UEFA Champions League 2011/2012

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.174
Поени од реакции
3.729
Едно прашање : Каде загина онаа традиција менувањето на дресовите по завршувањето на натпреварот ? :D
одамна не сум видел некој да си смени дрес :D
 
Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Едно прашање : Каде загина онаа традиција менувањето на дресовите по завршувањето на натпреварот ? :D
одамна не сум видел некој да си смени дрес :D
Рецесија е другар...:D
 
L

Löwe

Гостин
Кога бродот тоне, глувците први го напуштаат. Така и Гвардиола.
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930

Гвардиола кажа, да освоеле лига и да се пласирале во финале ЛШ, немало да продолжи со Барселона.

Бродот тоне:tapp:
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Кога бродот тоне, глувците први го напуштаат. Така и Гвардиола.
За ова си во право, али од друга страна најпаметен можен потег од Гвардиола. Барселона го достигна својот врв и кога веќе беше таму нормално е и логично после толкава доминација да има огромен пад. Тој пад моментално се случува и допрва уште многу ќе се случува. Паметно од Гвардиола што во историјата ќе остане забележано дека дур бил тој на кормилото на Барса, освојувале се живо и диво, а од кога заминал не. Ова болдираново се однесува на иднината што и немора да значи дека ќе биде така, али гарантирам дека догодина Барселона ќе биде уште послаба од оваа година. Природно е. Не може да се биде нонстоп на врвот. Иначе доколку остане Мурињо во Реал, очекувам од нив наредниве година-две иста доминација како на Барса предходно :)
 
Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.133
Поени од реакции
1.740
Гвардиола кажа, да освоеле лига и да се пласирале во финале ЛШ, немало да продолжи со Барселона.

Бродот тоне:tapp:
Не е многу битно тоа што рекол, 3 изгубени натпревари по ред со што изгуби 2 титули и веднаш се откажува?Немој да ме јебеш бре, 4 години едвај поминаа неможел да издржи, Фергусон 26 сезони се справуваше со вакви ситуации на врвот на европскиот фудбал и ниеднаш не размислувал за откажување од тимот.И уште па кога ќе слушнам споредби на Пеп и Серот...Го почитував како тренер, и навистина постигна огромен успех за овие неколку години, али така лесно да се откажеш од тимот кога ќе ти згусне малце, со оглед што никој од играчи,фанови,управа не сакаше да си замине е за осуда.

Само не сфатив, ќе остане до крај на сезоната или Виланова веднаш го заменува?
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Не е многу битно тоа што рекол, 3 изгубени натпревари по ред со што изгуби 2 титули и веднаш се откажува?Немој да ме јебеш бре, 4 години едвај поминаа неможел да издржи, Фергусон 26 сезони се справуваше со вакви ситуации на врвот на европскиот фудбал и ниеднаш не размислувал за откажување од тимот.И уште па кога ќе слушнам споредби на Пеп и Серот...Го почитував како тренер, и навистина постигна огромен успех за овие неколку години, али така лесно да се откажеш од тимот кога ќе ти згусне малце, со оглед што никој од играчи,фанови,управа не сакаше да си замине е за осуда.

Само не сфатив, ќе остане до крај на сезоната или Виланова веднаш го заменува?
Ете бе, не сака да биде 30 години во еден клуб, сака нов предизвик, мисли дека го достигна врвот со Барселона. Да, ти знаеш дека Фергусон никад не размислувал, да се откаже од тимот. И од кај тоа, дека Пеп се откажува од Барселона? Досега си го почитувал Пеп, ама сега не го почитуваш, само затоа што не сака веќе да биде тренер на Барселона? Смешно. Ќе почнеш пак да го почитуваш, кога ќе го преземе Манчестер :)

Ќе остане до крај.
Малце темава смени насока, но нема врска, кога веќе почна овде да се дискутира нека иде.
Јас во сета оваа ситуација сеуште не разбрав дали Пеп ќе ја заврши сезоната со Барселона, или веднаш си заминува? Има ли некој официјално да пише и потврди со линк од сигурен извор.

Туку, еве еден мој поглед на ситуацијата.
Гвардиола од аспект на него како индивидуалец изигра најпаметно што можеше, ја напушти Барселона како легенда која освои 13 трофеи од 16, и сите фанови и играчи ќе го сметаат за Крал.
Но од аспект на колективот, Пеп испадна многу себичен, први првиот неуспех тој реши да замине исите да ги остави на цедило, ја остава Барселона први губење на две титули, иако за уште една има шанса.
За мене ова е потег на човек кој не заслужува да биде легенда, да беше тој така немаше да замине како попарен, туку ќе останеше уште една сезона и ќе се бори да се реваншира и да освои пак доколку може.

Сега ќе следува интересно лето, за мене лично доколку Гвардиола дојде во Челзи на местото на Ди Матео, јас се откажувам од Челзи се додека Абрамович е газда. Ди Матео за мене после Мурињо е најдобриот тренер во фудбал, покажа огромна фудбалска интелигенција и умешност на дуели во кои треба да се покаже огромно знаење и искуство, му симнувам капа. Успеа од Челзи да направи тим кој ќе се бори во две финалиња и сеуште да биде во трка за пласман во ЛШ, и тоа со тим кој е многу слаб и неквалитетен со исклучок на поединци, едноставо воскресна мртов тим. Баш поради ова заслужува да добие договор на една година и да покаже што знае и следната сезона, но доколку не добие ќе биде вистинска штета и срамота за Челзи како фубалски клуб, и Абрамович како газда.

За наследник на Гвардиола сум сигурен дека ќе биде Виљаш Боаш, само ќе се чека крај на сезона за официјлизирање на ова. Онаа утакмица на Барселона Б на која беше Боаш не беше случајност, mark my words. Плус овај е идеален за Барселона, и он форсира нати го - дај ми го стил на фудбал.
Друго, ако Гвардиола отиде во Челзи или Интер ќе се посрамоти толку многу што ќе посака да се повлече од фудбалот со карактерот кој го покажа со отказов, ќе се избламира многу. Но баш ме интересира како ќе се покаже во било кој клуб без неговите Бускец, Чави, Иниеста и Меси.

Кои глупости напиша, ни сам не си свесен.
На цедило ја оставил Барселона, па не е сред сезона. Пеп освои доволно и не треба на никој да му докажува ништо. Ди Матео најдобар тренер после Мурињо:pos:nuff said.

И јасно е кој е наследникот на Гвардиола, Тито Виланова.

Доста веќе со глупи предвидувања, ќе се посрамоти, ако отиде во некој друг тим, исто како Меси што ќе се посрамоти, ако отиде во некоја друга лига.
И каков отказ?

Сега гледам, дека не требаше да те цитирам :)
 
H

HoT IcE

Гостин
Малце темава смени насока, но нема врска, кога веќе почна овде да се дискутира нека иде.
Јас во сета оваа ситуација сеуште не разбрав дали Пеп ќе ја заврши сезоната со Барселона, или веднаш си заминува? Има ли некој официјално да пише и потврди со линк од сигурен извор.

Туку, еве еден мој поглед на ситуацијата.
Гвардиола од аспект на него како индивидуалец изигра најпаметно што можеше, ја напушти Барселона како легенда која освои 13 трофеи од 16, и сите фанови и играчи ќе го сметаат за Крал.
Но од аспект на колективот, Пеп испадна многу себичен, први првиот неуспех тој реши да замине исите да ги остави на цедило, ја остава Барселона први губење на две титули, иако за уште една има шанса.
За мене ова е потег на човек кој не заслужува да биде легенда, да беше тој така немаше да замине како попарен, туку ќе останеше уште една сезона и ќе се бори да се реваншира и да освои пак доколку може.

Сега ќе следува интересно лето, за мене лично доколку Гвардиола дојде во Челзи на местото на Ди Матео, јас се откажувам од Челзи се додека Абрамович е газда. Ди Матео за мене после Мурињо е најдобриот тренер во фудбал, покажа огромна фудбалска интелигенција и умешност на дуели во кои треба да се покаже огромно знаење и искуство, му симнувам капа. Успеа од Челзи да направи тим кој ќе се бори во две финалиња и сеуште да биде во трка за пласман во ЛШ, и тоа со тим кој е многу слаб и неквалитетен со исклучок на поединци, едноставо воскресна мртов тим. Баш поради ова заслужува да добие договор на една година и да покаже што знае и следната сезона, но доколку не добие ќе биде вистинска штета и срамота за Челзи како фубалски клуб, и Абрамович како газда.

За наследник на Гвардиола сум сигурен дека ќе биде Виљаш Боаш, само ќе се чека крај на сезона за официјлизирање на ова. Онаа утакмица на Барселона Б на која беше Боаш не беше случајност, mark my words. Плус овај е идеален за Барселона, и он форсира нати го - дај ми го стил на фудбал.
Друго, ако Гвардиола отиде во Челзи или Интер ќе се посрамоти толку многу што ќе посака да се повлече од фудбалот со карактерот кој го покажа со отказов, ќе се избламира многу. Но баш ме интересира како ќе се покаже во било кој клуб без неговите Бускец, Чави, Иниеста и Меси.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom