосторнички чин? Основното прашање на прес-конференциите со министерката Гордана Јанкуловска треба да биде, дали веднаш беа затворени границите и дали се разменети информации со пријателските разузнувачки служби? И конечно, каде се нашите разузнавачи, нашите дипломати, да направат сублимат од случувањата во последните шест месеци во регионот, кои може да доведат до она со кое сега се соочуваме? Се случи договор Белград - Приштина, се наближуваат вонредни избори во Србија и во Грција, кои може да доведат до паѓање на Борис Тадиќ или пробив на радикали кај нашиот јужен сосед. Истовремено, има најави од радикални Косовци дека ќе ја бранат Косовска Митровица, а се појавуваат т.н. нови илегални паравоени формации. Внатре ни се случуваа тензични пораки од одредени лидери во албанскиот блок, кои предупредуваат со конкретни датуми и со месеци дека ова може да ни се случи. Меѓуетнички тензии во автобусите веќе имавме. Јас сум индивидуалец и дома, за два часа, го сублимирав сето ова. А, тоа е работа на луѓето од безбедносните служби. Ги измешавме брзините, наместо информации спинувавме политички пораки. Новинарите имаат право да размислуваат и анализираат, но пред се’ наша задача се фактите. За жал, не влегуваме во суштина на темата, туку се движиме по маргините, а „најлесно“ е да напишеш памфлет и да се истопориш пред камерите со коментар: „бидете спокојни, убиството не е вест, настан е расолзеното јајце“.

-Во кој контекст го сфаќате смирувачкиот тон на некои политички коментатори, од кои сме навикати на сосема поинаков пристап кога се прашање вакви ситуации?

Нивното излагање му дава на случајот и малку бизарна и лицемерна димензија. Навистина е тема за размислување како дојде до тоа тие трабанти на новинарската вистина, кои до пред само некоја недела ги апострофираа Албанците за опасен фактор, сега да ја смируваат јавноста од можни сценарија за дестабилизација. Тоа не е ништо друго, туку нивна координација со сценаристите во МВР, поради (не)способноста, брзо да се откријат сторителите на убиството. Па, ние веќе покажавме неспособност да се координира сет од акции при атентатот врз Глигоров. Зарем не извлековме барем елемнтарен „нон-пејпр“, како да не постапуваме во вакви ситуации?

Целото интервју.

Емисијата Код што оди во моментов има слична тематика и порака. Два македонски новинари што важат за одлично информирани и одлично брифирани излегуваат со слични анализи во краток период.
 
Убијците на петтемина ќе се апсат во неколку балкански држави?
201204281907037.jpg
28.04.12 / 18:59
Поранешниот министер за полиција Павле Трајанов има информации за скорешна акција за апсење на убијците на петтемина жртви егзекутирани близу Скопје, кај тн. Железарско езеро.
- Моите информации говорат дека наскоро ќе биде операцијата за нивно апсење, можеби во две до три балкански држави. Откривањето на извршителите на овој масакр ќе биде јак стабилизирачки фактор и ќе ги надмине дилемите кои стојат зад овој терористички чин, поопасен и со поголеми последици од обидот за атентат на претседателот Киро Глигоров, вели Трајанов во интервју за српски „Вести-Онлајн“.
Претседателот на Демократскиот сојуз, што е дел од владејачката коалиција во Македонија, ова го одговорил на прашањето за истрагата за убиството и шпекулациите дека убијците пребегнале на Косово.



http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=20377
 
Ќе гукне некој бе?Ќе каже до каде е истрагата, до кога бе вака, до кога?Или утре е 1ви мај, се спремаат за правење скара Гоца и пријателите, срамно, жално ....
 
Правда: На границата меѓу Македонија и Косово има вооружени групи на албански доброволци


ПЕТОК, 27 АПРИЛ 2012 17:07

Share
351

lipkovo.gif
ПРИШТИНА - Според официјални информации, кои за "Правда", ги потврдило Министерството за внатрешни работи на Косово, на границата меѓу Македонија и Косово во атарот на селото Липково, се акумулираат униформирани и вооружени групи на албански доброволци.

Во тек е нивно пратење, а Министерството за внатрешни работи на Македонија ги доставило овие информации на своите колеги во Србија. Оваа информација ја добил и КФОР. Преземени се сите мерки за да се спречи нивниот упад на територијата на Косово и движењето кон север, бидејќи вооружените групи се спремаат да се префрлат на територијата на северниот дел на Косово, тврди изворот за "Правда", наведувајќи дека според оперативни податоци, кои стигнале до министерот на косовската полиција Бајрам Реџепи, екстремистите планирале упад на територијата на Прешевската долина.
Признавање како услов

Според извори на „Правда“, замислено е да се дестабилизира ситуацијата во Прешевската долина и во Македонија, и со одвраќање на вниманието да се создаде простор за упад на екстремистите во северниот дел на Косово

- Белград да ја признае независноста на Косово и да воспостави дипломатски односи со нашата земја, а ние ќе им овозможиме непречено одржување на српски национални избори - изјави Атифете Јахјага, претседателка на Косово, на средбата со Питер Фејт, Меѓународниот цивилен посредник за Косово.

Таа предупреди дека косовските институции нема да дозволат организирање на локални избори „без разлика дали некој ќе се обиде да ги организира на територијата на Република Косово.
Текстот е преземен од www.pravda.rs

http://sky.mk/makedonija/20993-Правда-На-границата-меѓу-Македонија-и-Косово-има-вооружени-групи-на-албански-доброволци.html

a затоа е полно скопје со специјалци и полиција на секој чекор ..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom