Колку сум исцрпен кајгано уф
Цел ден не сум се прибрал дома. Од сабајле кај женска ми, после тоа влечење низ Центар, па три саати играње баскет, па вечерва се искинав од шетање...
Од кај мене до Кисела Вода, па до Ескимо да го тејстнам првиот сладолед за годинава, па до парк, па пешанка до дома...
Милион километри изодев денес ми се чини
Тоа е убавината на топлото време
Многу си се осеќам убаво
Највредниот комплимент го добив завчера
Ми рекоа дека кај и да сум одел сум ширел позитивна енергија. Сите се смееле и се развеселувале. Вчера татко ми вика чим успеаа теткицине на шалтер во банка да ги изнасмееш дефинитивно си чудо на природата
Вчера ја извадив протезата бтв...
И таму беше смеење, особено со типката што ме снимаше на рендгенот. Мислам дека солзи и потекоа од смеа.
И имам густа брада и сочен брк во моментов колку да личам бар на средношколец, а не на полуматурант, па конечно не ме шмекаат основки. Сега сум цел на средношколките
Али верен сум јас не се секирај
Одам на заслужен одмор, утре ме чека нов ден за шетање а имам доста планови во главава
После тоа обврските од факс...
Ајсде уште 5 предмети и аривидерчи. До Јуни ќе ги спичкам, најкасно до септември