Факт е дека активистите што живеат во поразвиени земји се повеќе пасивни од другите, но не и задоволни со системот.
Мешаш родителски и (најчесто) добронамерен авторитет со овој другиов.
Детето се учи на авторитет од најмали нозе, и во оној момент кога ќе остане само ќе има проблем. Односно, ако ,,преку ноќ,, се ослободи од сите авторитети.
Ова е мојот последен пост на темава, затоа што анархистите не се волни да објаснуваат на ,,народен јазик,, па во прилог ќе го цитирам Фројд:
Most people do not really want freedom, because freedom involves responsibility, and most people are frightened of responsibility.
Одговорноста да го почитуваш другиот еднакво колку себе, и неговите избори да ги почитуваш еднакво колку своите, е најголемата утопија за човекот. Од проста причина, што луѓето се егоистични, и секогаш себеси се ставаат во прв план и своето мислење го ставаат во прв план. На тоа не се имуни ни анархистите, ни капиталистите, ни племенските поглавари во индијанските племиња.
--- надополнето: 27 април 2012 во 02:45 ---
Значи јас пробав од политички, психолошки, социјален, економски и не знам уште каков аспект да ти укажам дека не е единствено можен општествен систем овој во кој живееме овде. Со секоја книга од секој релевантен автор, од Рајх до Орвел, каде ја има секоја теорија што некогаш сум ја прочитала, а доста се интересирам за темава, може примети. За ти упорно да ми тврдиш со една реченица, проста реченица со еден глагол, врвен аргумент, со човек со основно образование да правев муабет истата ќе ми ја кажеше, дека ти треба да заработуваш повеќе од некој што според тебе работи помалку.
Се откажувам, официално.
1. Не е, се согласувам.
2. Приметив, јас се интересирам никогаш повторно да не се случи нешто налик на социјализмот кој постоел тука, и кој сеуште постои во некои земји.
3. Како што кажав, чистата философија нема да донесе напредок. Потребно е прилагодување на природата на човекот. А човекот во својата природа не е добар. Туку се воспитува да биде.
Анархистичкото општество - според тоа што го изнесовте како аргументи, можно е само ако во огромна мера човекот биде заменет со робот. Овој денешен човек, не постои шанса да живее во таков систем, како што се докажа во минатиот век, кога се направија обиди за ,,еднаквост,,.
И јас се откажувам, бидејќи тоа што го нудите како аргумент е чиста философија без никаков доказ, а се однесувате како да сте откриле колку се 2 и 2.
Поздрав.