Кавгата за Ерменското прашање се шири и во САД?

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
http://www.hurriyetdailynews.com/turkey-slams-obama-and-french-leaders-on-armenian-killings.aspx?PageID=238&NID=19287&NewsCatID=338
Turkey expressed “deep regret” over United States President Barrack Obama’s April 24 statement on the Armenian massacres, saying that it was “extremely problematic and distorting historical facts.”
Турција реагира на изјавата на Обама, по повод комеморацијата на 97 годишнината од геноцидот на Ерменците во Турција, на која што присуствувал. По се изгледа дека Ерменското прашање добива се поголема димензија. Поготово последните години откако Турција се одалечува од западот. Несомнено е дека ова се јасни сигнали дека Ердоган ја носи државата во многу опасна ситуација на неколку фронтови истовремено.
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
hahahah koj sto pravi pravi,jamajka se zanimava samo so Turcija.:pos:
I sto e najvazno sve so manipulacii i dezinformacii od ovoj pz jamajka, kako prvo ermencite zavcera go prosetriaa Obama,zatoa sto covekot ne rece deka imalo genocid..
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Демократско право на сите е да отвараат теми, доколку се коректно поставени и дискусијата се развива во добра насока.

Не е наше да ја оценуваме мотивацијата или субјективноста на авторите на темите, бидејќи сите имате отворена шанса да го искажете своето мислење и затоа моја препорака е да се осврнете на темата без прозивање на авторот или офтопик дискутирање.

Доколку видиме потреба ние ќе реагираме соодветно, па затоа вие одлучете што е во ваша полза.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Ерменското прашање САД можат да го искористат во секој момент доколку Турција “завлече“ уште малку на страна. Уште малку на страна мислам кон радикалниот ислам, за којшто Ердоган се залага. Ерменците имаат многу силно лоби во САД, но САД од очигледни причини не сака да повлече чекор (читај анти ракетен штит во Турција).
Дури мислам дека и самиот Обама го има наречено геноцид врз Ерменците пред да стане претседател, што значи дека е јасна неговата определба во однос на ова прашање.
 
Тешко дека Ерменското прашање може да биде повеќе или помалку притисок на Турција во денешни услови. Затоа и се чудам зошто модерна Турција не го признае геноцидот. Можеби заради причина што би ги барале имотите назад. Но да не навлагаме во тие детали.

Ерменското прашање се користи за испраќање сигнали. Сведоци бевме на судењето на генералот за воен пуч, кој реално беше диригиран од САД (Грција е сеуште далеку да ја осуди хунтата), сведоци сме на апсења на про-западни генерали во последните 4 години. Сведоци сме на отворени кавги со Израел и Франција. Позади кулисите сме сведоци на матни игри на Ердоган во врска со Сирија подршка на Хамас и како што се очекува од најновите документи Ал Каеда... Најмекото предупредување на Турците е преку Ерменското прашање, кое може да покрене и друга низа прашања во врска со денешните човекови права во Турција, а со тоа и познатото инсталирање на демократија(маркетинг се разбира). Тоа де факто се случува во соседството на Турција, но со таа разлика, што Турција не е интересна земја со ресурси за да се држи во отворен конфликт. Според мене, доколку Ердоан продолжи со ова темпо, не и бега распад и поделба на Турција на помали делови кои полесно се контролираат.

Тоа само по себе не значи дека ракетниот штит нема да опстои на територија на денешна Турција, потребата на Турција како компактна единка во подршката на запад, е се додека има големо мнозинство што го подржуваат западот. Исламизмот на Ердоан буди анти-западни чувства кај народот, а што ќе им е на САД и НАТО таков партнер, на кој војската му е анти-западно ориентирана.
--- надополнето: 26 април 2012 во 20:57 ---
Морам да го спомнам и давањето на Воена помош од 400 М1А1 Абрамс тенкови на Грција, кои сериозно го нарушуваат балансот во регионот.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Т Затоа и се чудам зошто модерна Турција не го признае геноцидот. Можеби заради причина што би ги барале имотите назад.
Лично познавам значителен број на Ерменци коишто водат потекло од денешната територија на Турција, и сите до еден ја чуваат целокупната документација за имотите што ги поседувале пред да бидат протерани нивните претци. Сите без исклучок си ги сакаат имотите назад, што секако не е мала работа, и секако е една од причините зошто Турција не го признава геноцидот, плус тоа што би следувале огромен број на тужби и барање на оштета за геноцидот.

Турција моментално кокетира премногу, и не би ме зачудило доколку добијат некоја “шлаканица“ во скоро време. ПКК би биле инструмент за таа “шлаканица“ според мое мислење, за што сведочат и неколкуте бомбашки напади во Истанбул во последниве неколку месеци.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Лично познавам значителен број на Ерменци коишто водат потекло од денешната територија на Турција, и сите до еден ја чуваат целокупната документација за имотите што ги поседувале пред да бидат протерани нивните претци. Сите без исклучок си ги сакаат имотите назад, што секако не е мала работа, и секако е една од причините зошто Турција не го признава геноцидот, плус тоа што би следувале огромен број на тужби и барање на оштета за геноцидот.
Има доста и што ги продале имотите набрзинка речиси за безпари, но повеќето имоти се веќе „изгубени“, со самото тоа што цели фамилии се ликвидирани. Мислам дека не се толку спорни имотите на тие што преостанале, туку доколку се признае геноцидот, ќе се отвори прашањето за имотите на тие што неможат да го побараат назад (ликвидираните). Таков пример имаат Евреите во Грција, но дел и кај нас. Еврејскиот културен центар во Еврејско маало беше на некој оштета за изгубените имоти на депортираните и морам да признам многу паметен потег на Македонија. (колку за споредба)

Турција моментално кокетира премногу, и не би ме зачудило доколку добијат некоја “шлаканица“ во скоро време. ПКК би биле инструмент за таа “шлаканица“ според мое мислење, за што сведочат и неколкуте бомбашки напади во Истанбул во последниве неколку месеци.
Искрено да ти кажам, како поминува времето се помалце мислам дека ПКК е вмешано во овие напади на цивили. Ако е вистина дека Израел почнал со амин на САД да ги подржува ПКК во Турција со софистицирана техника (се очекуваат документи кои треба да го потврдат тоа), тешко дека ПКК ќе целат на цивилни цели, туку се повеќе ќе имаат воени цели. Ме интересира, дали имаш инфо дали некој превземал одговорност за овие напади?
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Тешко дека Ерменското прашање може да биде повеќе или помалку притисок на Турција во денешни услови. Затоа и се чудам зошто модерна Турција не го признае геноцидот. Можеби заради причина што би ги барале имотите назад. Но да не навлагаме во тие детали.

Ерменското прашање се користи за испраќање сигнали. Сведоци бевме на судењето на генералот за воен пуч, кој реално беше диригиран од САД (Грција е сеуште далеку да ја осуди хунтата), сведоци сме на апсења на про-западни генерали во последните 4 години. Сведоци сме на отворени кавги со Израел и Франција. Позади кулисите сме сведоци на матни игри на Ердоган во врска со Сирија подршка на Хамас и како што се очекува од најновите документи Ал Каеда... Најмекото предупредување на Турците е преку Ерменското прашање, кое може да покрене и друга низа прашања во врска со денешните човекови права во Турција, а со тоа и познатото инсталирање на демократија(маркетинг се разбира). Тоа де факто се случува во соседството на Турција, но со таа разлика, што Турција не е интересна земја со ресурси за да се држи во отворен конфликт. Според мене, доколку Ердоан продолжи со ова темпо, не и бега распад и поделба на Турција на помали делови кои полесно се контролираат.

Тоа само по себе не значи дека ракетниот штит нема да опстои на територија на денешна Турција, потребата на Турција како компактна единка во подршката на запад, е се додека има големо мнозинство што го подржуваат западот. Исламизмот на Ердоан буди анти-западни чувства кај народот, а што ќе им е на САД и НАТО таков партнер, на кој војската му е анти-западно ориентирана.
--- надополнето: 26 април 2012 во 20:57 ---
Морам да го спомнам и давањето на Воена помош од 400 М1А1 Абрамс тенкови на Грција, кои сериозно го нарушуваат балансот во регионот.
Mnogu interesno video klipce tamam za tebe

Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Искрено да ти кажам, како поминува времето се помалце мислам дека ПКК е вмешано во овие напади на цивили. Ако е вистина дека Израел почнал со амин на САД да ги подржува ПКК во Турција со софистицирана техника (се очекуваат документи кои треба да го потврдат тоа), тешко дека ПКК ќе целат на цивилни цели, туку се повеќе ќе имаат воени цели. Ме интересира, дали имаш инфо дали некој превземал одговорност за овие напади?
Мислам дека официјално никој ја нема превземено одговорноста, но би можела да се потврди твојата теза имајќи во предвид дека една бомба на почетокот на овој месец, за цел имаше полицајци, при што беа убиени (или повредени, не сум сигурен) некаде околу 15-16 полицајци.
Во даденава ситуација исто така не смее да се исклучи и можноста дека и Сирија можеби ги помага ПКК, имајќи ја во предвид моменталната состојба помеѓу Турција и Сирија.
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Демократско право на сите е да отвараат теми, доколку се е коректно поставени и дискусијата се развива во добра насока.

Не е наше да ја оценуваме мотивацијата или субјективноста на авторите на темите, бидејќи сите имате отворена шанса да го искажете своето мислење и затоа моја препорака е да се осврнете на темата без прозивање на авторот или офтопик дискутирање.

Доколку видиме потреба ние ќе реагираме соодветно, па затоа вие одлучете што е во ваша полза.
jamajka+Kresarian=Human(y)
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Колку и да лаат западните кучиња, колку и да се бунат, Турција не може никој да ја сопре. Таа веќе стана светска сила.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Мислам дека официјално никој ја нема превземено одговорноста, но би можела да се потврди твојата теза имајќи во предвид дека една бомба на почетокот на овој месец, за цел имаше полицајци, при што беа убиени (или повредени, не сум сигурен) некаде околу 15-16 полицајци.
Во даденава ситуација исто така не смее да се исклучи и можноста дека и Сирија можеби ги помага ПКК, имајќи ја во предвид моменталната состојба помеѓу Турција и Сирија.
Сириja винаги е била силен подржувач на ПКК. Во последната децениja отлаби поради подобруване на односите со Турциja, но наназад во времето - таа беше доста активна во нивното финансиране, нивната логистика и така натаму...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.452
Поени од реакции
5.143
Колку и да лаат западните кучиња, колку и да се бунат, Турција не може никој да ја сопре. Таа веќе стана светска сила.
Да, кај да е, ќе лансира и човек на Месечината.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Да, кај да е, ќе лансира и човек на Месечината.
Мислам дека ако одговораме на провокациите, ќе ја затворат темава.. па би те замолил и тебе и сите да не паѓаме на вакви провокации.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom