Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
B

Bonux

Гостин
Да, ама после стотиот јубилеј на такви саркастично субмисивни постови, разумен човек кој сака да придонесе во освестување на "рајата", сам ќе увиди дека ја претерал и ќе замени квантитет со...
Ете, јас неможам да се натерам себеси да напишам "квантитет со квалитет" оти премногу често е повторуванo тоа во различен контекст, па колку и да е релевантно и подобно во структурата и смислата на реченицата, од претерана употреба станало одбивно. Затоа, наместо "квалитет" ќе напишам "квасец".
Муабетот ми е дека и во вакви моменти, потребно е да се стави повеќе квасец во постовите.
Знаеш зошто? За да не личат на последни изливи на гнев пред конечно прифаќање на пораз. За вакви прашања, на вакви теми, ниту сакам да гледам како луѓе посегнуваат по сарказмот, за преку апелот до свеста на македончето, да се иссмеваат и себеси, како дел од еден народ...ниту пак прифаќам пораз.
Therefore, "articulate" thy anger, dear friend. ;)
брат дај кажи решение за ситуацијава,сигурно имаш нешто во ракав на лагер...просветли не :sneaky:
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.563
Поени од реакции
5.138
Тоа им е првото „сакате војна а?„ второто им е „нема докази„
А исто опција им е, евентуално ако се дознае да НЕ МОЖЕ ДА СЕ СКРИЕ (како со тепачките , на пример).. „сигурно ЦИА е позади ова, ова не се нашите браќа, не, не, не се тие, ЦИА е.. И МАСОНИТЕ.„
И последната одбрана „абе не се криви тие, изманипулирани се„ ...значи веднаш простување, никако да се осудат, никако да се казнат.
Во СЕКОЈ МОЖЕН СЛУЧАЈ, се невини и не смеат да се осудат, ниту да се казнат.
Ама ако запееш Македонска песна на натпревар, има цел свет да знае и осуда ќе дојде од сите живи на светов..


Подобро ги бранат отколку што самите се бранат, знаеш ли која иронија е тоа..
Како бе овде живееме, што не е во ред со државава и луѓево, треба некој да испитува, сериозно.. да не го рашириме во светот, да ги заразиме и другите.. ова не е нормално

Ако Клетите Албанци е макеоднска песна, тогаш нешто не е во ред...
Вие го браневте полицаецот на Гостивар, нема да најдеш албанец кој ќе ги брани убијците евентуално ако се албанци, сите го осудија овој настан....
Ако ти сакаш да веруваш дека убијците се албанци, дека све лошо што се случува со Макеоднија и светот се криви албанците, тогаш ја почитувам твојата болест, продолжи....
Албанците во македонија беа/се осудени и кога се невини, без докази паушално само да има кој да ја презема одговорноста, да признае секогаш силум......
Ќе повторам по 1000000 пати, не ни требаат криминалци, тие треба да се затворат без разлика што се, јас како албанец и било кој албанец нема да се чувствувам подобро ако власта не ги затвара албанските криминалци, туку ќе се чувствувам дискриминиран........
Со држава нешто не е воред, но за тоа не се криви албанците, туку макеоднските олигарси кои со помошта на властите ја крадеа државата изминатите 20 год.....таму барај ја вината а не ако едно училиште ќе се преименува.........нема твојот живот да се влоши за тоа........
Верувајте, нешто не е во ред колективно кај македонците, цело време некако мислат дека треба да им се даде на албанците но не премногу....
Не си мој владетел, не е ова твое кралство, не се споредувај со Франција или Германија, поминавремето кога можеш да ми оспориш нешто само затоа што сум албанец.........
Не гледај многу телевизија или интернет, запознај што повеќе албанци, крши ги стереотипите......
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.967
Поени од реакции
83.301
Вие го браневте полицаецот на Гостивар, нема да најдеш албанец кој ќе ги брани убијците евентуално ако се албанци, сите го осудија овој настан....
.
Изедначувањето на двата случаи е сосема доволен патоказ, поставен од твоја страна.


И јас и ти знаеме дека убијците се Албанци (двајца од Косово, двајца од Синѓелич). Другото е мачкање очи.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Изедначувањето на двата случаи е сосема доволен патоказ, поставен од твоја страна.
Сега сме во фаза на изедначување, но чекај, ќе дојде фазата кога убиството во Гостивар ќе биде геноцид, а ова во Смиљковци херојски чин.
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
736
Поени од реакции
704
Многу им трошат крајслерите, нека ги направат на плин
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.563
Поени од реакции
5.138
Изедначувањето на двата случаи е сосема доволен патоказ, поставен од твоја страна.


И јас и ти знаеме дека убијците се Албанци (двајца од Косово, двајца од Синѓелич). Другото е мачкање очи.

Не ги изедначувам, но ако не се рамни тоа не ти дава право да го браниш полицаецот институционално....
Ќе ми биде мило што поскоро да се пронајдат, и да се казнат....било што да се.....
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Не ги изедначувам, но ако не се рамни тоа не ти дава право да го браниш полицаецот институционално....
Ќе ми биде мило што поскоро да се пронајдат, и да се казнат....било што да се.....
А тие граѓани што рандом јадеа ќотек само затоа што се Македонци беа анкетирани дали го подржуваат убиството во Гостивар? Можда и на децата им дале анкетни ливчиња пред да ги егзекутираат?
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.563
Поени од реакции
5.138
Сега сме во фаза на изедначување, но чекај, ќе дојде фазата кога убиството во Гостивар ќе биде геноцид, а ова во Смиљковци херојски чин.

Смешен си, интензивно сакаш да се покажеш глуп (извини ако си постар од мене).....
 
L

.Lost Angel.

Гостин
:facepalm: Божеее уште што нема да слушнам кој резииииил ццц :facepalm:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Овие мои 3-4 изливи на сарказам се ништо во споредба со постовите кои ми беа упатени мене лично (да не зборам вкупно колку имаше), со обвинување дека сакам војна. Не сакав да додадам квалитет на тие постови, туку едноставно го копирав истото што беше упатено до мене. И баш ми е мило што ете правилно си го сватил, како досадно повторување на една иста фраза, без разлика што имал соговорникот да каже претходно.
Затоа и ти реплицирам тебе. За да можам да барам артикулираност, треба однапред да знам дека тој кој го цитирам ја има таа способност. Тоа не значи дека не ги следам и твоите "опоненти", туку значи дека ги сметам за ирелевантни и некапацитетни, па очекувам од нив да спамираат. Oд тебе не. Најмалку со мантрата дека "момчињата требало да бидат благодарни оти го почувствувале благословот на Аллах, а тој чичкото немал никакво право да бега и да им отвара работа на Неговите Апостоли".

Дечко, кога стававме ние квасец тука, пола ги банираа, пола им ги бришеа постовите, затоа што беа реални.
Ти ги следиш ли темиве?
Ги следам. И знам во која насока се движеше темата(особено таа за убиството на децата). Се претвори во карамбол на секакви глупости, па се случи да летнат и постови кои повлекуваа пресметки и навреди со себе, а и да бидат банирани членови кои не заслужиле бан од тема.
Сакаш да ми кажеш дека ваквата реакција е наменска? Резултат на гнев кон администрацијата на форумов? Ништо полза од тоа, само ќе ја заклучат темата.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Затоа и ти реплицирам тебе. За да можам да барам артикулираност, треба однапред да знам дека тој кој го цитирам ја има таа способност. Тоа не значи дека не ги следам и твоите "опоненти", туку значи дека ги сметам за ирелевантни и некапацитетни, па очекувам од нив да спамираат. Oд тебе не. Најмалку со мантрата дека "момчињата требало да бидат благодарни оти го почувствувале благословот на Аллах, а тој чичкото немал никакво право да бега и да им отвара работа на Неговите Апостоли".
ОК, можда си во право. Да не претерувам понатака. Показното заврши, се надевам дека тие што имаат моќ ќе сватат што сакам да кажам.
 
М

Мартин`

Гостин
Во Велес исто како да нема полиција, исто кажуваат вработени во МВР дека немале пари за гориво и кога ќе имаат нешто ги пуштаат 5-6 пати во месецов по 2-3 километри да извртат и толку нема за повеќе. А да се случува и овие што немаат возачки, осигурување (со скутери највеќе) воопшто и да застануваат на полиција да не ги казни.. знаат дека нема да им се пушти.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom